Понатаму... треба да сме свесни дека Македонците пред 150 години и Македонците денес се многу различни. Денес останале само оние генетски предиспозицирани карактеристики кои го определуваат нашиот општ белег и идентитет. Оти, мора да ги земеме предвид случувањата во XIX i XX век, со многубројните пропаганди, поделбата во 1913, двете светски војни. Се’ се тоа социолошки удари за македонскиот народ, кои се одразиле и кај поединците. еве ви еден пример. Во турско, и покрај административната власт и сите маки, МАкедонците опстојувале целосно, со сиот свој специфичен систем на вредности, маани и доблести. Сега, во 19 век се засилува пропагандата од соседите Грција, Србија и Бугарија, се појавуваат масовно најразлични банди, кои пљачкосуваат. И сега, во едно македонско село, во кое пред тоа се зивеело горе-долу добро, се појавуваат пропагандите и народот се дели. На момчето не му е дозволено да се озени со девојката оти тие се „бугарофили“ и слично. Таквите разлики и влијанија водат до оттуѓување на луѓето, и појава на низа промени во менталитетот.Па имало случаи кога едни фамилии не си оделе едни на други на празници од политички причини! Па и замислете колкава била улогата на црквата и нејзините (егзархиски или фанариотски) црковни воини, преку сите тие учења и сл. Во 1913, си ја знаеме маката, поделени сме и тоа е најголемиот удар, и башка што сме ја трпеле целата таа асимилација и теророт од новите „господари“. А во услови на сиромаштија, кај многу луѓе се пројавуваат лошите особини. И конечно, по двете светски војни ( и тоа во првата, кога се случувало двајца браќа да бидат во различни армии земени,и сл.) кога се раѓа една нова југославија. Тогаш македонскиот народ, еве да речеме, делумно ја добива својата слобода. Вазен е периодот во СФРЈ, точно е, но да се потсетиме на некои работи. Македонците се излозени на експерименти., со сите тие колективи, и исфорсирани индустријализации и модернизации, па својата култура тие ја губат. Тоа јадро на мекдонскиот идентитет, македонското село, е уништено, сите ги напуштаат вековните традиции, одат в град, седат во две соби, и работат во некоја фабрика. Нашиот фолклор во голема мера е разорен, дистортиран, и уништен. Тоа што е зачувано и истразено од нашата материјална култура е многу малку, и затоа денес многу Македонци имаат комплекс на помала вредност, дека ние сме бил вештечка нација, и така натаму...
Многу се наприказав околу ова, ама морав да илустрирам некои факти, оти тие се вазни за да се разбере менталитетот на денешниот Македонец во транзиција. А денес, притиснати од сите страни, ние сме во едно зиво мртвило, несвесни колку и самите пропаѓаме.