Што би се случило доколку ги прекинеме „преговорите“ за името?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
па сетете се луѓе бе, не беше така одамна кога ГРЧКИОТ КОНЗУЛ во Скопје изјави дека Македонија го доби спорот со името, еј противникот ти вика дека спорот е добиен, а ние ....

Уште да цитираше целосно и правилно, ќе ти бевме благодарни.

Грчкиот конзул, Теодора Гросоманиду, изјави на Фајнешл Тајмс дека Македонија ја доби борбата во меѓународното признавање под Уставно име и дека Грција треба да ја прифати таа реалност.

После оваа изјава беше повлечена од својата функција, од страна на Бакојани.

Поентирајќи во меѓународното признавање на МК под уставното име, скоро ништо не се променило освен што напреднавме.( дури и ако ги иземеш Мексико и Конго чинам не е битно ) Сеуште сме блиску до 2/3 мнозинство од ООН членството. Кои и онака не е пресудно, се додека Франција е по страната на Грција.


Затоа убаво ти порача Мисирков, СИМНИ СЕ ОД ОБЛАЦИТЕ.
 
Уште 10 ќе ни лупнат и око нема да им трепне!:toe:


Знам дека ќе лупнат, знам и дека судиите ќе замижат на тоа, ама колку повеќе го комплицираме случајот, толку повеќе луѓе ќе треба да си го извалкаат образот.

А и Словенија ни врши огрооооооома услуга во моментов, така да ќе се движат работите.

Значи има многу работи што можат и треба да се направат, има луѓе кои се платени за тоа и нека си ја бркаат работата.

АМА НЕ МИ ВЕЛЕТЕ ДЕКА НЕ НЕЌАТ ВО НАТО И ДЕКА ТРЕБА ДА ВЛЕЗИМЕ ВО ШАНГАЈСКА ГРУПА!!!

Уште да цитираше целосно и правилно, ќе ти бевме благодарни.

Грчкиот конзул, Теодора Гросоманиду, изјави на Фајнешл Тајмс дека Македонија ја доби борбата во меѓународното признавање под Уставно име и дека Грција треба да ја прифати таа реалност.

После оваа изјава беше повлечена од својата функција, од страна на Бакојани.

Поентирајќи во меѓународното признавање на МК под уставното име, скоро ништо не се променило освен што напреднавме.( дури и ако ги иземеш Мексико и Конго чинам не е битно ) Сеуште сме блиску до 2/3 мнозинство од ООН членството. Кои и онака не е пресудно, се додека Франција е по страната на Грција.


Затоа убаво ти порача Мисирков, СИМНИ СЕ ОД ОБЛАЦИТЕ.

Што сакаш да кажеш со тоа правилно цитирај? Мислам има разлика од тоа што го кажав и цитатот?

Добро што сакаш да ми кажеш, која е твојата цел, мислам што мислиш дека треба да правиме?


Кога ќе се симнам од облаците, батка јас си одам од државава!
 
Поубаво побрзај, овде мед и млеко тече, сам се отвара вентилот и ти се сипе во стомак.

А подобро би било да почнеш да ги читаш без скокање постовите, за да не поставуваш веќе одговорени прашања.

И те прашав, дали се промениле моите ставови со оние пред 6 или повеќе месеци кога бев во Македонија?

Лека ви ноќ :smir:
 
тенеќе,
надвор од ЕУ и НАТО види ник ;)
 
И ќе им се приклучиш на тие што сега многу те нервираат?:kesa:

Па барем ќе живеам како човек, а и ќе бидам голем ПАТРИОТ кој не го дава името и вика дека ќе умираме лавовски или корења ќе јадиме или такви слични фрази ...

тенеќе,
надвор од ЕУ и НАТО види ник ;)

:smir:

Поубаво побрзај, овде мед и млеко тече, сам се отвара вентилот и ти се сипе во стомак.

А подобро би било да почнеш да ги читаш без скокање постовите, за да не поставуваш веќе одговорени прашања.

И те прашав, дали се промениле моите ставови со оние пред 6 или повеќе месеци кога бев во Македонија?

Лека ви ноќ :smir:

Не се променети, ама не се ни мојте нели?

Абе оние постови ги прочитав и тие се наменети за децава на форумов да ти викаат УРААА. Нема решение во нив, има само пропаст.


Инаку да не излези дека ве мразам или било што, да напоменам посебно ги ценам вашите залагања за ширење на вистината за Македонија и Македонската историја, но сепак неможам да се согласам со вашите ставови во врска со иднината на Македонија.
 
Не можам ни јас да се сложам со твоите ставови за иднината кои, во ситуација на сигурно грчко вето, нуди негација на македонскиот идентитет за членство во ЕУ и НАТО.

Всушност, ни тои не е точно, Грција стои цврсто на становиштето Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ по никаква цена. Сообрази се со таа реалност.
 
добро бе тенеќе,
Јас не видов никој тука, што тврди дека е против НАТО и ЕУ доколку не примат со уставно име. А истовремено ти го викаш истото. Јас незнам што сакаш да кажеш, најискрено.
И каква врска има кој каде се наоѓа? Па името за сите подеднакво ќе е сменето.
 
Всушност, ни тои не е точно, Грција стои цврсто на становиштето Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ по никаква цена.


Знам, ова е ВОЈНА, за среќа сега засега е без оружје и треба да се бориме да ја добиеме, нели?

Инаку и откажувањето ќе биде капитулација, тоа е она што сакам да ти го објаснам.

Затоа што во моментот кога ќе влеземе во ЕУ, ние ќе бидеме и ќе останеме МАКЕДОНЦИ долго време, барем додека постои ЕУ како таква.

НАТО ни треба да ја напрајме државава барем 2-3 милиони чисти македонци плус останати...

Е после кога ќе се распаѓа НАТО, ЕУ, ова она, барем да имаме со што да се бориме, не со оваа полу креирана држава.

добро бе тенеќе,
Јас не видов никој тука, што тврди дека е против НАТО и ЕУ доколку не примат со уставно име. А истовремено ти го викаш истото. Јас незнам што сакаш да кажеш, најискрено.
И каква врска има кој каде се наоѓа? Па името за сите подеднакво ќе е сменето.


Темава е дали да ги прекинеме преговорите, кои реално се фарса, но несмееме да ги прекинеме ни под точка разно. По мое мислење тоа е опасно сценарио.

Значи јас зборувам во контекст на темава, не си чатам како што ми текнало.
 
...Па барем ќе живеам како човек, а и ќе бидам голем ПАТРИОТ кој не го дава името и вика дека ќе умираме лавовски или корења ќе јадиме или такви слични фрази ...
...

а јас прво би воспоставувал аудио-линк со Гласот на Томиќ и би го кажувал истото што и ти, за да не остане неслушнато, а корења ионака јадам, пошто сум вегетаријанец

само нема да можам да умирам лавовски, пошто тие се месојади
 
Србија во 2009 аплицира за во ЕУ

Србија идната година ќе аплицира за членство во Европската унија (ЕУ), изјави вицепремиерот Божидар Ѓелиќ, во денешно интервју за белградски „Вечерње новости“

Српскиот вицепремиер притоа посочи дека Белград е свесен дека патот на интеграција ќе биде отежнат поради светската финансиска криза, изборите за Европскиот парламент и загубеното време поради ирското „не„ на договорот од Лисабон.

Тој наведе дека „тврдиот став“ на Холандија го успори патот на српската интеграција и додаде дека најсигурен начин да се промени ставот на Хаг е да бидат уапсени обвинетите од Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ.

-------------------------------------------------------------------

http://www.makfax.com.mk/look/novin...n=2&NrArticle=136578&NrIssue=858&NrSection=20
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom