Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Митот за Сизиф од Албер Ками,како прва книга од трилогијата на Ками,после следува Странецот и незнам зашто ама мислам дека многу ќе ми се допадне книгата!
 
Во моментов почнав по втор пат да ја читам "I am Legend"-Richard Matheson,многу јака кинга.Ми остави голем впечаток после првото читање,па решив да ја читнам уште еднаш.
 
"Евгениј Онегин" од Пушкин. Не е нешто што одушевува, ама класик е, и лектира ми е.:pipi:
 
Немаше поблиска тема па пишам овде.
Дали некој знае книжари во Скопје каде можам да ја најдам ДУПКА ВО МОЗОКОТ од Дитас? или пак нешто друго од него.
 
Последно слободно што имам можност да го прочитам пред делата од четврта година е:
Вирџинија Вулф-Госпоѓа Деловеј и Сопствена соба:galerija:


Во наше време ова не постоеше на листата на дела во средно:pos2:.Ама сепак убав избор:wink:.
 
„Збогум мои петнаесет години...“ - Клод Кампањ

Иако јас одамна се збогував со моите 15. :)

Убав стил за доловување на атмосферата во едно такво идилично место каде што живее девојчето кое е главен лик... И интересна приказна уште на самиот почеток.
 
Поезија од Лермонтов и Пушкин.

Фуче Руско. :)
 
Моментално читам

1.Не губете ги нервите на големи работи-Ричард Карлсон

2.Автостоперски водич низ галаксијата-Артур Даглас

3.Часови-Мајкл Канингам( и за неа предвреме веќе оформив мислње дека е многу закон...иако од претходно гледан ми е филмот,но стилот на која што е почитувана е феноменален!
 
Поезија од Лермонтов и Пушкин.

Фуче Руско. :)


леле вие моментално по македоснки јазик се обработуваат...досаден руски романтизам(на моменти е навистина добар ипак)...И Евегниј Онегин истовремено...бљак(затоа си ги читам моите де...)
 
Мхм, читање лектири е аут.
Пушкин и Лермонтов. Бљак.
Руска литература. И тоа бљак.
Што мора класици да читаме?

Ќе читаме ,,Како да не ги губиме нервите на ситните работи‘‘.
Оу јее :vozbud:
 
Не губете ги нервите на големи работи-Ричард Карлсон

Да не е „Не губете ги нервите за ситни нешта“? btw ѕирни ја темава за да видиш каков тип на книга е оваа.

леле вие моментално по македоснки јазик се обработуваат...досаден руски романтизам(на моменти е навистина добар ипак)...И Евегниј Онегин истовремено...бљак(затоа си ги читам моите де...)

„Евгениј Онегин“ ја споредуваш со ваков тип на книги... Овие се ремек дела на романтизмот, а таа што ја читаш е прирачник што им објаснува на глупите Американци како треба да живеат.

Anyway сè е до вкусот на читателот.
 
Да не е „Не губете ги нервите за ситни нешта“? btw ѕирни ја темава за да видиш каков тип на книга е оваа.



„Евгениј Онегин“ ја споредуваш со ваков тип на книги... Овие се ремек дела на романтизмот, а таа што ја читаш е прирачник што им објаснува на глупите Американци како треба да живеат.

Anyway си е до вкусот на читателот.

Многу јасно дека е прирачник што им објанува на глупите Американци како треба да живеат,но ете сум се фатил да ја читам и заклучокот дојде подоцна.Книгата е прилично банална,се тоа па тоа.Иначе истиот писател ја има напишано Не губете ги нервите на мали нешта...

За Евгениj Онегин...не ми се допадна,зошто веќе бев презаситен од романтичарски дела како Бајрон и Вертер и плус поезии романтичарски итн...и едноставно ми дојде преку глава од романтичарски дела. :D:D

А некој да даде коментар за Часови...ремек дело е книгата...вие ме затнавте за таа на американецот... :S

Anyway да ја цитирам мојата професорка по македонски(златна да е):"секој напишан збор е вреден да се прочита..."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom