Што го прави човекот човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Човекот,човек,според мене најмалку го прават облеката и парите,токму тие го прават човекот чудовиште. Човекот,човек го прават разумот кој му дозволува да ги сака тие околу него и да ја има љубовта преку која ќе се здобие со пријателства,ќе биде ценет,а воедно и тој ќе ги цени другите. Преку чувствата за љубов,ќе види дека самиот тој не е создаден само да си ги исполнува своите желби,туку и да мисли малку на луѓето околу него. Човекот,човек го прави неговите срце и душа кои му дозволуваат да се најде помеѓу сите нас,и да го живее животот кој тој самиот треба да го управува,и да го води,за да успее да го заврши неговиот живот среќно,со сите оние кои ги ценел и не ги изневерил. :helou:
 
Човекот го прави човек тоа што ми се дешава сега, слушам музика и забегувам, мислам и чуствувам.
 
Човекот се разликува од животните по две работи:
  1. Јадеме со прибор
  2. Ги контролираме сексуалните нагони
 
Spored mene ona shto go pravi chovekot chovek e dobrinata, iskrenosta, humanosta.
 
Само името човек... најверојатно.
 
Човекот го праи човек способноста да направи една иста грешка 100пати,и пак да тврди дека научил нешто.
 
Воспитувањето(кое не го имаат сите),разум,љубов,чувствата,идиотизмот кој го има во себе глупавоста која ја поседуваат некои и сите останати добри и лоши особини но далеку од тоа дека материјалното(парите) и облеката го прават човекот
 
Sto go pravi covekot, covek? Pa vaka: najprvo bi go stavil razumot.Posle prostuvanjeto(najcovecki e da se porsti). Pa tolerancijata,ljubovta....
 
Неговите добри особини, позитивните чувства кон блиските, неговиот разум и така натаму...
 
Да мисли, да зборува за своите мисли, да чувстува, да сака, да мрази, да тагува, да се радува, да се смее, да плаче, да греши... :)

Ако не греши, не е човек, ако не плаче е бездушник, ако не се радува е камен...
 
Што го прави човекот човек? Па многу јасно дека тука не станува збор за материјални работи, туку напротив, неговото однесување кое е карактеристично и го издвојува од останатиот свет, образованието, односно неговото однесување, свеста која ја поседува, како и особините кои се дел од него. Парите и облеката се само за надворесен изглед кои во ниеден момент не го прават човек. Кој мисли така е во заблуда.
 
Карактерот-она што го носи во душата,длабоко во срцето,однесувањето,...никако материјалното!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom