Што е мое ќе си дојде?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
така нас не лажеа како деца со џамлиите. Ако изгубиш една, фрли друга да ја најде првата..."другарка и"...се отепувавме губејќи дузини џамлии :pos: ако сам не засукаш ракави...
 
jas ne veruvam vo ovakvo nesto, zatoa sto ako dojde koga planira za da znam bidejki ako ne dojde za brzo vreme za da proziveam dodeka sum mlada koga koga ke dojde koga ke napravam 70 godini e togas nema da mi treba.
 
Генерализираш, демек љубов не постои на тие години? и да под љубов не целам само на тоа да бидеш интимен со партнерката, или јас нешто погрешно сум сватил?
 
spored mene toa se glupsti ljubov na 70 god kako da ne so ednata noga vo grob ke vodam ljubov gluposti.:rolleyes:
 
Ако прошеташ низ Скопје ќе видиш, парови од 70 и повеќе години, како шетаат нежно држејќи се за рака. Знам парови, кога едниот ќе умре од старост, другиот партнер умира за неколку недели, бидејќи не може да продолжи да живее без партнерот. Се се тоа знаци на љубов, затоа не вели дека се тоа глупости.
Но има и луѓе кој ниту на 17, ниту на 70 години, на ваков начин не ја осетиле љубовта.
 
Абе ајде?!
Што е мое ќе си дојде е фраза измислена за оние кои што никогаш не го добиваат она кое што го сакаат, не се способни да се изборат за него и се тешат сами себе дека има некоја поголема моќ или ред во универзумот кој што ќе ги награди за нивното трпение? Сериозно? Ако се наградуваше трпението, тогаш сите ќе бевме со златна ѕвезда на челото затоа што каприците сме оставиле да ни паднат во заборав или коцките не ни се наредиле како што треба.
И како потоа да не гледам на ова со патетика и презир, не можам. Затоа што секој ден одново и одново ми се докажува како тоа што е „твое“ (као демек да постои тоа воопшто) некој друг го поседува, има, живее, заслужува. Верувам дека кога Ивана ми умре на 13 години од рак на коските баш тоа го заслужуваше.

Преку ку* од изговори за тоа што не секогаш сме способни да ги донесеме одлуките и да се држиме до нив, да се потрудиме малку, онака, само малку повеќе во животот за она што ни е битно. Од сите изговори за незавршени обврски, од држењето на здолништето на мама и трошењето на парите на тато, од мизерија на секој чекор, како внатре, така и надвор.
И дефинитивно преку ку* од оправдувањето на секоја несреќа и шлаканица што ќе ти се деси во животот, никогаш нема да може се да се контролира, ама и кога ти се дава шанса, моли се, сврти го другиот образ и чекај, како секоја просечна будала, дека тоа што е твое, ќе си дојде.
 
Јас лично мислам дека во реченицава има нешто вистина, но сепак ние сами си ја градиме иднината и судбината.
Според мене не постои судбина и затоа ако сега сама отидам да јадам тоа е моја одлука и така нема да останам гладна. И што викаш ти нема да ни падни од небо ништо.
Според мене оваа реченица е една утеха позитина за понатаму и ништо повеќе.
Сами треба да се бориме за се во животот.
 
Абе ајде?!
Што е мое ќе си дојде е фраза измислена за оние кои што никогаш не го добиваат она кое што го сакаат, не се способни да се изборат за него и се тешат сами себе дека има некоја поголема моќ или ред во универзумот кој што ќе ги награди за нивното трпение? Сериозно? Ако се наградуваше трпението, тогаш сите ќе бевме со златна ѕвезда на челото затоа што каприците сме оставиле да ни паднат во заборав или коцките не ни се наредиле како што треба.
И како потоа да не гледам на ова со патетика и презир, не можам. Затоа што секој ден одново и одново ми се докажува како тоа што е „твое“ (као демек да постои тоа воопшто) некој друг го поседува, има, живее, заслужува. Верувам дека кога Ивана ми умре на 13 години од рак на коските баш тоа го заслужуваше.

Преку ку* од изговори за тоа што не секогаш сме способни да ги донесеме одлуките и да се држиме до нив, да се потрудиме малку, онака, само малку повеќе во животот за она што ни е битно. Од сите изговори за незавршени обврски, од држењето на здолништето на мама и трошењето на парите на тато, од мизерија на секој чекор, како внатре, така и надвор.
И дефинитивно преку ку* од оправдувањето на секоја несреќа и шлаканица што ќе ти се деси во животот, никогаш нема да може се да се контролира, ама и кога ти се дава шанса, моли се, сврти го другиот образ и чекај, како секоја просечна будала, дека тоа што е твое, ќе си дојде.
Доста елегантно опишано од женска страна, само ме плаши фактот за твојава очигледна фрустрација и избраниов форум за да го искуцкаш тоа (а не да го реализираш), да не се повикаш на тоа „Целта ги оправдува средствата“ па X5Q7 за едно престижно преноќевање во Александар Палас.
 
Хаха. Колку забавно. Како SOPA.
Фрустрацијата се акумулира на дневна база. Што реализирам/е нит можеш да знаеш, нит да претпоставиш. Исто како моето куцање по тестатурава. Небитно е.
 
Вистина е, не за џабе се рекло: НЕ ЗА КОГО Е ПЕЧЕНО- ТУКУ ЗА КОГО Е РЕЧЕНО.

Оваа реченица е скоро исто толку глупава колку и таа "што е мое ќе си дојде"

Прво, што е тоа што е твое а не е кај тебе?Зошто не е кај тебе? Што го прави твое? И зошто ако е твое не е кај тебе, т.е кој ве разделил и зошто?
Толку е смешно и глупаво, и нема смисла што се чудам како може некој со ова да се бодри во такви моменти (знаеме кога се користи ова).Човек може да се мотивира и да се бодри на многу начини, а ова е дефинитивно најбедниот.Убедливо на првата позиција, стои осамено таму на врвот.Зарем некој стварно мисли дека некој друг му го диктира до толку животот (бог) што му смислил све што ке му се случи и се што треба да има, па до толку да не се замара и да спие на тоа дека што е негово ќе си дојде? Од каде толкава самодоверба дека тоа што ќе дојде е добро? Дека ќе му се допадне? Дека ќе може да живее со тоа? Јас разбирам да се верува во бог, ама тоа што религиите учат е далеку од ова.Врти го од сите страни и на сите можни начини гледај го оваа реченица нема смисла и е едноставно најбедното нешто што може човек сам на себе да си го рече.Ова е поразителна реченица.Како да се откажуваш, да креваш раце од се и препушташ на некоја друга сила да ти го реши за тебе тоа што од овој момент па натака ти сметаш дека си неспособен да го решиш
 
Види сега, нема да те негирам зошто и ти си у право ама и ја сум у право. Знаеш зошто? - Затоа што секој човек треба да верува во она што го прави среќен и што му дава сила, за некој тоа е Господ, за некој Буда, за некој Алах, за некој нешто друго. Ја не можам тебе да ти тврдам дека не си у право, а не можеш ни ти мене да ме убедуваш дека грешно размислувам, бидејќи јас веерувам во моќта на позитивното мислење и тоа силно верувам и не се ни прашувам себеси дали е тоа вистина или не зошто мене ми е убавоо, во спротивно немаше ни да верувам, нели.
И затоа никој не може да ме убеди дека грешам затоа што нешто што те прави среќен и те оддржува во тешки моменти не може да е грешка.
 
Да, тоа болдираното е супер.Ама ако некој верува во бог, како може да верува дека што е негово ќе си дојде? Која вера учи така?Сите велат треба да се бориме за тоа што го сакаме.Чесно, да, со дефинирани норми на однеусвања и такви срања како секоја религија ама сепак ние да се бориме за тоа а не да чекаме да си дојдат работите.Ама без разлика дали веруваш во бог или не пак демотивирачки ми делува мене реченицата.Зошто да мислиш дека нештото само треба да дојде.Каде е борбениот дух, каде е желбата да се избориш за работите сам.Целиот живот е некаква борба, се бориме постојано.Паѓаме, стануваме, пак паѓаме но секогаш продолжуваме напред и се бориме за тоа што го сакаме.Без таа борба животот нема смисла.Што добиваш ако чекаш да ти дојдат работите сами? Верувај ти во позитивно мислење, и јас верувам во него.Но што е позитивното во оваа реченица? Како делува позитивно не ми е јасно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom