Што ако вашиот партнер/ка има различен вкус за музика или начин на живеење од вашиот?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитав многу постови во стилот-он/она нека слуша што сака, јас ќе слушам што сакам, ако го/ја сакам ќе го/ја прифатам и тоа е тоа.
Не е тоа работата, работата е што кога другата личност ќе сака да излегува во кафани а ти на свирки? Што ако те тера да одите на концерт на Цеца а ти имаш метал свирка(или обратно)? На Нова Година или друга прослава тој/таа сака турбо-фолк атмосфера а ти сакаш рокче/техно/хаус(или обратно)? Летоска сакаш во парк да си муабетиш со друштво а тој/таа во дискотека(или обратно)? Еее тука почнуваат проблемите. Ќе направиш компромис неколку пати ама која е целта да си некаде каде што нема да се чувствуваш пријатно само колку да угодиш на партнерот/партнерката?
Јас лично сакам со мојата „друга половина“ да имам сличен вкус за музика во која ќе уживаме заедно, ако сакам да му пуштам некоја песна да ја ислуша до крај а не само колку да ми направи услуга и сл.

Бре...ват д фак мубаетов. Не дека во реалноста не е така, ама повеќе звучи за 15-20 годишни партнери отколку оние 20+.

Јас еве слушам рок/метал. Женска ми слуша сосема друго (фала Богу не турбо фолк). ОК, hardcore сум во ругањето на секаква популарна македонска/српска музика и наоѓам на коментари од типот дека претерувам со тоа и моето замарање во врска со тоа, ама тоа е моја работа јас поинаку ја доживувам музиката.
На почеток беше тешко да се навикни на моите ставови, но после тоа ги прифати. Компримиси се тоа. Сакаш да бидеш заедно, ...нема трте-мрте ќе се научите.
 
се додека не треба да одам в кафана или кремска дискотека ми е прифатливо, ако ги помини овие 2 граници едноставно нема да ми се совпаѓа личноста бидејки ке имаме различни сваќања и се тоа знаете како е натаму, јас си сум од кога знам за мене по паркчиња, свирки и такви работи, никогаш не сум го следел мејнстримот, мене основата ми е панк ама забегвам од ''најтешки'' speed thrash, technical death метали па до рап али не рап како слаткаристика и тони зен ами како С.А.Ф. стр2, Аго(знам дека се контраат со саф али немам причина да мразам некој поради тоа), еј дечки забегав. Него муабетот ми беше не ми е битно дали слуша рокче или рап, тука се разбираме. Да не ми забегва по Rihanna(или како и да е) и Аца Лукас.
 
Бре...ват д фак мубаетов. Не дека во реалноста не е така, ама повеќе звучи за 15-20 годишни партнери отколку оние 20+.

Јас еве слушам рок/метал. Женска ми слуша сосема друго (фала Богу не турбо фолк). ОК, hardcore сум во ругањето на секаква популарна македонска/српска музика и наоѓам на коментари од типот дека претерувам со тоа и моето замарање во врска со тоа, ама тоа е моја работа јас поинаку ја доживувам музиката.
На почеток беше тешко да се навикни на моите ставови, но после тоа ги прифати. Компримиси се тоа. Сакаш да бидеш заедно, ...нема трте-мрте ќе се научите.

Не ми го сфати муабетов, зборувам за крајности, за музика која не можеш органски да ја поднесеш. Ете сам си кажа, фала богу не турбо фолк...
 
Да, ок,...ама и ти не ме сфати. Викам мора компромис.

Мада и ајде да бидеме искрени...која девојка која сака Турбо Фолк ќе засака некој што слуша Рок/Метал...едноставно облеката (најбаналното нешто) - стилот им е различен, а да не зборувам за размислувањата..
 
И јас сум за компромис, ама не too much.
Она што сакав да го кажам во врска со темава во скратена верзија-не ја поддржувам изреката „спротивностите се привлекуваат“, or it's just me...
 
Правило е дека нема правила, ако има љубов има се!
Лесно сум прилагодлива би одела прво во кафана на турбо фолкче и две три литра винце или мастиче со скариче хехе а потоа на некоја свирка као на пр, на Архангел, значи немам проблем со било кој стил на музика поштувам квалитет! само тоа е најважно, квалитетна музика и филм од сите видови и жанрови(рок, метал, рап, фолк, турбо фолк, ундерграунд, ретро, транс, дарк транс, психоделик транс, поп, народна македонска музика, изворен фолк, од Били Идол што го обожавам до Цеца што исто така ја обожавам и такаитакаитака натаму имам проблеми само со неквалитетот и простотилакот.
 
Квалитет =/= Цеца...

За личните ставови неможам и не смеам да коментирам, само ќе ти кажам дека си во огромна заблуда во врска со квалитетната музика ;) :smir:
 
Прочитав многу постови во стилот-он/она нека слуша што сака, јас ќе слушам што сакам, ако го/ја сакам ќе го/ја прифатам и тоа е тоа.
Не е тоа работата, работата е што кога другата личност ќе сака да излегува во кафани а ти на свирки? Што ако те тера да одите на концерт на Цеца а ти имаш метал свирка(или обратно)? На Нова Година или друга прослава тој/таа сака турбо-фолк атмосфера а ти сакаш рокче/техно/хаус(или обратно)? Летоска сакаш во парк да си муабетиш со друштво а тој/таа во дискотека(или обратно)? Еее тука почнуваат проблемите. Ќе направиш компромис неколку пати ама која е целта да си некаде каде што нема да се чувствуваш пријатно само колку да угодиш на партнерот/партнерката?
Јас лично сакам со мојата „друга половина“ да имам сличен вкус за музика во која ќе уживаме заедно, ако сакам да му пуштам некоја песна да ја ислуша до крај а не само колку да ми направи услуга и сл.

За да бидеш со некого во врска, една од најважните работи е компромис. Ако нема компромис, никој не е луд да остане во таква врска.
Е сега, ако одам јас на концерт на Цеца, тогаш и таа мора да дојде со мене на рок концерт. Ако концертите се во исто време, тогаш таа си оди со другарки а јас со другари, и никој никого не замараме.

O.T. Сум бил на неколку сељачки концерти, и да ви кажам право, никаде не сум видел подобри риби. Лудница човече. Цицки на тони, силикони на секаде, ботокс, плава коса и убави нозе. Едвај чекам пак да одам :)
 
Лично за мене ми е мило што е девојками таква што е рационално и реално гледа на секоја работа.
Јас сум тотално спортивен, машко преполно со тестостерон, ќелава глава големо детенце,
папробуваш се пикаш кај оние “фаци’’ во град, седиш таму се бавиш со се и сешто но благодарание на домашното воспитување некако успеав да направам најдобра мешавина од “опасен“ и интелегентно човечко суштество во она што сум денес.
И баш поради тој факт што девојками ми е од оние доктори без граници само добро, секогаш мирна, но неколку пати ми има нагласено што и се свиѓа тоа што сум имал различен начин на живот, а јас доволно среќен да имам девојка која сака од они што кои само еднаш опоменуваат и што можат да се снајдат било каде во било кое време.
Доволно е да те сака и разбира и пред да знае да поштува, а ние машките да бидеме доволни паметни освен што ќе им ја возвраќаме љубовта да им посветуваме доволно време.
Како што вели овој подфорум љубов и секс другото се ќе го средиме со вториот дел од името на подфорумот.
Ако и двете љубовта и сексот се задоволени и ако постои љубов,разбирање и поштовање нема многу улога она различниот начин на живот бидејќи сите знаеме да направиме златна средина за однесување кога сме во врска.
Битен момент е запознавањето тогаш игра улога засличниот начин на живот доколку ве прифати такви какви што сте... тогаш дефинитивно и се свиѓа тој факт како вие тоа живеете. :smir:
 
Kompromis i razbiranje treba, drugoto se ke si dojde po red. Kolku i da se razlicni vkusovite vo muzika, stil na ziveenje, filmovi i slicno, ako dvajca sakaat da se zaedno, ke uspeat da najdat zaednicki jazik za se. Ako sekoj si go tera svoeto, togas niso od vrskata, u toj slucaj najdobro e solo da si teras.
 
За да бидеш со некого во врска, една од најважните работи е компромис. Ако нема компромис, никој не е луд да остане во таква врска.
Е сега, ако одам јас на концерт на Цеца, тогаш и таа мора да дојде со мене на рок концерт. Ако концертите се во исто време, тогаш таа си оди со другарки а јас со другари, и никој никого не замараме.

O.T. Сум бил на неколку сељачки концерти, и да ви кажам право, никаде не сум видел подобри риби. Лудница човече. Цицки на тони, силикони на секаде, ботокс, плава коса и убави нозе. Едвај чекам пак да одам :)

Компромис мора да има, ама не да трпиш нешто што не го сакаш само за да направиш услуга на партнерот. Еве на пример, ти си ја однел на рок концерт а ја гледаш неа со скрстени раце умира од досада, дали убаво ќе се чувствуваш? Јас не би!

О.Т. Значи сакаш ефтини женски кои не се надоградуваат умствено него физички...или да кажам - лесни. Нема потреба од натамошна дискусија.
 
Па ништо, сосема нормална работа е да имаш различен вкус за музика. Ако има љубов, компромисот ќе се воспостави сам по себе. Ако нема љубав и двајцата да слушаат иста музика, пак ќе настанат конфликти. Е сега тутбофолкерка и металец тешко да се сретнат а камо ли да влезат во врска, затоа што имаат различна животна филозофија. Ама ако се засакаат, не е музиката тоа што ги оддалечува. Пример најчесто во ноќните клубови се пушта хаус, а во нив има најмалку љубители на хаус. Најпосле животот не се сведува само на одење на концерти и забави.
 
О.Т. Значи сакаш ефтини женски кои не се надоградуваат умствено него физички...или да кажам - лесни. Нема потреба од натамошна дискусија.

PAHAHAHAHAHAHA!!
Vas ne vi e smeshno? :icon_lol:

ON: Mozhda iam pishano na temava. Mazhot kje si go biram po slichnosti.
Ako epten se zapne nekoj da se zaljubi u mene, kje praam kompromisi, sekako. Kje si go modificiram.

He gets me, I get modified him xD

Podobar kompromis ima li?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom