За ова деликатно прашање расправале многу звучни имиња како што се браќата Маркс и Енгелс , темелникот на човечката психологија Зигмунд Фројд итн. Сепак, она што го човекот го прави човек се неговите искуства,неговиот разум,неговиот поминат пат дури и неговите сексуални искуства. Човекот како прво го делиме од животните заради способноста разумно да размислува и да комуницира на отворен и разбирлив јазик, така ја добива ознаката „Човек“ во поделбата на се она што е живо. Но, сепак на моменти многу особини и се враќаат кон примитивноста и кои можат да им се припишат на животните - како што се ултимативните нагони за хранење,за секс, поривите за задоволување на некои потреби кои човечкиот искомплексиран ум ги смета за круцијални за опстанок. Понатаму,човекот станува човек кога ќе успее да ги разграничи овие неколку работи кои го враќаат во примитивизмот;Зошто - Бидејќи кога растеме нашите пориви сакаме да ни бидат инстанто задоволени, јадење,физиолошки потреби итн, но понатаму во понапредните стадиуми доаѓаме до точки каде што веќе почнуваме да стануваме свесни за околината и за нас и психо-материјалната состојба. Оној е човек кој може да си ги покори своите пориви и да успее да истрае под нивните налети. Не е човек оној кој цел живот од родителите е учен да биде добар,да учи , да биде мирен и ред други работи. Тоа со сигурност тврдам дека не е човек - Заради тоа што тој станува продолжение на неговите родители или едноставно станува продукт на нивната имагинација или сон за совршен потомок. Човек е оној кој ќе успее да го осознае светот околу себе со минимална помош од неговите родители.Сепак нормално е родителите да се грижат за своето чедо, но нивната улога во оваа доба е да внимаваат да не застрани нивното чедо,а познато е дека тоа е многу можно.
Нека биде ова како заклучок.
Човекот станува човек кога ќе се сврти назад и ќе го погледне патот кој го поминал и ќе забележи многу насмеани лица на кои им помогнал ,а не црнила кои треба да отидат во заборав. Човек е оној човек кој се осознал себеси и се прифатил како таков или се променил по воља на неговата свест или разум.
п.с Малку претерав.. али ме заинтригира прашањето ако го прочитавте .. секоја чест..