Што би било, кога би било...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Претпоставувам сите сте чуле оваа изрека, која е попопуларна на српски : Шта би било, кад би било...

Колку се преоптоварувате со она што би било кога би било? Колку често размислувате на минатото и да се прашувате или да замислувате ситуации кои излегле поинаку?Колку често се прашувате што би било кога не би постапиле така како што сте постапиле?

Или за иднината, колку често правите варијации, комбинации, пермутации(:icon_lol:), во стилот на ако биде вака, ќе излезе онака, ама ако не биде така, нема да биде вака.

Многу често кога човек е на крстопат,мора да одбере една работа, но тоа значи дека ќе изгуби нешто. Или како што велат економистите - опортунитетен трошок. Е колку често вие мислите на тој опортунитетен трошок, колку често се прашувате : Ех што ќе беше, ако беше...?

Дали сте зависници и опседнати со прашување дали би било нешто поинаку или уживате во вашите одлуки и во тоа што тие го донеселе со себе?

И може да дадете пример за што најчесто се прашувате, на пример: Што ќе беше ако се запишев на друг факултет, што ќе беше ако најдев друга работа и слично. :smir:
 

Значи не е иста темата. Таму се работи за пропуштени шанси, овде поентата е секој да се искаже колку се замара со тоа, а како што гледаш прикажано е тоа колку размислуваш за иднината како таква. Односно дали сте луѓе кои се опседнуваат со тоа што било како билоили ќе биде или гледаат пред себе и не си прават шеми и комбинации во главата. А таа тема е општо за пропуштени шанси. А ова е за опортунитетен трошок, што не секогаш значи пропуштена шанса. Башка штом е спомната иднината автоматски не значи пропуштена шанса. Значи не е исто. А тоа за школото беше прв пример на кој помислив, може општо за било што да се работи.
 
многу, многу си го поставувам тоа прашање-" леле не требаше вака да постапам", и долго време после тоа се измачувам за тоа што би било кога би било..
но за среќа тие дилеми најчесто ми биле за оние поситните работи, на пример, требаше да излезам вечерва, еј не требаше тоа да му го кажам, леле кај појдов баш на тоа предавање. А за покрупните одлуки на пример за факултет, влегување во некоја врска и сл, подобро сум размислила и не се каам, секако дека тој сомнеж дали одлуката била правилна секогаш ќе постои, но нема враќање назад
 
Се трудам никогаш да не се каам за вчера (што би било кога би било), живеам денес, а со тоа го градам своето утре. Одлуките ги донесувам моментално и се трудам според некој мој план, е сега може и да не излези нешто како што треба. Ама и во тоа е убавината на животот, замислете си се да е предодредено и да излегува како што треба. Ќе нема предизвик, авантура, живот.
 
Порано многу се преокупирав со тоа што ќе беше ако беше ова поинаку, ако не постапев вака или така, ја преиспитував секоја постапка и идеја премногу детално и за секој дел од некоја ситуација ми се појавуваа триста теории како ќе беше ако не беше тоа така.. Но сега сфатив дека што и да се случило не можеш да го измениш, туку ќе живееш со тоа што било без да гледаш на лошата страна од тоа, него баш да извлечеш поука од тоа што си направил или ти се случило. Исто и за идните планови (пр. избор на факултет, работно место, место за живеење и сл.), ние го избираме она кое мислиме дека е најдобро за нас и баш најдоброто треба да го извлечеме од тоа, наместо да си правиме полошо и да го будиме сомнежот за исправноста на нашите одлуки.
 
Не би рекла дека сум опседната со то,ама знам да размислував,да правам планови што би било кога би било....Многу повеќе размислувам за иднината отколку за минатото.Знај да ми падни на памет леле сега кога ќе дипломирам да се запишам таму и таму на постдипломски студии,па да работам таму и таму и слично,ама брзо се враќам во реалноста:)не е на одмет некогаш да забегаш со мислите,но не и да ти стани опсесија,па да си прави некој планови или да си опседнат со тоа што би било ако направев то и то,дали ќе беше поинаку и слично.Едноставно треба да живееме тука и сега,и да се концентрираме на рабоитите онакви какви што се и што можиме да извлечиме од то.
 
Многу размислувам пред да донесам одлука, ги разгледувам сите можни опции и ги зимам предвид сите можни исходи, тек на настаните, последици на секоја опција. До тука трае „што би било кога би било“ размислувањето, значи ПРЕД да направам нешто, не откако.

Веќе кога сум го направила тоа што сум го намислила, веднаш се испоставува дека може не бил најдобриот потег, ама бил најправилен, или барем не_толку_погрешен за да би се опседнувала со покајанија и слично. :icon_lol:
Јас обично мислам однапред, не отпосле.
 
Постојано, речиси секојдневно имаме ситуации кога мора да одбереме дали ова или она.
Не би бил интересен животот кога би чекореле по еднонасочна улица без раскрсници, не би било интересно ако не размислуваме за по кој пат да тргнеме, не би било интересно ако секогаш имаме правилен избор и ако не учиме од сопствените погрешни патишта.

Најчесто донесувам одлуки откако ќе размислам, многу ретко донесувам избрзани одлуки. Знам некогаш да се запрашам зашто не сум направила така и што би било, ако би постапила на друг начин. Но не се оптеретувам со тоа. Сите правиме грешки, за многу работи можеби постои подобра опција, но најдобро да сме сепак задоволни од својот избор и ако е сосема погрешен (сме научиле нешто ново, наравоучение за друг пат) и ако е полош од останатиот (повторно нешто сме научиле, друг пат размисли поубаво).
Не сакам да се каам за старите избори и за нивните подобри опции. Тоа веќе било поминало, може ќе имаме и друга шанса а може и не.
Веќе сме одбрале нешто потруди се да успееш во тоа, а не да се преокупираш со минатото и со тоа дали вистинското сме го одбрале.
 
Се трудам да не мислам многу на тоа што би се случило ако се случеше.Но сепак има многу ситуации во животот кога се запрашував тоа прашање и имам со денови размислувано за тоа,но сега се трудам да не го правам тоа.Одлуките ги донесувам моментално и кога веќе се донесени мораат да се сносат и последиците за тие одлуки.
 
Интересна тема. Многу ретко, да не речам никогаш не се прашувам што ќе беше. Ама затоа пак, мозокот не можам да го одморам од мислење што иде и што ќе биде. Секогаш кога сум исправена пред некоја дилема или неизвесност, се обидувам да ги смислам сите можни сценарија на исход, правам илјада претпоставени варијанти... Неретко, на крај се случува некоја подваријанта:toe: Сепак, не можам да функционирам поинаку- перфекционист сум, и се смислувам до детал, не ми е пријатно ако не си создадам илузија дека јас ја контролирам ситуацијата:kesa:
 
Пред да донесам било каква одлука осмислувам размислувам и се премислувам едно сто пати се со цел да го избегнам тоа што би било кога би било...Ама за жал речиси секогаш помислувам на тоа што би било кога би било т.е. на тој опортунитетен трошок.Мислам дека луѓето воопшто најчесто се навраќаат и размислуваат за ова откако ќе донесат одлука која не излегла најправилна и најразумна..па после тоа следи "Да направев онака немаше да биде вака "
Така да помалку или повеќе сите си го поставуваат ова прашање..
 
Порано премногу си го поставував тоа прашање, но сега само си ги согледувам грешките и гледам да не ми се повторат. Едноставно тоа е минато и не може да се смени.
Доколку почнеме се почесто да си го поставуваме прашањето “Што би било, кога би било...“ би почнале да живееме во свет полн си илузии и би се оддалечиле од реалноста.
 
Колку се замарам со ова јас. Секогаш пред заспивање ме гони една проклета мисла. Зошто баш морав така да изреагирам? Како би било ако не отидев таму?
Едноставно доста време губам на размислување за минатото, и секако за последиците кои таа постапка би ги предизвикала.
Секако дека не е многу позитивна особина, но не ни сметам дека е тоа еден степен на каење. Баш напротив, сметам дека е реално согледување на работите. Поточно и покрај нашиот избор, сакаме да знаеме, поточно се обидуваме да дознаеме како би било ако нештото сме го направеле на друг начин.
На овој начин, со повремени размислувања на оваа тема сметам дека многу луѓе би сфатиле што значи одговорност, и што воопшто значи правилен избор.
 
Па можеби порано се јадев и се мислев зошто сум направила така, а не онака... сега веќе се научив дека џабе е каењето и мислењето што би било, ако би било и го прифаќам тоа што е, такво како што е! :) Како што рече Ива, мислам однапред. Се трудам, пред да направам нешто, да видам што е можно подалеку какви ќе бидат последиците од тоа, без разлика дали се добри или лоши последици и свесна сум дека после нема назад. Од моментот кога нешто ќе одлучам, направам, купам, кажам си стојам на тоа и не си фантазирам каква би била ситуацијата ако би постапила другачие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom