Што би се случило доколку ги прекинеме „преговорите“ за името?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Преку глава ми дојде веќе од пропагандата која се наметнува и полека ги јаде луѓето...се наметнува чувство кај народот демек „за едно име пропуштаме секакви благодети, а името не е и битно до толку“...Со кој памет!?

Ајде. Кажете ги можните варијанти кои би настанале доколку трајно ги прекинеме преговорите за името.

И друга работа. Кои се аргументите, да ги собереме на едно место, вез основа на кои би се прекинале „преговорите“ со грците во врска со нашето име/идентитет?
 
Какви благодети бе,тоа сето е една голема фарса со цел да и се попушти на Грција под притисокот што оваа циганска земја го наметнува.

Во ЕУ не течат ни мед ни млеко,следете само колку проблеми од масовен карактер има и во ЕУ земјите.

Којшто живее во земја-членка на ЕУ знае како е.

Еве го Исланд банкротира преку ноќ,а во 2007г беше една од ЕУ-земјите со најдобра економија и голем економски потенцијал.

Особено,ако е во прашање земја од Балканот,тогаш и да влезе во ЕУ нема да има некои драстични промени,на почетокот ке биде дури и тешко(првите десетина години),многу луѓе ќе започнат масовно да се иселуваат,трагајќи по подобар живот на западот,а дури и да има промени,знајте дека тие промени ке се почувствуваат по многу долг период.

Единствените екстри,кои од почеток го добиваме со влез во НАТО и ЕУ ке биде тоа што стабилноста и безбедноста на земјата(во случајов нашата држава)ќе бидат горе-долу загарантирани.

Но,нема се да цути,како што многумина мислат.
 
Што ќе се случи?

Лигушите од ЕУ и НАТО ќе се испаничат,
Македонија ќе излезе од изолација,
ќе дојдат инвестиции од Истокот,
лигушите ќе се предомислат, па ќе почнат да водат борба со Истокот кој повише ќе инвестира, ние ќе станеме појаки па ќе и пратиме на ЕУ олеснувачи и услови што треба да ги исполнат, ако сакаат да им се придружиме,
за тоа време ќе почнеме кампања за враќање на украдената историја,
и
на крај сите ке се тепаат кој да ни биде пријател,
Македонија ќе го добие местото што го заслужува во светот.
 
Македонија ќе го добие местото што го заслужува во светот.

Македонија би станала центар на внимание само на соседните држави,заради ,,нерасчистени,,сметки.

А,посебно уважение од светот тешко дека ќе има.

Не сум песимист,само реалист.
 
Македонија би станала центар на внимание само на соседните држави,заради ,,нерасчистени,,сметки.

А,посебно уважение од светот тешко дека ќе има.

Не сум песимист,само реалист.

Да, но ние нема да го дозволиме тоа:nenene:
 
Ќе изумриме за 30-40 години одкако ќе се прекинат преговорите...
вака е поубо.. нит угоре нит удлоу...
ако се прекинат сигурно е удолу...

и не фантазирајте, инвестициите од запад идат не од исток... исток има богати природни богатсва ама сета поента во благосостојбата е кој ја има технологијата и занаењето а за тоа нема потреба да се објаснува кој ја има..

не викам дека треба да го шитниме името ама дефинитнивно мораме некако да се интегрираме...
со пазар од 2 милиони и изолација не не бива...

јас дури сум да се интегрираме со некоја од балканските држави - било која и најнеразвиена да е мислам дека далеку подобро ќе поминиме...
некаков конфедеративен статус или така нешто... не е тоа страшно нема ништо по однос на идентитет и народнос да се наруши а животот ќе се подобри ... ќе се реши и проблемот со името така...

мислам дека само со Грција не можиме да се интегрираме на некој начин... додека со било која балканска држава склучвање на некакви такви договори ќе ни обезбеди многу предности....

пред се тука гледајте го економскиот аспект, многу луѓе, големи пазари, мали даноци и трошоци итн итн.
 
вака е поубо.. нит угоре нит удлоу...
ако се прекинат сигурно е удолу...

Тооооо...брат.

И јас сум согласен дека опцијата,,ни на небо ни на земја,,е подобра од секоја друга.

Само што човечкото срце не трпи неизвесност,па затоа нека не не чуди што сме рекордер во инфаркти и срцеви заболувања.
 
Ќе изумриме за 30-40 години одкако ќе се прекинат преговорите...
вака е поубо.. нит угоре нит удлоу...
ако се прекинат сигурно е удолу...

и не фантазирајте, инвестициите од запад идат не од исток... исток има богати природни богатсва ама сета поента во благосостојбата е кој ја има технологијата и занаењето а за тоа нема потреба да се објаснува кој ја има..

не викам дека треба да го шитниме името ама дефинитнивно мораме некако да се интегрираме...
со пазар од 2 милиони и изолација не не бива...

јас дури сум да се интегрираме со некоја од балканските држави - било која и најнеразвиена да е мислам дека далеку подобро ќе поминиме...
некаков конфедеративен статус или така нешто... не е тоа страшно нема ништо по однос на идентитет и народнос да се наруши а животот ќе се подобри ... ќе се реши и проблемот со името така...

мислам дека само со Грција не можиме да се интегрираме на некој начин... додека со било која балканска држава склучвање на некакви такви договори ќе ни обезбеди многу предности....

пред се тука гледајте го економскиот аспект, многу луѓе, големи пазари, мали даноци и трошоци итн итн.

Само да те потсетам,прашањето е поставено на Македонците, а не на некои од нашите соседи, така да нема простор за протнување на некои пропаганди како твојава:helou:
 
Само да те потсетам,прашањето е поставено на Македонците, а не на некои од нашите соседи, така да нема простор за протнување на некои пропаганди како твојава:helou:
Е браво бе брат... пропагандиве мој... ц ц ц ц ...

гледај реално...
во ЕУ не влегваме секако...
нема изгледи да се развиеме како нација и да имаме подобар живот без интеграција...

што предлагаш ?????

Јас пред се сум ако беше возможно да бидиме американски протекторат... ама и тоа не бива...

единствен начин е некаква балканска интеграција што изгледа прилично реално

Инаку и јас сумМакедонец , а ако не бев немаше да се замарам со ова...

ние сме само 2 милиони со толку малце народ не бива ништо..
 
Грција.
Ти одат со тенкови на цивилно население.
Воени вежби ти прават во двор.
Користат осиромашен урениум, ти ја контаминираат почвата, водата.
Кршат основни човекови права повеќе од 1 век.
Немаш ниту една европска организација тоа да го постави како проблем, односно нивната земја членка да ја стави под мониторинг.
Реагираш до целата меѓународната западна заедница и добиваш одговор.
Не сум слушнал.

Македонија.
Фрлил батка петарда пред изборно место, пишуваат извештај изборите во Македонија се насилни.
Не даваат оцена дека петардите се фрлени кај 1% од избирачките места и претежно во места каде УЧК , нивните пулени ровареа 2001 година со помош на америчката и германската тајна служба.
Те шиканираат за сите можни нормални постапки, еве сега и Бродец ќе го испитуваат.
Те снимаат до 12 палачното црево и ти бараат гомненици.
Ти велат прљав си, треба да се продрскаш.

И ти им велиш, да реален е извештајот на Европската комисија.

Некој нормален во оваа држава?

Прекин на преговори ?
Повлекување на барањето за членство во ЕУ и НАТО, членство во шангајската група и воен сојуз со Русија.
Поднесување барање за прием под Уставно име.
Така се прави држава.
 
А пропо прашањото, то ест темата, доколку ги напуштиме преговорите ќе ги изненадиме сите од количеството муда кое го држи македончето! Ама за жал тоа никогаш нема да се случи! :zid:
 
А пропо прашањото, то ест темата, доколку ги напуштиме преговорите ќе ги изненадиме сите од количеството муда кое го држи македончето! Ама за жал тоа никогаш нема да се случи! :zid:

Мора да се случи и ќе се случи
 
ние сме само 2 милиони со толку малце народ не бива ништо..

Ова ти е чиста глупост, како може словенија со 1,3 милиони да ја бива а нас да не не, бива, не ти држи тоа со бројноста на населението.
 
Ние се занимаваме со нус продуктот на ЕУ.
Грција како држава нема таква сила да оди контра ООН.
Грција силата ја црпи од ЕУ и НАТО.
Незнам дали суштината ја сваќате ?
Суштината на нашиот проблем е токму ЕУ и НАТО.
Тоа се организации кои не се компатибилни на нашиот словенски ген, поготово не на оној кон не му служи на Ватикан.
Таквите организации тебе не ти даваат избор.
Едноставно ти велат, самораспушти се ние да не те бомбардираме.
Кој губи територии и население во изминатите 100 години, еве да не одиме со милениуми ?
Зарем Егејска Македонија не е идентичен пример со Косово ?
И по главни играчи и по методи на менување на етничка, културна карта на територијата.

За втората светска војна сите говорат за еврејскиот холокауст, каде е холокаустот на Славјаните кои имаат 3 поголеми човечки загуби.
Повторно некој манипулира со историјата.

Во многу јак филм сме влезени, се молам само на режисерот да му снема лента.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО СО ГРЦИЈА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Преговорите прекинуваат?[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По Букурешт е веќе јасно дека ниту ЕУ ниту САД имаат интерес да се караат со Грција и дека ја притискаат Македонија да направи компромис само затоа што таа е послаба страна. "Нив Македонија ги интересира само ако има криза", велат аналитичарите[/FONT]

%7BBE0791BE-3123-4098-9F2A-1E9856894168%7D_nime-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Преговорите за името со Грција се донесени во крајно критична фаза и пред можност да бидат блокирани, тврдат експерти и лица упатени во преговарачкиот процес. За тоа веќе извесно време се свесни и премиерот и Претседателот, но меѓу нив се води политичка пресметка кој тоа јавно да го соопшти како државен став. Аналитичарите велат дека претседателот Црвенковски, иако знае дека не постои "фер и компромисно решение кое нема да задира во идентитетот на земјата", сепак, во политичката борба максимално ја искористил темата за името за да го крене својот рејтинг, а со тоа што го отповика преговарачот Димитров, де факто го остави премиерот Груевски сам да мора да ја подготвува јавноста дека преговорите може и да прекинат.
Владини извори потврдуваат дека не само името туку и јазикот и идентитетот за цело време биле имплицитно споменувани во преговорите, речиси како пакет. Никогаш, а особено по априлскиот НАТО самит во Букурешт, нема ниту еден показател дека Грција би направила компромис и оти би се откажала од тој пакет. Впрочем, Грција до сега не прифати ниедно понудено решение.
"Затоа, за преговарачкиот процес, и особено за позицијата на Македонија не е добро што одредени политичари во земјава шират илузија дека решението е на дофат и поради некоја причина некој не сака да го прифати. Такво решение кое е на дофат не постои", велат во Владата.
По Букурешт е веќе јасно дека ниту ЕУ ниту САД имаат интерес да се караат со Грција и дека ја притискаат Македонија да направи компромис само затоа што таа е послаба страна. "Нив Македонија ги интересира само ако има криза. Тоа го покажале досега многу пати од 1991. А бидејќи веќе нема потенцијал за криза од меѓуетнички судири, единствената можна криза би била ако Македонија ги напушти преговорите за името", велат аналитичарите.
Аналитичарите забележуваат дека во државниот врв во последно време се артикулира тезата дека ако Македонија опстои цврсто на ставот да не го менува името, дури и до степен да ги напушти преговорите, тогаш странските сили би биле многу позаинтересирани да се вклучат и да и помогнат на земјава во решавањето на спорот.
(Д. Д.)

Превземено од ВЕСТ
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159207&idg=8&idb=2516&rubrika=Makedonija
[/FONT]
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom