Што е моментов со државно знаме на свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Знамето не е ништо страшно, ептен сега да не се претера па луѓето да ја заборават невестата од многу веење :). Шала на страна, знамето е ништо во споредба со најретардираната традиција, присутна на многу свадби: пукање со пиштоли и друга артилерија. Ауу, тоа е крај и врв на идиотизмот. Тоа е дури тема за дискусија...
 
Свадбата има обичаи како земање на невестата, играње оро на улица и кај зетот и кај невестата. Кај мене имам голем двор и не излеговме на улица па знамето се вееше во дворот. Тие што живеат во станови мора да излезат на улица, па доколку им е кејф (да од кејф го ваѓаат знамето) да имаат знаме на свадба, мора да го извадат на улица. Верувај не им е битно дали соседите ќе ги сметаат за патриоти. Тоа се докажува кога на државата и е тешко, а не со веење знаме. За последното се согласувам, јас им забранив на музичарите да свират српски песни (им се заканив со неисплаќање на парите).

Е за овој муабет имаш респекат. :)
 
Да не се лажеме премногу розов дојде овој цитат, реалноста е друга. Вториот дел, е оној кој го доловува моментот а не ова.

Цитатот си е на место.
Погрешно е твоето толкување.
 
А дали мора државата да е актуелна и овдешна за да се извади бајрак на свадба?

de-ddr.gif


Сваќо мори, сваќо...
 
Убаво е свадба кога ќе видам Македонска со Македонски барјак закачено убаво е за око но тоа да не биде провокација за другите :))
 
обично сум забележал на свадба македонско знаме [старо / ново] со јаболко.
но во Струга каде бев девер немаше македонско знаме, беше некако ко со гулаби....крстови...можеби некое црковно знаме...
 
Невестата се викала македонка,па ајде знаме :)
 
Moze jas od United znameto da go izvadam ?
 
Прекрасен момент е тоа кога гледаш свадба и кога се вее Македонското 16 крако сонце неопишлив момент :) Во иднина и за мојата свадба ќе се вее
 
Основни разлики помеѓу македонска и хипстерско-космополитска свадба.

Знаме на свадба хипстерско-космополитската верзија

unflag.gif


united_nations_flag_civics_tour.jpg


Ако си моќен одиш на свадбено чиноначалствување кај Бан Ки Мун (Мак верзија Г.Г. Стефан). Ако не си ќе мора да се задоволиш со некоја локална субституција од пеести ешалон, рецимо Сашо Ордановски и по идеологија и по сурат и по компетентност е измислен за таа функција (Мак верзија одиш кај локален поп). Наместо-You may now kiss the bride, Сашо изговара сопружниците смеат да се бакнат, при што во име на џендер иквалити машкото не смее да се навали кон неа како што е кај Македонската верзија туку растојанието од муцките ако им е на пример 20 сантиметри во времето кога Сашо обзнанува за бакнувањето 10 сантиметри мора да направи тој, 10 таа, со право на отстапка од +/- 3 милиметри. Наместо Македонско девојче или Свадба Македонска да направам дозволени се исклучиво следниве






И слични песми изведени од најдобриот свадбен бенд Атеоритам во придружба на мега естрадните Геа (земја-заб. на автор) и АборТина (нема заб. на автор) со кој се истакнува анационаланото, вонрелигиското, безрасното, неетатистичкото и надлокалното облежје на младенците. На меден месец се оди или на крстарење во меѓународни води или на неприсвоените територии на Арктикот и Антартикот. Со минимална доплата можеш да го добиеш пакетот Атласна свадба која е пандан на Галичката при што невестата наместо на коњ ја качуваат на Сегвеј или тротинет на електрична енергија со нула емисија на штетни гасови, а наместо со прстен младожењата е зумиран со новиот Ајфон 5-ка со зборовите-Низ Ајфон те гледам во рилејшншип статус на фејсбук да ти влезам. Наместо зурли и тапани има винили и матрици а наместо Тешкото ќе се тепа дабстеп при што на младожењата ќе му биде дозволено да се качи на миксетата. Секако тука се и традиционалните носии со прикладните мотиви, везови и импринти од историјата и традицијата

no_religion_sticker-p217103691068975869envb3_400.jpg


images


No-Borders-No-Nations_DLF127334.jpg


како и потписот што го носи Заптијата Стојков. Наместо со ориз и вода, по младенците се фрлаат Мекдоналдс хамбургери и се истура Старбакс кафе.


Место бидермаер кон неженетите девојки невестата фрла глобус и по старите кажувања девојката што ќе го фати глобусот треба да види кај и е во тој момент левата (како симбол на непокорната идеологија) дланка, од таму ќе и биде и сопругот. Значи ако го фатила глобусот со таа дланка на потегот Северна Африка односно Египет-Мароко од таму ќе и биде сопругот. Некои сметаат дека тоа се само бабини меридијани меѓутоа традицијата си останала така.
За време на бременост и повторно во духот на полова еднаквост на мажот секое сабајле 9 месеци да му се удира клоца по муда како единствен фер начин на компензирање и споделување на болката кон која двајцата се обврзале а само жената ја чувствува. Секако јачината на клоцата зависи од интензитетот на болките тој ден, при што за време на породувањето кога болките се најсилни наместо досегашното стегање на раката на мажот, тоа во космополитската верзија се заменува со стегањето на ташаците. Породилното отсуство ќе биде поделено 4.5 месеци мајката, 4.5 таткото при што природниот недостаток на лактација кај татковците се заменува со овој уред

MaleMammaries.jpg


субвенциониран од Обединетите нации за секое трето дете.

Исто така обичај е после раѓањето на детето наместо македонската лејм верзија на ставање топка и книга и за кое ќе се фати детето му ја одредува судбината дали ќе биде по школото или по спортот, кај другиве се остава вибратор и кукла на дување па за кое прво ќе се фати ќе му се одреди така сексуалната ориентација. Секако и за време на средното образование доколку не се воведе законски тогаш во најмала рака со кампањи на Зоро(с) под мотото-Дур не пробаш не можеш да знаеш, да се охрабруваат децата барем еднаш да стапат во истополов и еднаш во различнополов сексуален однос со што засекогаш би се разрешила енигмата за сексуалните преференци како и фрустрирачката збунетост околу истите. Итн... итн...
 
Затоа што државата ве венчава и ви ги признава и овозможува правата и условите кои следуваат со бракот итн... Нешто по таа логика, ваљда. Мене искрено не ми пречи.
 
Државното знаме на свадбите нема баш некое значење, порано се кител бајрак црковно знаме, племенско знаме. Означување на припадноста на поединецот кој што се женел мажел, најчесто двете страни кителе бајраци црвено бел конец босилек и јаболко на врвот, за среќа бериќет и чување од лоши магии.
Бајрактарот одел напред пошто се верувало дека бајракот ги растерува лошите демони и ги растура магиите доколку некој ги поставил за да им наштети на младоженците. Свадбарскиот бајрак има и друго значење,доаѓаме во мир денес сите ние славиме не не чепкајте. Што било почитувано од памтивек и од турско и од каурско. И денес до некаде се почитува тоа, ако свадба поминува на патарина на бајрактарот никој не му наплаќа :pos:
Сето тоа е сменето денес па наместо племенски и црковни бајраци се веат државни знамиња, повторно го има истото значење само полека полека се губи.
Во некој делови на македонија кумот го носел бајракот во други имало задолжено бајрактар, кој ке го накити бајракот рано во зори ке испука трипати од пиштол или пушка, ке го поведе орото кога ке се трга по невестата, кога се стига кај невестата пак бајрактарот го поведува орото па му го крадат бајракот,па тепачки па скандали :pos:
Јас неколку пати сум носел знаме и јебемлига поише притисок има по знаменосецот отколку по младо-женците ( барем по некој свадби ) кај други па се е ради реда и знамиња и ритуали и се останато. Сите гледаат што побрзо да влезат у кафана и да се изналокаат.
А и гледам сите избегаваат за одење по невеста,традициите полека но сигурно изумираат.
 
обично сум забележал на свадба македонско знаме [старо / ново] со јаболко.
но во Струга каде бев девер немаше македонско знаме, беше некако ко со гулаби....крстови...можеби некое црковно знаме...

Во Струга сум била на милион македонски свадби и на секоја црковен бајрак имаат, не со државно знаме.

На свадба пазете да не ви го земат бајракот, оти нема ценкање, колку ќе побараат толку ќе треба да си платите. :icon_lol:
 
Во Струга сум била на милион македонски свадби и на секоја црковен бајрак имаат, не со државно знаме.

На свадба пазете да не ви го земат бајракот, оти нема ценкање, колку ќе побараат толку ќе треба да си платите. :icon_lol:
Плаќав еднаш за бајрак што ми го земаа,но тоа првиот пат кога не знаев.
Ама итогаш платив со украински и руски рубљи кој што не вредеа ни една мастика,ама зелени црвени шарени девизи де и со динари го имам плаќано :pos:
Мусиката обавезно добива белоруски рубљи,кога му ги мавташ личат на долари така зеленки убави и цело време трча по тебе трубачот,ама никако цели да му ги лепиш туку ги туткаш и така стуткани внатре во трубата или саксофонот да не види што банкноти се и дека не вредат ништо,или пак ке ја превиткаш така само 100 да се гледа :pos:
BELARUS%20100%20RUBLES%202000%20UNC.jpg

Или вакви ке се расфрлаш па сите сваќи по тебе очи ке извадат :pos:
Russia10Rubles19972004P273.jpg

А едно време и со вакви се расфрлав
Poland500__833.jpg

Poland500__833.jpg


Знамето не е ништо страшно, ептен сега да не се претера па луѓето да ја заборават невестата од многу веење :). Шала на страна, знамето е ништо во споредба со најретардираната традиција, присутна на многу свадби: пукање со пиштоли и друга артилерија. Ауу, тоа е крај и врв на идиотизмот. Тоа е дури тема за дискусија...
Момче пукањето е друг момент во целата церемонија,пред појавата на огненото оружје се тропало со лонци тенџериња тенекиња се чукало со тапани,тоа ти е од една страна бркање на злите духови и ламјата да не ги жегне младоженците.
А пак од друга страна демонстрацијата на оружје на свадба е составен дел од памтивек во секоја култура и цивилизација што постоела некогаш,натпревари во фрлање камен,фрлање на копје,стрелање со лак и стрела,борење биле составен дел од свадбената церемонија. Се покажува и докажува дека младоженецот е подготвен физички и спихички не само да се ожени и да и го начука на невестата туку дека е созреан за формирање семејство дека е способен истото да го брани и има со што да го брани доколку тоа биде потребно.
Од како престана да се оди во војска и на тие што не биле во војска кога почнаа да им даваат жени, не очекувам некој да го свати тоа.
Ќути што не си во Србија па јаболко на стап закачено на оџакот од куќата да треба да го погодиш , иначе нема невеста земање:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom