Што е Македонец? (реална слика)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Ама и не мора да се збори за тоа заостанати сме, курци палци и покрај фактот што сме до некој степен, туку може да се гледа оптимистички и да почнеме за некое време да се мериме и споредуваме со Европа и тн.
 
Еххх ова кога ќе чујам не останувам рамнодушен. Ме нервира фактот ко демек самите ние се омаложуваме, демек си играме к*рташаци и не почитуваме правила.... А не е така. Не сме само ние чудни туку и цел свет е таков (горе-доле земено) Пример оваа година бев жив сведок во Црна Гора. И тие се чудни. Не мрдаат со прстот за да го подобрат туризмот, дури и накачуваат цени. Ако може на најлесен начин да соберат пари. Значи.... Ако повеќе копнеш во туѓа земја ќе видиш дека сите се чудни, секоја на свој начин.
За нефрлањето на ѓубре по улица или слични такви работи постојат решенија кои ако ги наведам, водат кон друга тема...
 
Како нема да сме, секоја недела се крадат,тепат,умират луѓе од сообраќајни :tapp: глупости, како прво основните правила : забрането пушење,паркирање и ред други работи, губриња по пат, плус тоа во собрание кај си видел да си оди партијата (СДСМ) абе глупости, не да сме чуден народ туку сме запеза.
 
Ти/вие сметате дека сме чуден народ?
Јас мислам дека ги имаме сите приоритети како западно европските земји, можеби не со толку високи стандарти и услови, ама не сме ни толку:tapp:
Тоа што се збори, се збори зошто некогаш балканот не бил толку развиен и не се инвестирало во него за да се создаде живот како што имале развиените земји.
Заостанати сме, но во смислол на модернизација на нашиве...би сакала да ги наречам метрополи, ама не се-затоа гратчиња...
Свеста кај народот и не е баш развиена, ама нели сега работиме на тоа?:wink:
Образованието и не ни е така стегнато кога станува збор за јазици, сметам дека би требало да има повеке од четири часа неделно изучување на странски јазици и информатичкото образование да се подигне неколку степени погоре...
Кај и да е за некоја децение нема да бидеме чуден народ:turn::pipi:
 
И тоа некаде сакав да го кажам, многу касниме од животот од другите европски земји како уште у 16 век да се наваѓаме? :tapp: тоа е.
 
Тебе те пизди кога ќе чуеш како некој вика дека сме чуден народ, а како би реагирала кога некој ќе ти каже дека радо би се спакувал и би отишол да живее во Грција? Ова од уста на македонец, што тука се родил и израснал.
Имав прилика да слушнам таков бисер од соученик кога читаше еден состав кој го имав напишано за Македонија, за кој што исто имаше реакција “Аман, што ти станало“?

Богами да, да се зачудиш колку чуден народ сме, барем дел од народот.
Океј, мене ми е јасно дека не може секој да го натераш да си ја сака државата и да бараш патриотско чувство во секого, но жално е кога некој што по националност не е македонец, повеќе ја цени Македонија, нејзината традиција, луѓето овде итн. од некој кој целиот живот го поминал тука и на кој Македонија му е се` што има и знае.

Не дека јас не претерувам на моменти со тоа што сум премногу субјективна кон државата и го барам истото од сите околу мене наместо да ми викаат “Што е толку битно како ќе се викаме, важно се отвараат врати кон посветла иднина?“, ама ете, јбг, така се осеќам и ме погодува кога некој така смирено ќе ми каже како тоа нас не не` бива.

Малце може забегав од темата, ама мислам дека треба да се разбуди свеста и на тоа поле, да се почитуваме како народ, да ги почитуваме нашите претци, нашата историја, а не само дека не смее да се фрла ѓубре по улица и да не се кршат шишиња во парк или дека не смееш да паркираш било каде, зашто еден ден Македонија ќе остане на оние кои сега со мирна душа би го дале името зашто мислат дека тогаш ќе почне да тече мед и млеко... а тоа е страшно.
 
Мислете што сакате...зборете што сакате, чуден/нечуден, европски/неевропски, со ѓубре/без ѓубре...факт е дека македонскиот народ игра онака како што му свират, а ние можеме што сакаме да збориме и да мислиме...

Али не е битно..битно имаме слух за музика.
 
Тебе те пизди кога ќе чуеш како некој вика дека сме чуден народ, а како би реагирала кога некој ќе ти каже дека радо би се спакувал и би отишол да живее во Грција? Ова од уста на македонец, што тука се родил и израснал.
Имав прилика да слушнам таков бисер од соученик кога читаше еден состав кој го имав напишано за Македонија, за кој што исто имаше реакција “Аман, што ти станало“?
Тоа не е веќе чудно... тоа проработеле гените на изродите кои од секогаш ги имало.
 
Тоа не е веќе чудно... тоа проработеле гените на изродите кои од секогаш ги имало.

Верувај ми, кога го слушнав звучеше многу чудно, одвратно, патетично...
А уште почудно е кога “таквите“ пробуваат да те натераат да се срамиш зашто ја сакаш земјата, зашто си горд што си македонец. Е тоа ми е несфатливо:uvo:
 
Хм викаш чуден народ? Не се согласувам со ова...пример тоа со јазиците можам да кажам дека сме држава каде многу луѓе зборуваат светски јазици и имаат врска со компјутери отколку во многу понапредни земји од нас...проблемот е во тоа што ние малку се цениме и не веруваме во сопствените квалитети...секогаш другиот е подобар од нас,но не е секогаш така!
 
не сме чудни,туку немаме основен степен на кулура...
законот шо го донесоја дека е забрането да се фрлат ѓубрето,важит за секаде, не само пред очите на чичко полицаец...
многу лесно се нервираме, па зато одма фаќаме да пцујаме све живо и диво пред нас, не ни е гајле шо сите не слушет,немаме почит кон постари,наставници,професори...
Не викам дека и во Европа не постојт некултура, ама то е само 1%,за разлика од кај нас, кај шо имат само 1% на КУЛТУРА...мислам дека ко ке се стекниме со тој основен степен на култура, сите работи ќе тргнет погоре,ние ќе си имаме убо мислење за нас, дека не сме чуден народ,а со то и другите ќе не гледет поинаку...
 
за ова и зборам,постојано ја негираме својата некултура.
ме нервира што ништо не преземаме околу тоа,само збориме дека сме позаостанати,дека европа и светот имаат поразвиена култура,поразвиен менталитет,но никој не се труди да допринесе за нашето ментално развивање.
колку муабети слушнав за време на ЛОИ..“ние вакво нешто никогаш нема да напраиме...“
и се потценуваме и не мрдаме со прст...
имав ваква расправија со брат ми и го убедував дека треба да идеме напред а он ми рече “епа сеа кога никој не мрда зашто јас да се двојам“...
а зашто да не биде “абе сите седат со прстот во уста дај јас да преземам нешто-може ќе го следат мојот пример и ќе напреднеме како народ?“

не сакам темава да забега во политички муабет зашто не се виновни партиите,ниту државата виновни сме ние самите.
 
Amoralnosta,ignorantnosta i kur me boli za se vladee vo svesta na Makedonecot.Ete zosto.
 
за ова и зборам,постојано ја негираме својата некултура.
ме нервира што ништо не преземаме околу тоа,само збориме дека сме позаостанати,дека европа и светот имаат поразвиена култура,поразвиен менталитет,но никој не се труди да допринесе за нашето ментално развивање.
колку муабети слушнав за време на ЛОИ..“ние вакво нешто никогаш нема да напраиме...“
и се потценуваме и не мрдаме со прст...
имав ваква расправија со брат ми и го убедував дека треба да идеме напред а он ми рече “епа сеа кога никој не мрда зашто јас да се двојам“...
а зашто да не биде “абе сите седат со прстот во уста дај јас да преземам нешто-може ќе го следат мојот пример и ќе напреднеме како народ?“

не сакам темава да забега во политички муабет зашто не се виновни партиите,ниту државата виновни сме ние самите.

Е зашто де?
И јас постојано тоа го потенцирам.
Дека секој треба да се труди,да превземе нешто.
Ама поише ни чини да кукаме дека сме чудни и слично.
А дека имаме некои чудни карактеристики имаме.Сами си се омаловажуваме,своето не го цениме - ова е појава која секојдневно ја гледам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom