Многу е битно, и јас да станам ВИСОКОИНТЕЛЕГЕНТЕН и да си го сместам газот во некоја ЕУ или НАТО земја, и јас ќе велам не ни треба НАТО и ЕУ, се е корумпирано овде, немојте да идите, заникаде се овие ќе се распаднат...
Јаоо.. немој само високо ироничен да бидеш :pos2:
Што би се променило во твојот став доколку би бил во некоја ЕУ членка?
Дали воопшто имаш информации кој како живее и што работи за да преживее, можеби причината поради која заминал ?
А уште побитно, што лесно согорливиот мозок неможе да го сфати преку дискусијава сега,
е да ги провериш моите ставови пред 6 месеци и да ги споредиш и да ми кажеш каде се разликуваат?
За твоја лична неинформираност, бидејќи се најде оправдано увреден, пред 6 месеци заминав на постдипломски во Варшава. Кога ќе ми заврши студентскиот престој, си доаѓам дома.
Можеби според тебе, сега мене не би требало к*р да ме боли за Македонија и за Тенеке, за семејството и блиските пријатели кои останале.
Но, се е до способноста да се перцепираат работите на правилен начин.
Доколку ти мојот став сакаш да го оспориш, пробај со НЕ продавање лажни надежи за влез во ЕУ како Македонци. Доколку биде донесена таква одлука за смена на името, која патем може да биде донесена исклучиво од оние кои моментално се наоѓаат во земјата, ме засега директно и мене. Бидејќи од тој момент ниту јас повеќе нема да бидам евидентиран во личните документи како Македонец.
Тоа нема да го прифатам, во ниту еден случај.