Што е Македонец? (реална слика)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Idealen primer...odam vo Bogdanci na poseta na milata mi baba i samo se svrtuvam so glava i geldam kako site bogdancani zjapaat vo mene kako da ne videle 4ovek siot svoj zivot...taka trosat vreme! Sega imam edna nova skolska...imam 4as po matematika i se svrtuvam i gledam zjapa vo drugarkata pred nea...se svrtuvam po 5 minuti pak kon nea i ja gledam zjapa vo mene i zjapam jas vo nea i ovaa mi pravi rengenska snimka...potoa...turbo folk se slusa vo 70 % od kukite vo MKD so e zalsono....mnogu mnogu zalosno...aa potoa se setam po ulica i geldam malo detence frla otpadoci a do nego baba mu i nisto ne mu kazuva...znaci ne kalemat(pogolem del od nas) ona sto ne treba da bideme uste od mali i eve ti rezultat...nikako da se smenime...ova se mozebi samo sitnici ama koa ke razmislis...
 
За да биде реална сликата мора да има и позитивни страни.
Ние ако не се цениме,кој треба друг да не цени?!


Ние ако не се цениме никој нема да не цени!
Како народ знаеме да го цениме доброто,имаме малку на што да се радуваме,но тоа го правиме најискрено,чисто со целото свое срце.Било да е тоа спорт кој не е најактуален на свет,нашето знаеме да си го бодриме,да дадеме признание,да честитаме од срце.И утре кога ќе испаднеме од државата,со гордост ги истакнуваме сите успеси,за некои мали,за нас големи.
Нема Македонец што не скака од среќа кога Гоки ќе даде гол со Лацио,нема Македонец што нема да се контра на некоја изјава од Грција,нема Македонец што не беше горд на својата земја кога Бранко Црвенковски даде изјава во Обединетите нации(без разлика на политичко уверување),кога Срѓан го избраа за претседавач,итн.Се радуваме на мали нешта,чудно но премногу си ја сакаме земјата и секогаш сме во тек со настаните.Знаеме да го исплукаме лошото,да се обединеме во најтешкото.
Некој спомна на тв,ние сме народ кој се обединува во болката,а не во среќата.Морам да го демантирам...ние сме обединети и во среќата,ние знаеме вистински да сакаме и вистински да мразиме.
 
Ние ако не се цениме никој нема да не цени!
Како народ знаеме да го цениме доброто,имаме малку на што да се радуваме,но тоа го правиме најискрено,чисто со целото свое срце.Било да е тоа спорт кој не е најактуален на свет,нашето знаеме да си го бодриме,да дадеме признание,да честитаме од срце.И утре кога ќе испаднеме од државата,со гордост ги истакнуваме сите успеси,за некои мали,за нас големи.
Нема Македонец што не скака од среќа кога Гоки ќе даде гол со Лацио,нема Македонец што нема да се контра на некоја изјава од Грција,нема Македонец што не беше горд на својата земја кога Бранко Црвенковски даде изјава во Обединетите нации(без разлика на политичко уверување),кога Срѓан го избраа за претседавач,итн.Се радуваме на мали нешта,чудно но премногу си ја сакаме земјата и секогаш сме во тек со настаните.Знаеме да го исплукаме лошото,да се обединеме во најтешкото.
Некој спомна на тв,ние сме народ кој се обединува во болката,а не во среќата.Морам да го демантирам...ние сме обединети и во среќата,ние знаеме вистински да сакаме и вистински да мразиме.

Извини морам да те контрирам...може и тоа е тоа што нас како нација ни фали...самокритичноста,ајде да престанеме да се правиме дека сме најдобри во се...

Доказ беше трагичното загинување на Тоше дека нас може само лошото да не обедини,политичари кои со месеци се препукуваа околку договарање средба стоа еден до друг тогаш...дали стварно знаеме да ја бодриме земјата и кога губи или тогаш ја пцуеме?Дали сме подржувачи на нашиот спорт или гугутки серат по празните трибини додека ние дома гледаме англиско првенство?Дали стварно како народ знаеме да го цениме доброто?
 
Извини морам да те контрирам...може и тоа е тоа што нас како нација ни фали...самокритичноста,ајде да престанеме да се правиме дека сме најдобри во се...

Доказ беше трагичното загинување на Тоше дека нас може само лошото да не обедини,политичари кои со месеци се препукуваа околку договарање средба стоа еден до друг тогаш...дали стварно знаеме да ја бодриме земјата и кога губи или тогаш ја пцуеме?Дали сме подржувачи на нашиот спорт или гугутки серат по празните трибини додека ние дома гледаме англиско првенство?Дали стварно како народ знаеме да го цениме доброто?

А зарем сметаш дека еден Англичанец или Американец се замара всушност со прашањето кој е и што е?
Кај нас овој момент на сиромаштија и транзиција има удел веќе секој човек да се преиспитува себеси дали како народ чиниме....Системот е тој во кој е грешката!
Јас се прашувам зошто во други системи како што е Швајцарија, Америка, Австралија и др. успеваме како најамбициозни, најуспешни и најдокажани?
А смртта на Тоше докажа како обединето, горделиво и оддано го испративме овој човек, за што Словенците искоментираа дека тие немаат таква доблест да испратат на таков начин кој и да е човек
 
Извини морам да те контрирам...може и тоа е тоа што нас како нација ни фали...самокритичноста,ајде да престанеме да се правиме дека сме најдобри во се...

Доказ беше трагичното загинување на Тоше дека нас може само лошото да не обедини,политичари кои со месеци се препукуваа околку договарање средба стоа еден до друг тогаш...дали стварно знаеме да ја бодриме земјата и кога губи или тогаш ја пцуеме?Дали сме подржувачи на нашиот спорт или гугутки серат по празните трибини додека ние дома гледаме англиско првенство?Дали стварно како народ знаеме да го цениме доброто?


За ова веќе зборев во критики.Не сме најдобри во се,тоа мора да го сватиме,но денес зборев за во она што сме најдобри,за тоа што го имаме за фалење.Го имаме Гоки,тој не е најдобриот играч на свет,но ние го сакаме и бодриме како најдобар,да биде најдобар.И она што е денес он е наш успех,и денес се гордееме со него,ќе се гордееме долго време како со Панчев.Тоа ни се случува во реалноста,не измислуваме ништо,само му даваме подршка да биде најдобар.
Пред некој ден гледав на утринска програма,девојки освоиле бронзен медал во карате на светско првенство.Се почуствував горда,иако малку го познавам спортот,можам на некој од страна да му кажам дека од кај нас се девојките и ќе се потрудат за следното да освојат злато.Имам право да го кажам тоа,фактите го говорат тоа.Демантирав дека се соединуваме само во болка,потсети се кога Кометал стана првак,немаше човек во Македонија што не скокна од радост,што не се дереше на цел глас,иако девојките не беа сите Македонки дадоа се од себе и никој нема право да плука по нив во лоша сезона.Тие се најдобри и ќе бидат најдобри.
Знаеме да го цениме најдоброто,Тоше беше ценет и пред трагичната смрт и секогаш ќе биде ценет,зошто заслужи.Политичарите несакам да ги коментирам,од онаа приморана глума,ми доаѓа да плукам секој пат кога ќе ги видам.Има и меѓу нив добри луѓе,но се гушат од лошото,лицемерието и плампањето без врска по цели денови.
 
Влатко Стефановски изјави:
"Дај престанете да копате по ископување само на лoшиот веш, гледајте ги позитивните работи кај нас, зашто многу ги имаме!"
Да престанеме да живееме само во глупави и лоши моменти на озборување, критицизам, песимизам и меланхолија со еден збор неквалитетен живот ...да почнеме да живееме похумано и поквалитетно!
 
може и тоа е тоа што нас како нација ни фали...самокритичноста,ајде да престанеме да се правиме дека сме најдобри во се...
Си зборувал со еден просечен Србин или Хрват? Македонецот е далеку од таа самосвест, дека навистина е подобар од многу народи во многу работи.

За се` останато кажано денес воглавно се сложувам и ќе укажам на овој коментар...
Lady напиша:
Системот е тој во кој е грешката!
 
македонски менталитет. едно мало село. народ-сеирџиски,народ кој загледува, народ за кој не важат законитите, не се почитуваат, македончето оговара, помалку си гледа за себе отколку за другите.му се меша во работата на другите и мисли дека другите за своите постапки треба него лично да му објаснат.Комшиски народ.
potpolno se slagam!poveke gleda za dr otkolku za sebe!
 
Се сеќавате на она повеќечлено семејство што доби стан од владата пред некое време.Случајно ја видов мајката како продава пиратски цедиња,штета што не сликав да биде документирано.Значи,они добиваат помош од државата,возвраќаат со сива економија и пиратерство.Ниту данок,ниту ништо.
Од друга страна,мило ми е што нема човек во земјава што не ја плука Дора Бакојани.Тони Михајловски дури ја има и на магарешка маса како вештерка.Заедничко за сите нас:мразиме иста личност.
 
Македонците се земјоделци и сточари, трудољубиви и срдечни луѓе со огромни проблеми. Исфрустрирани од долгогодишните репресии од различен вид, оваа последнава (читај болната транзиција) им го завела умот. Инаку, по традиција христијани, многу хумани, птраијархално воспитани... сето тоа се доблести, кои денес се во пад кај нас. Се дури не се обединат по еден силен водач од нивните редови, кој би владеел на силна рака, тие не мозат да демонстрираат единство и прогрес во рамките на една своја теничка дрзавност. Тие се природно надарени за занаети и за работа (на физичко и интелектуално ниво), но поради политичките прилики не мозат да го развијат својот потенцијал. засега толку
 
Мислам дека не може да се генерализира што е Македонец. Такви стереотипи како секој швајцарец е точен на состанок или секој босанец е мрза во ова глобализација воопшто не држат место.
Светот станува се поблизок еден до друг, сега имаме метро/убер/хетеросексуалци низ улиците а и луѓе што студираат медицина а не ни знаат што значат овие именки.

Се согласувам со поголемиот дел од членовите што кажуваат дека сме премногу самобендисани како народ. Тоа ни е од она проклето влијание од онаа проклета србија за која секој ден се молам да ја снема веќе.
Како што кажа Леандра, можеби Горан Пандев не е најдобриот фудбалер на светот-но ЗА НАС тој е најдобар.
Не постои вмровец што не се радуваше кога Бранко Црвенковски им плесна шлаканица на грците со изјавата во ОН, или немаше сдсмовец што не се чуствуваше исполнет кога Никола Груевски изјави дека нема да се прават отстапки за името.
Ние имаме традиција и култура што ја негуваме, имаме стари обичаи кој што до ден денеска се прават. Малку сме и без ралика на се што се збори сите се сакаме.

Не сакам веќе да слушам Македонецот е ваков поради некоја танга на плажа...а што демек жените не се Македонки. Нее они сите се родени во Германија и мажите се криви што они не можат да облечат танга. Ако имате проблем со некој дел од културата тогаш сите сме подеднакво виновни за тоа...па дури би рекол ако жените имаат проблем тогаш они треба да го решат а не топката кај мажите да се префрла.
 
Веќе имам кажано во друга тема и ќе кажам и овде: не ги гледам луѓето според верата, националноста и слично. Сите сме различни, без разлика што сме сите Македонци. Тоа е моето мислење.
 
Понатаму... треба да сме свесни дека Македонците пред 150 години и Македонците денес се многу различни. Денес останале само оние генетски предиспозицирани карактеристики кои го определуваат нашиот општ белег и идентитет. Оти, мора да ги земеме предвид случувањата во XIX i XX век, со многубројните пропаганди, поделбата во 1913, двете светски војни. Се’ се тоа социолошки удари за македонскиот народ, кои се одразиле и кај поединците. еве ви еден пример. Во турско, и покрај административната власт и сите маки, МАкедонците опстојувале целосно, со сиот свој специфичен систем на вредности, маани и доблести. Сега, во 19 век се засилува пропагандата од соседите Грција, Србија и Бугарија, се појавуваат масовно најразлични банди, кои пљачкосуваат. И сега, во едно македонско село, во кое пред тоа се зивеело горе-долу добро, се појавуваат пропагандите и народот се дели. На момчето не му е дозволено да се озени со девојката оти тие се „бугарофили“ и слично. Таквите разлики и влијанија водат до оттуѓување на луѓето, и појава на низа промени во менталитетот.Па имало случаи кога едни фамилии не си оделе едни на други на празници од политички причини! Па и замислете колкава била улогата на црквата и нејзините (егзархиски или фанариотски) црковни воини, преку сите тие учења и сл. Во 1913, си ја знаеме маката, поделени сме и тоа е најголемиот удар, и башка што сме ја трпеле целата таа асимилација и теророт од новите „господари“. А во услови на сиромаштија, кај многу луѓе се пројавуваат лошите особини. И конечно, по двете светски војни ( и тоа во првата, кога се случувало двајца браќа да бидат во различни армии земени,и сл.) кога се раѓа една нова југославија. Тогаш македонскиот народ, еве да речеме, делумно ја добива својата слобода. Вазен е периодот во СФРЈ, точно е, но да се потсетиме на некои работи. Македонците се излозени на експерименти., со сите тие колективи, и исфорсирани индустријализации и модернизации, па својата култура тие ја губат. Тоа јадро на мекдонскиот идентитет, македонското село, е уништено, сите ги напуштаат вековните традиции, одат в град, седат во две соби, и работат во некоја фабрика. Нашиот фолклор во голема мера е разорен, дистортиран, и уништен. Тоа што е зачувано и истразено од нашата материјална култура е многу малку, и затоа денес многу Македонци имаат комплекс на помала вредност, дека ние сме бил вештечка нација, и така натаму...

Многу се наприказав околу ова, ама морав да илустрирам некои факти, оти тие се вазни за да се разбере менталитетот на денешниот Македонец во транзиција. А денес, притиснати од сите страни, ние сме во едно зиво мртвило, несвесни колку и самите пропаѓаме.
 
Многу чуден народ сме?

ок...колку пати сте ја слушнале фразата?
многу сме биле чудни како народ,многу сме биле невоспитани/некултурни/неевропски настроени...
црна дупка на балканот...
секако,под чудни секогаш,ама баш секогаш се збори во лош контекст.

кога се збори за другите држави,пак, “они се друг свет“...“таму е европа“...
не..ние сме друг свет...ние сме заостанатите...светот е нормален...нормално напредува...каде сме ние?

епа јас фино-лепо многу се нервирам кога ќе слушнам вакви муабети особено од тинејџери и воопшто млади луѓе.

зарем не може нешто да се превземе да се смени тој наш балкански менталитет?
до кога ќе се тупиме у место и за секој неуспех ќе се правдаме со “абе ние чуден народ сме“...

зарем не може да се направи некој кампања да се подигне свеста на народот,почнувајќи од тоа дека на пример на улица не треба да се фрла ѓубре кај ќе стигнеш,не смееш да се паркираш кај ќе ти дојде,не можеш да пушиш кај ќе ти дојде...
на децата да им се наметне тоа дека треба да учат јазици и компјутери и дека тоа е начин малце да се напредне од нашиот менталитет и да се искорени она “абе ние многу чуден народ сме“


шо сакате прајте со темава.
јас само да ви кажам дека многу чуден народ сме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom