Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Јас сум преокупирана со моментот што би било, кога би било. Најпрвин што постојано се навраќам во минатото, размислувам се прашувам што ќе беше, што ќе се случеше ако беше вака или онака и постојано си ја замарам главата со такви некои тешки мисли и тешки муабети.
И за иднината сум постојано преокупирана. Постојано си правам некои прерачуници, постојано... Се опседнувам со тоа што ќе биде, ама тоа е повеќе страв од тоа што следува. Страв од непознатото и фактот што ме нервираат работи кои не можам да ги средам или контролирам, едноставно иднината сама ќе си дојде, а јас не знам што да правам за да таа биде побезбедна.