Иако верувам у индивидуализам, и сметам дека во принцип секој е посебна и уникатна единка (било според физички изглед, начин на реагирање и искажување на чувства, верувања и сл.), од друга страна пак, не се многу луѓето кои ги знам и за кои можам да речам дека се навистина различни од останатите. И под различност не подразбирам екстремна ексцентричност или некоја патолошка појава.
За да некој го доживеам како поинаков, треба да е исклучително искрен, совесен, космополита, освестен и одговорен (патем, лично сметам дека овие карактеристики не се доволно развиени, или воопшто ги нема кај повеќето од луѓето).
Сепак, ќе повторам, ова е мое субјективно доживување, а во глобала верувам дека секој од нас се разликува (повеќе или помалку) од другите.