Што ако вашиот партнер/ка има различен вкус за музика или начин на живеење од вашиот?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Е де што сака нека слуша, што сакам ќе слушам и што е тука спорно?
 
Во принцип сум ја почитувала индивидуалноста и сето она што партнерот го прави среќен - пред се затоа што тоа сакам и друиот да го направи истото за мене

Всушност тука не станува забор за мора, треба ... тоа по дефиниција се подразбира - или го прифаќаш другиот или не ... или ти се допаѓа или не ...

Но различните стилови на живот често се случува - како врската напредува - да станат основа за различности, недоразбирања и сл... меѓу партнерите

Сметам дека партнерите треба да се слични ... за да може да се разбираат, прават повеќе заеднички работи, споделуваат и станат поблиски

Сум имала различни партнери и се покажало дека така врската не може да опстои подолго ... бидејќи екстремите направиле да се одалечиме наместо да се зближиме - да не се разбираме наместо да се согласуваме
 
Само оние кои ја сфаќаат музиката сериозно и ја осознале нејзината убавина, би го дале вистинскиот одговор на ова прашање. Другите само ломотат под влијание на романтични празноверија.
 
Што кога вашиот партнер е металец/ка? Дали ви сметаат некои стилови кои тие ги почитуваат, а вие да припаѓате од оној вид на луѓе кои не сакаат таков стил на музика и слично.
Дали сте се обиделе да го промените мислењето на партнерот, да не слуша таква музика или да не се облекува вака или така, или сепак го прифаќате таков каков што е. Ќе седите во паркови со него ќе пиете и слично. Дали сепак ќе се обидете меѓусебно да се договарате каде да излезете, и дали воопшто мислите дека една врска меѓу девојка што не сака таков вид на музика и дечко што е тврдокорен металец да успее? Сепак станува збор за различен стил на живот. Дали ќе го прифатите тоа и ќе одите по своите чувства?

НЕ УСПЕВА- ќе се разминат и толку ќе се повредат што ќе направи колатерална штета по себе и по околината. Ако немаат ист стил, или барем сличен, не се флексибилни за желбите и визијата на другиот, не сакаат слични или исти нешта, ќе го допрат пеколот.
 
Никогаш не би бил заедно (освен за секс) само со турбофолкерки, само таа музика би претставувала проблем :)
 
Музиката ми игра многу голема улога. Вообичаено не ги судам луѓето според некои нивни карактеристики...освен кога станува збор за музика и шпиц штикли! Сметам дека не можам да бидам со некој кој слуша ТУРБОФОЛК пред се, исто и рап тешко поднесувам, исто и „техно“ и слични сра*ња xD Сметам дека, барем кај мене, тешко може да ми се засвиѓа некој кој слуша музика не-како-јас, зашо пред да започнам врска со некој правам муабет за музика, а тоа ми е вообичаено второто прашање по „Колку години имаш?“ :)
 
Воопшто не ме интересира што слуша. Ниту пак јас замарам некого со својата музика. Дури не се ни облекувам спрема стилот на музиката што ја слушам (освен некои елементи). Баш сакам да сум во тренд, а не да бидам заробен во времето од кога потекнал правецот на музиката што ја сакам. А тоа дека детето ке ми слуша лоша музика ако партнерот слуша турбо фолк, не држи вода. Па моите родители (а верувам и поголемиот дел од вашите) цел живот слушаат народна музика, па тоа не влијаело врз мојот вкус за музика.
Ние двајцата се сакаме no mather what, 'till the end.
 
Воопшто не ме интересира што слуша. Ниту пак јас замарам некого со својата музика. Дури не се ни облекувам спрема стилот на музиката што ја слушам (освен некои елементи). Баш сакам да сум во тренд, а не да бидам заробен во времето од кога потекнал правецот на музиката што ја сакам. А тоа дека детето ке ми слуша лоша музика ако партнерот слуша турбо фолк, не држи вода. Па моите родители (а верувам и поголемиот дел од вашите) цел живот слушаат народна музика, па тоа не влијаело врз мојот вкус за музика.
Ние двајцата се сакаме no mather what, 'till the end.

Конечно нешо паметно, значи према претходниве мислења ако мојата женска слуша турбофолк(што и е случај) а јас слушам метал рок, чилаут и сл. значи спрема одредени не треба да се сакаме.
 
Конечно нешо паметно, значи према претходниве мислења ако мојата женска слуша турбофолк(што и е случај) а јас слушам метал рок, чилаут и сл. значи спрема одредени не треба да се сакаме.
Не бе. Ќе напрајте симбиоза. Ќе слушате народен турбо-фолк метал со етно певаљки и ќе ви биде све океј.
Препорака од мене имаш една бесна трака.
 
Прочитав многу постови во стилот-он/она нека слуша што сака, јас ќе слушам што сакам, ако го/ја сакам ќе го/ја прифатам и тоа е тоа.
Не е тоа работата, работата е што кога другата личност ќе сака да излегува во кафани а ти на свирки? Што ако те тера да одите на концерт на Цеца а ти имаш метал свирка(или обратно)? На Нова Година или друга прослава тој/таа сака турбо-фолк атмосфера а ти сакаш рокче/техно/хаус(или обратно)? Летоска сакаш во парк да си муабетиш со друштво а тој/таа во дискотека(или обратно)? Еее тука почнуваат проблемите. Ќе направиш компромис неколку пати ама која е целта да си некаде каде што нема да се чувствуваш пријатно само колку да угодиш на партнерот/партнерката?
Јас лично сакам со мојата „друга половина“ да имам сличен вкус за музика во која ќе уживаме заедно, ако сакам да му пуштам некоја песна да ја ислуша до крај а не само колку да ми направи услуга и сл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom