Што би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?

  • Креатор на темата Креатор на темата city park boy
  • Време на започнување Време на започнување

Што Би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?


  • Вкупно гласачи
    238
дефинитивно би му помогнал. ќе се потрудам да разговарам со него/неа е сега тој/таа кога решил да зема дрога сигурно нема мене да ме послуша и да ја остави тука да се проба. а ако не ми успее одма им кажувам на неговите/нејзините родители, па тие си знаат најдобро
 
Малку сурово но секој одговара за својот живот, ако на некого не му е мил животот и ако има цел побрзо да го уништи што можам јас..ништо!.. он/она ако решил да се дрогира тоа е негово право, веќе кога влегол во тие води нема назад. Едноставно постепено ќе излезам од тоа друштво, таму дефинитивно не ми е местото.
 
дефонитивно ќе му помогнам,ќе пробам да разговарам со него/а ама ако е решен да користи дрога,тука мислам дека ништо нема да можам да направам.
 
А зошто мора да се прави нешто???
па нека се дрогира тоа е негово демократско право ....ако сака и расол нека пие:toe:
 
Ке прашам од кај зема и дали е добра за да си зеам и јас ??? :pos2::pos2::pos2:<мајтап>

Не копчам зошто би требало да напрам нечто по темата ... Ако е коректен спрема мене и не ми прај незгодни ситоации ... ОК ... Ако не е просто и едноставно ке си казам дека неможи да го контролиа то шо го зема и ке си се тргнам ...
Друго неможи ... Негово право е шо ке прај во животот .
Како шо јас некјам да ми казват и сметам дека е грешно да ми казват дека многу : Пијам , пушам, седам пред комп , пијам многу кафе итн итн. Така сметам дека и јас не треба да му кажвам на некој шо тој треба или ен треба да прај .
 
Убо, ама на секај тема мајтапиш првин, а со тоа индиректно даваш и други да мајтапат постојано, не само на потеток.

Неумесно е тоа. Немој!

Инаку, на темата, ако е трава, нека му/и е, ако е тешка дрога, ќе се обидам да помогнам, ако не успеам, крај на пријателството, бидејќи оние на тепки опојки немаат пријатели, само интереси за зависноста!
 
Кога е некој близок во прашање се знае дека ќе направам се за негово добро.Одма и без размислување ќе кажам на неговите/нејзините за да му/и помогнеме заедно на најсовршен начин.Лекување и крај.Во првите недели ќе ме мрази ама кога ќе стане свесен/свесна ќе ми се заблагодарува.Како што се родителите никој не е.Тие знаат што е најдоброто за нивните деца и се ќе направат тие да бидат среќни и здрави,ниту јас или било кој како пријател не би можел да помогне на тој начин,така да тоа е мојот конечен одговор.:pipi:
 
Ќе се потрудам првин во мој раце да ја земам одговороста и како другар да му помогнам.Доколку ми е добар другар и го ценам ќе одам со него до крај и ќе дадам се од себе за да му се помогне.Ако не успеам јас да најдам решение ќе ги контактирам неговите родители па заедно со нив ќе се потрудам да го оттргнам од тие работи.
 
ке ги советувам и ќе бидам многу упорна,можи да ги поткажам на родителите да си превземат мерки и на крајот би го напуштила тоа друштво
 
Една другарка земаше ама многу дискретно,дури после три месеци дозна дека зема:pipi:

он-топик
Немам ни приближно идеја како да го решам овој проблем.
Веројатно ако дојде до ваква ситуација ќе отстапам во надеж да не направам повеќе штета.
 
Ќе го терам да гледа на ју туб видеа поврзани со дрогите и да чита што му прават на телото(освен ако не загацал длабоко тогаш користам терапија портокал го киднпирам врзувам за кревет и ко оставам да се детоксифицира )

Еве едно поучно видео :)
 
Нека зима што сака, не ми смета.
Ако пројде на хероин, ке го изритам и ке го ритам кај го видам.
Сигурно ќе ми бара пари у заем, така да ќе му земам све од дома што е негово. Ке го искористам до максимум и накрај ке го ритам пак. Плус ке ги посоветувам другите како најубаво да го ритаат.
 
Нема да му помогнам, решил да се дрогира и да чекори по тој пат, во ред твое право и ќе го одбегнувам.Негово право, негов живот и тоа е тоа, зошто да му помогнам?Сите мои другари се полнолетни и имаат своја глава нека ја употребат и нека подразмислат дали тоа што го прават е лошо или добро.
Во генерала за други работи помагам, но кога се работи за дрога не, зошто постои можност и самиот ти да бидеш вовлечен во тоа, и да станеш наркоман.Да, погоре напишав дека :
....имаат своја глава....
А со тоа испаѓам и контрадикторен, но треба да се земе во предвид фактот, дека со овие луѓе се случуваат доста непредвидени работи и не можеш да имаш доверба во нив.Што ако ти подметне нешто, се со цел да те завлече и после да те користи како извор на пари? Пример бр. еден е тоа, и тоа не се случило еднаш во секојдневниот живот, туку безброј пати се случило тоа.
А и на наркоман не можеш да му помогнеш со совети и со подршка, тоа е метода која многу ретко успева кај овој тип на луѓе, треба нешто многу повеќе од тоа.Постои ризик само ти да бидеш вовлечен во сето тоа.Така да единствен начин да му помогнеш е: да го пријавиш кај неговите родители и после тоа на лечење во соодветна установа.
 
Ќе се обидам да му помогнам,тоа сигурно. Ако не ја прифати мојата помош, тогаш го напуштам.
 
Ќе се потрудам да му помогнам и ќе направам се што е во моја моќ,а ако не ја сака мојата помош т.е ако видим дека не дава резултат, крај на пријателството и нека си продолжи секој по свој пат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom