Што би се случило доколку ги прекинеме „преговорите“ за името?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
и ако ги прекинеме преговорите, апокалипса сигурно нема да се деси, а тоа е доволно

сепак, треба и ние да играме на лицемерната карта и да глумиме дека преговараме

инаку мое лично мислење, е договорите веднаш да се прекинат, така би било правилно
но мислам дека последиците од тоа би биле поголеми, отколку да глумиме и ние

проблемот е дали имаме добри глумци
 
Не ни треба глумци за преговарање, ни треба цврст став и толку. Нема никаква правна ни етичка норма која забранува самоопределување.

Само треба да се прошират преговорите, како што они ги проширија. Од име до идентитет. Така и ние. Ќе отвориме нови точки за преговарање.
 
Па да речеме дека сум за она што го напишав, ама веднаш прием у ЕУ.

Е па проблемот е што грција нема да сака и така да влезиме во ЕУ.

Затоа што и со сменето име ние ќе имаме огромен број на инструменти да се бориме за нашето име и нација само тогаш како членка на ЕУ.

Грција го знае тоа, затоа единственото решение за кое реално тие се залааагат е Македонија да се распадне.

Така да нема друго чаре освен да се бориме и за името и за влез во ЕУ и НАТО под истото.

Жално е само што одредени луѓе не го сваќаат тоа и сакаат да ја тргнат Македонија од правецот кон НАТО, што им оди во прилог на грциве.
 
и?

како што?
гуштери, змии, безрбетници, мекотели?
под кое име, нација?
после тоа пари реки по улица ќе течат?
??

Реши си го проблемот , многу полесно ке ти биде затоа што за твоја несреќа поголемиот дел од македонците не мислат како тебе.
Пиши се Лукис Гзолизис , оди во грчка амбасада напиши изјава дека македонци не постојат и дека ти си се осознал како титова дркотина.Ем ке бидеш грчка звезда на сите тв програми , а ке ти дадат одма и пасош,па си автоматски во ЕУ.Подобро него масовно да растураш мозок по форумов и да ги опаметуваш другите .Еве јас сум еден од глупаците кои одамна имам исполнето услов да земам европски пасош , ама сум сеуште „глуп„ и си го чувам македонскиот:toe:
Епа ако е така треба да пресечеме еднаш засекогаш, но работава виси во воздух, и не се криви само нашиве политичари за тоа туку сите ние. Мене така ми изгледаат работиве, дека немаме патриотизам, само празен инат а и него ќе ни го згаснат, но јас не би одлучувал за сите, за себе да. Може би го направил тоа за себе, Гораздс, но може во последен миг би се предомислил и би ги отерал у триста пм. :)
 
Ама ако го смениме името, народот и јазикот ние па во себе може да си се осеќаме како оригиналот и да шетаме по Европа со парите од еден вработен по фамилија.

Абе можеш ти пак постојат многу решенија за тоа, само ти јавно изјави дека не си Македонец, одма ќе почнат понуди да фрчат од комшиите. Па после осеќај си се како сакаш.
 
Абе можеш ти пак постојат многу решенија за тоа, само ти јавно изјави дека не си Македонец, одма ќе почнат понуди да фрчат од комшиите. Па после осеќај си се како сакаш.

Тоа беше сарказам и се однесуваше на Црвенковски.

Колку време не си во Македонија?
 
Тоа беше сарказам и се однесуваше на Црвенковски.

Колку време не си во Македонија?

Тоа беше можно решение за Славјански и за сите кои така мислат.
Абе чоек не е ова размислување на некој кој не е во Македонија и нема некој екслузивно право вака да размислува само додека е во Македонија. Вака размислуваат мнозинството Македонци и во Македонија и надвор.

И ај те молам објасни зошто Македонците од надвор не смеат да имаат мислење за Македонија ?
 
јамајка, полека брат, сарказам е сарказам, не се пали.
Бранко има решение за сите проблеми.

Како ќе ја решите сиромаштијата во Македонија ?
Ќе вработам по еден член од секоја фамилија, иако е пазарна економија.

Како ќе се справите со светската економска криза ?
Ќе го намалам ДДВ од 18 на 15%.

Како ќе го решите проблемот со името ?
Ќе ја наведнам кичмата и за 3 месеци во НАТО сме.

Како против борбата со организираниот криминал ?
Ќе го ловам октоподот а не само неговите пипци.

Овакви решениа мора да ги осетиш во Р. Македонија за да ти се роди сарказам од таков вид.
 
Е добро де, греши чоек...само ретко кој ги признава грешките :wink:
 
Тоа беше можно решение за Славјански и за сите кои така мислат.
Абе чоек не е ова размислување на некој кој не е во Македонија и нема некој екслузивно право вака да размислува само додека е во Македонија. Вака размислуваат мнозинството Македонци и во Македонија и надвор.

И ај те молам објасни зошто Македонците од надвор не смеат да имаат мислење за Македонија ?

Ми сметаат само тие што од далеку ми викаат дека не ни треба НАТО и ЕУ, а тие си го сместиле газето во некоја НАТО или ЕУ земја.
Такво лицемерие неможам и нема да трпам.

Инаку јас никому не ограничувам мислење. Премногу ја ценам слободата на изразување за да му забранувам или да ми смета некој.

Неќев да те навредам, туку во контекст на тоа што му го кажа на Славјански, гледам не ги познаваш работите овде или си премногу сериозен, затоа те прашав.

:smir:
 
Види од друга страна коа ќе видиш они имаат искуство со ЕУ и НАТО и можеби гледаат не е проперитетот тоа...

Туку друго е проблемот, такви нема! Сите сакаат да влеземе во НАТО и ЕУ, и сите се борат за тоа. Но некои луѓе сметаат дека тоа е скоро завршена работа и дека неможеме да се избориме. И не ни викаат да не се бориме, туку ни викаат да се освестиме и да си го бараме чарето. Што е сосема во ред. Едноставно убаво е да се има план Б.
 
Планот Б е грчко сценарио, иако тие кои го заговараат овде можеби најдобронамерно го мислат тоа сепак влегуваат во шемите на грчките пропагатори, како Латас и компанија.

Најдобрата пропаганда не ја гледаш или сеќаваш, ама ја конзумираш, прашај го противпропаганда за тоа.
 
тенеќе,
не зборам со пп скаран ми е.
дај објасни ми ти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom