|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
Прочитав многу постови во стилот-он/она нека слуша што сака, јас ќе слушам што сакам, ако го/ја сакам ќе го/ја прифатам и тоа е тоа.
Не е тоа работата, работата е што кога другата личност ќе сака да излегува во кафани а ти на свирки? Што ако те тера да одите на концерт на Цеца а ти имаш метал свирка(или обратно)? На Нова Година или друга прослава тој/таа сака турбо-фолк атмосфера а ти сакаш рокче/техно/хаус(или обратно)? Летоска сакаш во парк да си муабетиш со друштво а тој/таа во дискотека(или обратно)? Еее тука почнуваат проблемите. Ќе направиш компромис неколку пати ама која е целта да си некаде каде што нема да се чувствуваш пријатно само колку да угодиш на партнерот/партнерката?
Јас лично сакам со мојата „друга половина“ да имам сличен вкус за музика во која ќе уживаме заедно, ако сакам да му пуштам некоја песна да ја ислуша до крај а не само колку да ми направи услуга и сл.
Бре...ват д фак мубаетов. Не дека во реалноста не е така, ама повеќе звучи за 15-20 годишни партнери отколку оние 20+.
Јас еве слушам рок/метал. Женска ми слуша сосема друго (фала Богу не турбо фолк). ОК, hardcore сум во ругањето на секаква популарна македонска/српска музика и наоѓам на коментари од типот дека претерувам со тоа и моето замарање во врска со тоа, ама тоа е моја работа јас поинаку ја доживувам музиката.
На почеток беше тешко да се навикни на моите ставови, но после тоа ги прифати. Компримиси се тоа. Сакаш да бидеш заедно, ...нема трте-мрте ќе се научите.