Што е мое ќе си дојде, му доаѓа нешто слично, ако не и исто, со кармата, што најверојатно спаѓа во доменот на религијата, во верувањата за неминовноста на она што го зацртала судбината, Господ и сл.
Од друга страна, ова тврдење, што е мое ќе си дојде, би можел да го прифатам како некоја причинско-последична законитост: она што го правиме или не го правиме неминовно предизвикува и води кон некакви сакани или несакани резултати. Во таа смисла, што е мое ќе си дојде, не мора да биде само во позитивен контекст, ниту пак губитничка сатисфакција, туку е логичен след на настаните.