Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо посебно, на брзинка но сепак вкусно, и мал експеримент.

Салата - варен компир, кромид и оцет.

Кајгана нормална, со малце кашкавал и "експериментот" малце кари во прав (мене ми беше вкусно).

upload_2016-10-24_13-23-57.png
 
Од вчерашното ѓезме, тавче гравче за 11 луѓе.

Мерак на душа!
CvoRKmzWIAA3AR6.jpg
 
Лазања со болоњезе сос на мој начин

Потребно е:
500 гр листови лазања (несварени)
300 гр мелено месо
100 гр свежи печурки
1 главица кромид
1 конзерва пелат
3 лажици црвено вино

1 мало пакување неутрална хопла
пармезан
200 гр рендан кашкавал

бибер, сол, вегета, оригано

Подготовка:
Главицата кромид ситно исечкајте ја и пржете ја на масло. Додајте ги печурките на ливчиња и меленото месо. Динстајте на среден оган 20мин, месото убаво да се испржи. Додајте бибер, сол, вегета, оригано. Мешајте и додајте ги пелатите (долгнавестите доматчиња од конзервата) насечкани на коцкички. Потоа додајте три лажици црвено вино и намалете го оганот и уште 10 минути динстајте. Потоа исклучете го шпоретот и оставете ја смесата со покриен капак.
Настрана во длабок сад, истурете ја хоплата, додајте лажица пармезан, сол и убаво промешајте. Ако е многу густа, слободно додајте неколку лажици вода.
Во долгнавест огноотпорен сад, истурете на дното од конзервата доматен сок и наредете го првиот ред лазања. Посипете со хопла и дел од зајрето. Повторете ја постапката додека останете со најгорниот дел листови лазања. Полијте ги обилно со хоплата и ставете ги да се печат на 200 степени 30 минути. Кога ќе фатат коричка, извадете ги од рерна, врз нив посипете го ренданиот кашкавал и вратете ги во рерна. Исклучете ја - од топлината ќе се растопи кашкавалот и ќе го направи јадењето божествено.

Слика:14937361_10154649623398516_4642351605336186425_n.jpg
 
Последно уредено:

Слика:Прегледај го приврзокот 159985
Не е добар рецептов !
 
Pishi podobar ako znaes.Ne kritikuvaj bez argumenti...
Ке пишам,само да седнам на компјутер![DOUBLEPOST=1479238230][/DOUBLEPOST]Потребно

-0.600 мелено месо (најубаво 0.300 телешко + 0.300 свинско )
-0.200 кромид ситно сецкан
-0.150 морков ситни коцки 0.030см
-0.20 лук
-0.650 пелати блендирани
-0.080 доматно пире
-0.100 вино розе
-0.300 кашкавал
-0.080 путер
- рузмарин
- ситно сецкан босилок

најпрвин го пржиме морковот на силен оган,го додадаваме кромидот и намалуваме температура.Коа ке се издинста кромидот до додаваме меленото месо,и се заедно прѓжиме околу 10 минути.Го додаваме виното,и динстаме околу 3-4 минути,потоа сол и бибер,па доматно пире,динстаме 2 минути и на крај го дадаваме блендираните пелатии ветката рузмарин.+ 0,200 ладна вода и сето ттоа да си се динста додека течнота не испари.околу 40 минути.го симнуваме од оган,додаваме ситносецканиот лук и путерот.Мешаме додека не се стопи путерот.на крај додаваме босилокот!

Сос бешамел

- 0.120 брашно
- 0.120 путер
- 0.60 зејтин
- 1 литар млеко
- сол 0.010
- црн бибер,морско оревче 0.005
- ловоров лист 2

ставаме млекото да се вари. В натре додаваме сол,бибер и морско оревче,ловоров лист.Млекото кога ке зоврие,броиме до 3 и тргаме на страна да се лади.Прецедуваме.
На зејтинот го пржиме путерот.Додаваме брашното и пржиме се додека не добие окер-жолтеникава боја.Го додаваме претходно свареното млеко.вариме до згуснување.Тргаме на страна да се олади.
Палите цигара!
Послем цигарата блендираме бешамелот со блендер и пристапуваме со редење.
На дното од огнеотпорен сад ставаме по целата површина од бешамелот па кори за лазања,па месо,па кашкавал рендан па две 3 лаѓици бешамел,Редиме така во три слоја и завршуваме со бешамел и и рендан кашкавал,Печеме 40 минути на 160 степени.Најубаво при печењето да ставите и едно лонче со вода у релната,

Ова ви е рецепт за лазања што се готви во еден од најдобрите хотели во светот !

Пријатен Апетит

се извинувам за интерпукциски и печатни грешки!
 
Последно уредено:
А зошто не би бил добар? Освен ако го немаш пробано и имаш добиено труење од него, тогаш нема ниедна добра причина зошто не би бил добар. Логично.
И вели, "на мој начин" - така сака, така умее, така и е убаво, апсолутно е небитно кој што ќе рече..
 
:P
IMG_0001.jpg
 
Како можете да ширете негативна енергија за лазањи? :D Не сме на натпревар во профи ресторант и дома никој не мери со 0000,00005 грама, оставете ги луѓето да бидат среќни во храната и советувајте без да деградирате.

Јас во моментов ... спремам праз со свинско за ручек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom