Во суштина како причина за кинењето на кондот поголема е веројатност да биде направилна употреба на кондомот, или најчесто воздухот кој останува под притисок може да доведе до „пукање„ на кондомот. Затоа на упатството пишува дека при ставање на кондомот треба внимателно да се истисни воздухот и да се создаде вакум.
Од друга страна сите кондоми пред да се пред да се пуштат во продажба се електронски тестирани и затоа на нивната пакување стои ознаката (CE).
Рокот на траење има исто влијание на издржливоста на кондомот и секако начинот на чување. Кондомите не смеат и не требе да се изложуваат на сонце (и покрај тоа што на многу места се оставени баш на сонце да се продаваат) и што е најбитно кондомот не треба да се чува во заден џеб или во новчаник т.е. на место каде што е изложен на притисок.
Значи заклучок: купувајте кондоми исклучиво од сигурни места-аптеки, пред употреба внимателно видете го рокот на употреба, видета дали е електронски тестиран и секако правнилната употреба е многу важна. Доколку се запазат овие работи, веројатноста да ти се скине кондомот е многу помала.