Apple
It's good to be good
Штип ќе добие универзитетска Клиничка болница, нејзината изградба планирана е во првата половина на 2010 година. Портпаролот на универзитетот „Гоце Делчев“, Кирил Барбареев истакна дека универзитетската Клиничка болница ќе се гради во кругот на факултетот за Медицински науки. „Со изградбата на универзитетската Клиничка болница и на универзитетска студентска поликлиника ќе се изгради кампусот три, или ќе се оформи делот за медицински науки“, рече Барбареев.
Тој додава дека универзитетската Клиничка болница, на која што ќе бидат застапени сите одделенија ќе се гради со средства од Владата, а еден мал дел ќе издвои и универзитетот „Гоце Делчев“.
Штип се подготвува да стане центар на алтернативниот туризам во источна Македонија. Покрај Битола и дубровник, Штип стана третиот град од Балканот кој доби сертификат за членство во европската асоцијација со културно богато наследство. За штипската локална самоуправа ова би значело стекнување на искуство во водењето на овој тип на туризам.
Веќе се направени првите чекори. Ќе бидат поставени туристички бироа каде што странците би можеле да купат сувенити кои откако ќе заминат во своите држави ќе ги потсетуваат на убавините на градот.
Членувањето во ваква асоцијација е ослеснување за туристичките работници. Според нив, источниот регион располага со културно историско богатство, кое лесно е да го понудиме на странските туристи, но сепак ни недостасува рекламен материјал кој лесно би можел да стигне до нив.
Свое место во стопанскиот живот во регионот треба и мора да најдат и туризмот и угостителството. Источниот плански регион има идеални природни, климатски и историски услови за развој на туризмот. Започнувајќи од бањските капацитети, па се до природните убавини на Малешевските планини, кои последните неколку години се атрактивни за туристите од Холандија.
Хм ме чуди што ќе ја надградуваат болницата...Време беше.. Сепак Здравен дом е во катастрофа фаза бог да чува е....