Што е тоа што човек го прави различен од другите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Mozokot , Intelektot ( no ne kaj sekoj covek ) :)
 
Лејди Сатори напиша:
Интелектот.
Карактерот.
Изгледот.
Перцепцијата.
Животот.
Смртта.
Смртта? :raz:
Повеќе или помалку, без оглед на тоа како ќе умреме, сите завршуваме со една иста работа- престанување на животните функции.:) Буквално секој човек.
Па како тоа го прави човек различен од некој друг?
 
Зошто сум јас "јас"?

Секој човек се разликува од другите по неговиот карактер,неговите желби,амбиции итн.
Што е тоа што Вас ве прави различни од другите?

*Кој сте Вие?
*Што сакате и кои се вашите цели?
*Кои се вашите предности и мани?
*Со што сакате да се бавите?
*...
 
Кој сум: The Smasher :)
Што сакам/цел: Подобра иднина.
Предност: нека кажат тие што навистина ме познаваат.
Мани: нека кажат тие што навистина ме познаваат.
Со се, особено со уметност (повеќе видови на уметност).
 
Прашањето е кој си ти?Да се биде или не....
 
Eх ај баш да имам и на писмено кој сум и што сум.

Кој сум:Уште еден "песимист" кој сонува.
Што сакам:Сакам да искусам еден целосен човечки живот и нешто плус.
Предности:Незнам,ќе глумам скромност...
Мани:Ајде сеа да не се вреѓам...
Со што сакам да се бавам:Кога ќе пораснам сакам да бидам Concept,CG,Digital Artist.
Кај сум:Уште на стартот.
Сакам да сум:Независен.
 
Секој човек се разликува од другите по неговиот карактер,неговите желби,амбиции итн.
Што е тоа што Вас ве прави различни од другите?
Па колку што знам ниту една личност неможе да се спореди со некоја друга... што во превод значи сите сме различни - банално е прашањево. :raz:
*Кој сте Вие?
Трпков Божидар
*Што сакате и кои се вашите цели?
сакам се и немам цели, имам само желби.
*Кои се вашите предности и мани?
немам предности, мани имам многу. Ке го флодирам форумов ако почнам да пишувам...
*Со што сакате да се бавите?
со манијачење
 
Јас сум само обичен човек со скриени цели и желби...за предностите и мааните мој.....предности незнам дали имам....не ми текнуваат, а маани....многу се ме мрзи сеа(ете една)....некој што ме знае, најдобро ке ви каже.....
 
*Кој сте Вие?
-Една од 6 милијарди.
*Што сакате и кои се вашите цели?
-Да имам среќен живот(среќно мажена,со 2 дечиња,успех во работата(се надевам ќе успеам во државава да имам солидна работа во маркетинг(Advertisin manager)...па и внучиња:))
*Кои се вашите предности и мани?
-Предност-Тоа што знам што сакам
Мана-Страв од неуспех
*Со што сакате да се бавите?
-Болдирано
 
*Кој сте Вие?
*Што сакате и кои се вашите цели?
*Кои се вашите предности и мани?
*Со што сакате да се бавите?
*...
Сакам да станам подобар човек.Моите мани:ги има премногу.
Сакам да пишувам,па се надевам дека некогаш ќе станам писател.
 
Зошто е Сатори, Сатори.

Секој човек се разликува од другите по неговиот карактер,неговите желби,амбиции итн.
Што е тоа што Вас ве прави различни од другите?
Мојот персоналитет, се што е поврзано со мене ме прави поразлична од другите.
*Кој сте Вие?
Јас сум јас и покрај моето јас не постои друго јас.
*Што сакате и кои се вашите цели?
Сакам да се изградам како личност, цел, среќа.
*Кои се вашите предности и мани?
Многу се...примарно, лошо...садистик бич, добро...ајнџел оф д тоус ај лав...во средина на се тоа, сум иста како сите останати.
*Со што сакате да се бавите?
*...
Сакам да бидам глумица.
 
Што е тоа што Вас ве прави различни од другите?
различна ме прави генотипот, фенотипот, тоа што никој не може да ги повтори со четка моите потези, мојот ракопис, нити да мисли за све исто како и јас...итн

Што сакате и кои се вашите цели?
сакам да знам, и да ме сакат исто колку шо сакам и јас...доволно е тоа

Со што сакате да се бавите?
друго сакав, ама ја утнав професијата и то ме направи среќна, барем за сега
 
*Кој сте Вие?
Не сум сигурна дека знам. :raz:
*Што сакате и кои се вашите цели?
Ни за тоа не сум сигурна... Сакам да бидам среќна. Поентата е што не знам што точно би ме направило таква...

*Кои се вашите предности и мани?
Ох... Да не почнувам. Предности има многу, маани уште повеќе. Да речеме дека најстрашната од сите е стравот од она што може да се случи.

*Со што сакате да се бавите?
Ни ова не знам. :pos: Побогу, знам ли јас што сакам во животов?! Единствено знам дека сакам да биде тоа нешто што ќе ми направи доволно пари. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom