Македонец ... доколку се земат сите карактеристики на Македонецот ќе се доведе до прашање дали Македонец е назив на припадник на една нација или пак е збир на повеќе особини кои ги поседува некој човек ... дефинитивно човек без свое јас кој секогаш чека некој друг да му ја заврши работата, реши проблемите, човек кој или нема изградено свое мислење и свој индивидуален став по ниту едно прашање и секогаш е склон кон лесно прифаќање на општото колективно мислење за било која тема а далеку е помала веројатноста да е до толку исплашен да си го каже отворено своето лично мислење што е голема негатива за една личност а токму оваа негатива е една од главните белези на овој човек и воопшто на овој народ ... исто така Македонецот е човек кој секогаш ги обвинува политичарите дека се виновни апсолутно за се од А до Ш притоа никогаш несогледувајќи ги сопствените маани а и никогаш самиот не се обидел да влијае и да ги корегира состојбите и процесите и реши проблемите ако не на борбен барем на интелектуален план со својот ум, пенкало, хартија, тастатура, денеска барем е ера на технологија и електроника и борбите се водат со умот, најсилни оружја се пенкалото и хартијата а најмногу од се тастатурата но очигледно ај што не го бива за пушка Македонецот не го бива ни за тастатура, ни за пенкало, ни за ништо, ако се продолжи и во иднина вака со оваа тотална апатичност и безидејност црно ни се пишува на сите !
П.С. Не е системот до толку тврд, лош и непроменлив колку што луѓето се безидејни, изгубени, немаат изградено свои индивидуални ставови, недоволно се едуцирани и информирани, незаинтересирани се, лесни се за манипулирање и.т.н.