Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Штип ќе добие универзитетска Клиничка болница, нејзината изградба планирана е во првата половина на 2010 година. Портпаролот на универзитетот „Гоце Делчев“, Кирил Барбареев истакна дека универзитетската Клиничка болница ќе се гради во кругот на факултетот за Медицински науки. „Со изградбата на универзитетската Клиничка болница и на универзитетска студентска поликлиника ќе се изгради кампусот три, или ќе се оформи делот за медицински науки“, рече Барбареев.
Тој додава дека универзитетската Клиничка болница, на која што ќе бидат застапени сите одделенија ќе се гради со средства од Владата, а еден мал дел ќе издвои и универзитетот „Гоце Делчев“.

Штип се подготвува да стане центар на алтернативниот туризам во источна Македонија. Покрај Битола и дубровник, Штип стана третиот град од Балканот кој доби сертификат за членство во европската асоцијација со културно богато наследство. За штипската локална самоуправа ова би значело стекнување на искуство во водењето на овој тип на туризам.
Веќе се направени првите чекори. Ќе бидат поставени туристички бироа каде што странците би можеле да купат сувенити кои откако ќе заминат во своите држави ќе ги потсетуваат на убавините на градот.
Членувањето во ваква асоцијација е ослеснување за туристичките работници. Според нив, источниот регион располага со културно историско богатство, кое лесно е да го понудиме на странските туристи, но сепак ни недостасува рекламен материјал кој лесно би можел да стигне до нив.
Свое место во стопанскиот живот во регионот треба и мора да најдат и туризмот и угостителството. Источниот плански регион има идеални природни, климатски и историски услови за развој на туризмот. Започнувајќи од бањските капацитети, па се до природните убавини на Малешевските планини, кои последните неколку години се атрактивни за туристите од Холандија.

Хм ме чуди што ќе ја надградуваат болницата...Време беше.. Сепак Здравен дом е во катастрофа фаза бог да чува е....
 
ПЛАНОВИ ЗА НОВ ГРАДСКИ СТАДИОН И ДИСЛОКАЦИЈА НА СТАРИОТ

stadion-stip-01022010.jpg
Штип, 1 февруари 2010 - Локалната самоуправа сериозно размислува да го дислоцира градскиот стадион. Стадионот на ФК Брегалница кој се наоѓа во строгиот центар кај трговскиот и станбен комплекс Дујле своевремено бил финална точка до која се простирал градот. Но со ширењето на Штип, многумина ја наметнуваат тезата дека овој дел од градот е погоден за комерцијални проекти кои можат да му донесат пари на градот отколку за стадион.
Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов размислува стадионот да се дисцолицира. Поинаку кажано, да се направи нов стадион во месноста Суитлак. При тоа општината нема да издвои ниту денар за новиот стадион. Едноставно, од комуналиите кои би се наплатиле за градежните објекти на местото на стариот стадион, би се финансирала изградбата на новиот стадион. Освен тоа, новиот стадион би имал капацитет од 9000 седишта и би бил нова конструкција за разлика од стариот стадион кој е руиниран.
stadion-stip-mozen_model-01022010.jpg

На површина од над 35.000 м/2 каде сега се наоѓа стадионот би биле изградени станбени згради со можност за конструкција на трговски или деловен комплекс. Локацијата има потенцијал со оглед на тоа што во непосредна близина се две бензински пумпи, автобуската станица и трговскиот центар Дујле. Градоначалникот вели дека до сега добил неколку барања од бизнисмени кои сакаат да градат станови а потврда за интересот е и ангажманот на ЈП Штип Проект кое во 2010 година ќе работи на уредување на градежно земјиште на површина од 215 хектари.

Покрај новиот стадион, на предвидената локација ќе може да се изградат и помошни игралишта.
 
Живеам во Штип, ама не го сакам ич (скоро ич де :) ),пошто покрај тоа што не ми е роден град, народот е многу проклет(со исклучок на поединци,секако) и менталитетот е за никаде.
 
Ајде Штипјани, почнува новата академска година, пак ќе живне градот, од 15 ќе нема да може лесно место за кафе да си најдете...ама ај шо е битно, ќе се зберат пари од кириите, годинава доста се наџиткани цените, во однос на комфорот што (не)го пружат становите.
 
на кафе секогаш е гужва, а становите беа околу 2500 сега повеќето се 3000 али се зависи каков стан и на која локација може да најдеш и поефтино и поскапо
 
Понудата на сместување за студенти е жалосна...а исто така и образованието кое го нуди овдешниот универзитет...:toe:
 
Понудата на сместување за студенти е жалосна...а исто така и образованието кое го нуди овдешниот универзитет...:toe:

Се согласувам. Даваме пари за минимални услови. Кога веќе ги давам истите, зошто да не ги дадам за убаво место, не мора да е луксузно, ама пристојно и чисто. Нешто што тешко се наоѓа во Штип.

на кафе секогаш е гужва, а становите беа околу 2500 сега повеќето се 3000 али се зависи каков стан и на која локација може да најдеш и поефтино и поскапо

What? Летово кога заминаа сите студенти, беше пустина празно, не заебавај. Кој го полни цело Кабаре? Штипјани? Ај баш осети разлика од 15 натака. Драстични промени.
А за становите ок е цената, ама барем да се погрижат да има стандард. Не може да очекуват за некакви зајачки дупки што мирисаат на влага и не ги офарбале 20 години,да даваме по 50 евра. Не е коректно. Та ако сме студенти, не сме животни.
 
Зборев за кафичите(angels,square...) а во кабарето не знам како е не сум бил :), у angels мора и за кафе да резервираш маса
еве ти слики ако не ми веруваш и на обичен ден е преполно
http://www.ilovestip.com/galerija/index.php?level=collection&id=13
 
Се` убаво, сум ги гледала сликите, знам дека сега нова атракција е Angels,релативно блиску ни е до станот во Штип, ама никогаш не сме биле... некако многу кремско собиралиште ми изгледа :) Ама поентата ми беше, со студентите кафичите почнуваат да се полнат уште од 8 часот сабајле. А инаку Кабарето, хаха дива лига :) А она Балкан уште работи? Слушнав муабети дека ќе го затварале? Последен пат кога бев таму, немаше живо пиле..
 
Живеам во Штип, ама не го сакам ич (скоро ич де :) ),пошто покрај тоа што не ми е роден град, народот е многу проклет(со исклучок на поединци,секако) и менталитетот е за никаде.

X 100 :salut:
 
Се` убаво, сум ги гледала сликите, знам дека сега нова атракција е Angels,релативно блиску ни е до станот во Штип, ама никогаш не сме биле... некако многу кремско собиралиште ми изгледа :) Ама поентата ми беше, со студентите кафичите почнуваат да се полнат уште од 8 часот сабајле. А инаку Кабарето, хаха дива лига :) А она Балкан уште работи? Слушнав муабети дека ќе го затварале? Последен пат кога бев таму, немаше живо пиле..
балкан го затворија уште пред да почне летото изгледа многу жешко ке било па затоа :) ама пак ке го отворат најверојатно, а Ice нема веќе да биде кафе бар туку клуб ice изгледа ке се викал
 
балкан го затворија уште пред да почне летото изгледа многу жешко ке било па затоа :) ама пак ке го отворат најверојатно, а Ice нема веќе да биде кафе бар туку клуб ice изгледа ке се викал

Ајде ,ајде нова сезона :) хеххе Баш да видеме шо ќе испадне. Ice е на стварно добра локација, за разлика од Логото и Скверот, шо се наместени кажи речи на сред пат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom