Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
favoriti

Последна ја прочитав Сенка на ветерот од Карлос Зафон - одлична книга!! Има и уметнички квалитети, и одлична приказна (заплет, неизвеснот,...)

Во моментов ја читам Името на розата од Умберто Еко и мислам дека на крај ке бидам задоволен (иако има 800 страни). Инаку би ја препорачал и Остров - роман за животот на Крит во 2. светска војна.

Годишно читам 15-20 книги, али не секогаш изданијата на македонски (на пр. од Матица) се квалитетни наслови. На пр. Ракописот Q, Правило на четворката, Брокер - мислам дека ми се изгубено време.

Секако, сум ги поминал и Куељо и Ден Браун за кои би рекол дека се лесна (и интересна) литература за пополнување на време.
 
Во моментов ја читам Името на розата од Умберто Еко и мислам дека на крај ке бидам задоволен (иако има 800 страни).
Прекрасна книга во секој поглед, вредна е секоја страница и секој збор, нема ра се разочараш ни од крајот:) Да имам време, би ја прочитал пак.
 
Смрт во Венеција - Томас Ман
lol! pedofilsko homoseksualno psihopatska kniga ... so tipot na milioner ne ja znaese i se zaeba 125 000 nosese ...

Последна ја прочитав Сенка на ветерот од Карлос Зафон - одлична книга!! Има и уметнички квалитети, и одлична приказна (заплет, неизвеснот,...)

Во моментов ја читам Името на розата од Умберто Еко и мислам дека на крај ке бидам задоволен (иако има 800 страни). Инаку би ја препорачал и Остров - роман за животот на Крит во 2. светска војна.

Годишно читам 15-20 книги, али не секогаш изданијата на македонски (на пр. од Матица) се квалитетни наслови. На пр. Ракописот Q, Правило на четворката, Брокер - мислам дека ми се изгубено време.

Секако, сум ги поминал и Куељо и Ден Браун за кои би рекол дека се лесна (и интересна) литература за пополнување на време.
Ostrov od Aldus Haksli? Ako e taa mislam deka ne ja bigava zaso knigava me potseka na liliputanski svet neso utopija :S
 
Само што ја прочитав „Демонот и госпоѓицата Прим“ Од Куељо, за која ќе кажам дека е мн. добра книга. Земав да ја читам „Ѕвонарот на богородичната црква“ од Виктор Иго, и и покрај тоа што ми кажувале дека е добра, на почетокот ми е малку досадна! И сега размислувам, после неа која да ми биде следната книга:)
 
Моментално ја читам, Се плашиш ли од темница - Сидни Шелдон...
Одличен трилер, кој го опишува суровиот живот, и трката за власта...
 
Избришани купче мислења кои беа оф топик. Мими растури, Пикасо, не знам шо се деси, новиот плејбој не стигна? :pos:
Туку, специјално за Мими да не иде оф топик еве ја темата која ја бара...

Тука коментираме книги
 
Москва на солзите не им верува ( по втор пат за кратко време). Ѕверска книга! :)
 
Странецот од Ками. Ми се свиѓа, посебно вториот дел кога е во затвор :)
 
Тајните ракописи од Египет. Само што почнав да ја читам, така да, импресии понатака :)
 
Најголемите светски мистерии од Најџел Блундел. Податоци за Инките, Бермудскиот триаголник, Мери Целеста, нацистичкото богатство... Реални описи на досега познатите факти за овие појави. За оние кои сакаат да дознаат повеќе за местата и цивилизациите во светот кои се сметаат за мистериозни, ова е вистинската книга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom