Што е Македонец? (реална слика)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Шо е фркава со 1993та година!? Ај сфаќам 1990, 1991 дури, ама 1993та!? Јас сум роден 1991 и сум крстен во истата година. Знам илјадници луѓе постари од 40 години што се крстени во времето кога се родиле.

Фрката никогаш нема да ја сватиш.
 
Фрката никогаш нема да ја сватиш.

Грешни ти се тезите другар. Сите Македонци до 91 ги правиш комунисти/атеисти или луѓе кои не се осмелувале да влезат во црква/да се покрстат, а вистината е тотално спротивна. Преиспитај си ги ставовите.
 
Напоменав некаде дека сите се такви?
 
зошто глуп опинок? можеби опинок си ти кој не ја сака својата земја.
ц ц ц од вакви како тебе ни се распага македонија!!!

Опинок бе, опинок, знаеш оние луѓе за кои немаш друг израз кога гледаш дека дури ни навредливи зборови нема да ja одиграат улогата зашо се капацитет за сфаќање на нештата колку и еден прво оделенец. Освен обичен “Facepalm“ и полунервозно нишкање со главата дека делиш иста планета со вакви “луѓе“, особено што тие делат исти твои убедувања, имаат иста вера, националност и кауза, ништо друго не ти преостанува. Па наеднаш си викаш, дали можеби треба да застанам на нозе, да свртам грб и да си заминам од ова проклето место бидејќи не сакам да бидам етикетиран како простотилак и гнаса од човек.
Зошто гнаса? Зашто да мразиш, јавно да кажуваш дека мразиш и да очекуваш тоа некој да ти каже дека е во ред е не-нор-мал-но. Значи надвор од сите разумни рамки.

п.с. Citro_love, нема да можам да спијам после твоето несогласување. :) Ама да искажам негативен став со две точки и да пропуштам шанса да објаснам зашто имам спротивен став, не само шо ме сврстува во категорија опинок, туку ме прави и Mentally challenged.
 
еден народ, две религии,три делови, многу непријатели
 
Амеба со гордост.
 
stock-photo-woman-image-of-the-saying-hear-no-see-no-speak-no-evil-59998987.jpg
 
Ништо посебно, ствар на перцепција е.
Ако некој се перцепира како дел од одредена замислена целина (нација,народ) тогаш се идентификува само со оние замислени,митски,супериорни или барем различни во однос на други исти такви замислени групи (народи) квалитети. Историско наследство,работливост,памет,снаодливост,сексуални конотации,морални квалитети и што све не...
А тие квалитети се повторно имагинарни бидејќи треба бајаги фантазирање за некој да се перцепира како наследник Александров а продава пиперки на пазар или чиновник кој се враќа “за 15 минути“ како духовно чедо Гоцево.
Негативните се ставаат “под тепих“ или за нив се бара оправдување поради “Оние другите кои се криви дека сме вакви“ со што има готов образец за стварање перцепција за припадност кон нешто “исклучително“, толку посебно што постои “само“ во некои 6.000 слични верзии на планетава. Има допирни точки со религиската перцепција т.е. навивачка психологија на стадо.
Да не навлегуваме во Cui Bono прашањата бидејќи лукавиот ќе почне да се појавува по темава, а времето е блиску...:D
Така е кај сите “нации“ по светот, Македонската не е никаков исклучок, се е тоа наметната перцепција и перење мозок.

Поентава може да се долови преку песничкава...

Патријотите (во случајот амерички) го слушаат само рефренот и свршуваат на тоа, а другите....го слушаат и текстот и ја разбираат пораката...и не им делува баш патријоцки...:D
 
Македонците, како и сите други што се одзвиваат на името на некој друг етнос, се луѓе. Секакви, со најразлични мани и доблести. Она што не одликува денес, не било толку забележително вчера, а какви ќе бидеме утре никој не знае. Секој се однесува онака како што ќе му наметнат околностите. Сиот простаклук, толку очигледен денес, сета малограѓанштина, и истовремено и малодушност и мегаломанија се рефлексија на општествениве појави и процеси кои се одвиваат кај нас извесен период. Се надевам дека ќе ги прележиме, како детска болест. Не сум склон кон воопштувања, а темава како да наметнува некаква дефиниција за нашиов народ, што е непотребно поедноставување. Што и да мисли еден народ за себеси и за другите народи, слични идеи има и кај другите. Секој е најдобар, најдуховит, најубав и најсилен. Секој народ си има истакнати поединци кои совршено и неуморно ја отсликуваат состојбата и мизеријата во која што моментално се наоѓа. Значи, не сме нешто полоши и подобри од другите, дури и кога најупорно сакаме да се убедуваме во тоа.
 
Проблемот е со поимот “ние“. Која група е таа “ние“ !?
Дали даночните обврзници на ентитетот РМ или !?
Дали родениот на одредена географска точка автоматски станува дел од “ние“ или тоа е ствар на избор?

Ако се перцепираме како дел од тој народ дали тоа значи само идентификација со Александар војсководецот или може и Шеќерко, серискиот убиец скопски да е дел од “ние“, ете временски, културно и просторно е “наш“ современик...

Чудно, но никогаш не сум прочитал препирања во смисла “Шо беее Фрицл австриец, тој е наш чоек, Германец“...:D
Или за Адолф, тој се перцепирал како Германец, а роден во Австрија, нешто слабо оние кои би се перцепирале како Австријци би го сакале како дел од “историското наследство“...:D

Пример некој “наш“ му рекле дека е скопјанин на грчки граничен премин и тоа доаѓа по медиуми “аиии види бе оние шо ни прават нас“...па пцуења,закани, look at my furrows of worry (шо би рекол Бил Хикс:D)...
А десетици овдешна раја умираат годишно на работно место ради немање елементарни услови на безбедност и слични работи.....тогаш не постојат “ние“ туку секој е сам за себе и сам си е крив...

Ефтино лицемерие, националност е исто со припадност на навивачка група на некој клуб, ништо повеќе...
 
Човек, горд на себе и својата историја.

Човек, напатен и измачен.

Човек, со дух и традиција.

Човек, со убава енергија.
 
МАКЕДОНЕЦОТ Е КАКО ПИРЕЈОТ
Пирејот е троскотна трева, ти колку сакаш кини ја,куби ја, кошкај ја, таа само малку да се допре до земјата и пак ќе изникне, нема спас од таа трева.

Ах деде Петре баш на овој Македонец ли мислеше?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom