ШТЕДНИ Книшки

JAs
Јас имав таков проблем во комерцијална. Неможев да ја најдам книшката. Отидов во централа, ми направија препис и си ги зедов парите. Мој совет, нека оди во централа и нека бара препис. Тоа дека неможат да видат без книшка е глупост, иако гледам дека е политика на банките да не ти даваат инфо освен ако ја носис книшката. На пример, пред некој ден не ми дадоа во НЛБ да извадам пари пошто не ја носев штедната, ама ми дадоа компјутер на кој преку електронско банкарство си префрлив пари од штедна на трансакциска и си завршив работа.
Благодарам на одговорот, мислам дека овдека се работи за поголем проблем бидејки тогаш адресата на која живееме била друга, односно оттогаш е променета, меѓутоа и јас мислам дека може да се изврши препис на основа ан матичен број. Во стопанска банка велат дека работата може да се заврши само доколку ја пронајдеме книшката :(
 
Ако и во централа ти го рекле ова, јас ти предлагам да си најдеш некој добар адвокат и да ги посетиш што е можно побрзо. Матичниот број е број за индетификација. Дури и личната карта на секое издавање менува број. Ако се работи за стара книшка, не ме чуди да е отворена со лична карта од СФРЈ, па ај оди сеа барај ја личната од СФРЈ...
 
Благодарам на одговорот, мислам дека овдека се работи за поголем проблем бидејки тогаш адресата на која живееме била друга, односно оттогаш е променета, меѓутоа и јас мислам дека може да се изврши препис на основа ан матичен број. Во стопанска банка велат дека работата може да се заврши само доколку ја пронајдеме книшката :(
Што има врска ако се сменила адресата на живеење? Исто така сакаш да ми кажеш дека ако сега јас ја изгубам штедната книшка дека ќе треба да се опростам од парите? Се што треба е валиден документ на кое ќе го има нејзиниот матичен број и слика (лична карта, пасош, возачка...). Зошто не сте побарале да зборите со менаџерот на банката? Кој е тој на благајната да ти кажува дека мора книшката за да ви ги даде парите? Ја лично сум вадел од штеден влог само со лична карта. Одма да идете и да барате да зборите со некој менаџер, ако не ја бива, одма адвокат, и тужба, јави се во медиуми, сигурно и они ке бидат многу заинтересирани за случајов, пред цел народ ке им направиш убава реклама на Стопанска. Не седете дома со скрстени раце, други ли треба да ве буцкаат да го барате тоа што е ваше?
 
Благодарам на одговорот, мислам дека овдека се работи за поголем проблем бидејки тогаш адресата на која живееме била друга, односно оттогаш е променета, меѓутоа и јас мислам дека може да се изврши препис на основа ан матичен број. Во стопанска банка велат дека работата може да се заврши само доколку ја пронајдеме книшката :(
ve lazat mamicata da im ja ebam, kako sto spomna uste eden diskutant pod hitno zemete si advokat i ke vi gi dadat parite so peenje, plati si advokat i poveke ne mora surat da im gledas, doma parite ke ti gi donese.
 
Паѓаат каматите на влоговите, колку е сега атрактивно да се штеди?
Од февруари годинава неколку банки ги намалија каматните стапки на депозитите, а другите се блиску до таква одлука
Нина Нинеска-Фиданоска

Станува ли штедењето во банка се' помалку исплатливо? Дел од банките во земјава од стартот на февруари ги намалија каматните стапки на штедните влогови на граѓаните. Оние што се' уште не презеле таков чекор, планираат тоа да го сторат набргу, најверојатно веќе оваа недела. Во најголемиот број случаи снижувањето се однесува на каматите и на денарските и на девизните депозити. Сепак, кај одредени банки поголемо снижување ќе има кај каматите на влоговите во денари, кои во изминатиов период се значајно повисоки од оние што се чуваат во странска валута.

Граѓаните се непријатно изненадени од оваа најнова одлука на банките, коментирајќи дека за истата сума штеден влог, сега ќе добиваат пониски приходи. Банкарите со кои разговаравме, пак, велат дека од пред неколку месеци планирале таква мерка, а како причини ги наведуваат мерките на монетарната власт, намалувањата на каматите на кредитите, големата понуда на страната на депозитите, ниската и стабилна инфлација, како и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари.

Во време кога нашата популација има голема доверба во македонскиот банкарски систем и продолжува да штеди и покрај турбуленциите во Европа, ги прашавме менаџерите во банките дали стравуваат оти новото снижување на каматите на депозитите ќе влијае негативно врз штедењето. Банкарските работници се децидни оти не очекуваат промени, бидејќи штедењето во банка и натаму е една од најисплатливите опции.

Стопанска банка ја објаснува потребата од ваков потег. „Ниската и стабилна инфлација и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари детерминираа намалување на каматните стапки. Истовремено, поради ниската инфлација, реалните камати остануваат на релативно високо ниво. Стопанска банка, следејќи ги ваквите движења, како и потребите на стопанството на Македонија, изврши приспособување на каматните стапки (кај домашната и кај странските валути) со примена од 1 февруари 2012 година“, ги образложуваат од банката причините за новите пониски камати кај штедните влогови.

На веб-страницата на Стопанска може да се види дека во моментов, по намалувањето, каматната стапка на денарските штедни влогови, на пример за орочени депозити на три месеци е 3,6 отсто годишно, за 12 месеци е 5,3 отсто, за 36 месеци е 7,6 проценти, а за 60 месеци каматата е 8,0 отсто. За депозитите во евра, пак, за оние орочени на три месеци каматата е 2,1 отсто, на една година е 3,1 процент, на три години е 4 отсто и на пет години каматата е 4,8 отсто.

И Комерцијална банка намали дел од пасивните каматни стапки, од стартот на овој месец. Се намалуваат дел од пасивните каматни стапки за население и за правни лица. На пример, каматната стапка за депозити во денари на физички лица (орочени на 1 година) е намалена за 0,6 процентни поени, а каматата за депозити во евра на физички лица (исто на 1 година) е намалена за 0,4 процентни поени. „Почнувајќи од 11 јануари годинава, НБМ ја намали каматната стапка на задолжителната резерва во денари што ја плаќа на банките, од 2 отсто на 1 процент. При одредување на висината на каматните стапки се земаат предвид и други фактори, како што се пазарните услови и конкурентност на каматните стапки. Сметаме дека намалувањето на дел од каматите нема да предизвика значајни промени во депозитната база“, ни изјавија од Комерцијална банка.

Во оваа банка, каматата на денарските депозити, по корекциите се движи од 3,6 отсто годишно за три месеци, 5,4 отсто за 12 месеци и 7,7 проценти за 36 месеци. Кај влоговите во евра, пак, за три месеци каматата е 2,1 отсто, за една година таа изнесува 3,1 отсто и за три години 4,2 проценти.

Анализи интензивно се прават и во НЛБ Тутунска банка. „Се' уште не сме ги намалиле каматите за депозитите, но и кај нас тоа ќе се случи, можеби и оваа недела. Засега не се знае колкаво ќе биде намалувањето. Каматите за денарските депозити сигурно ќе се намалат, а за девизните уште се размислува“, вели Антонио Аргир, директор на деловна мрежа во НЛБ Тутунска банка.

Според него, една од причините е намалувањето на каматите на кредитите во последниов период, до кое дојде и поради новините на Законот за облигациски односи, со кои се максимизира каматната стапка. Исто така, зголемена е конкуренцијата, односно понудата на страната на депозитите, бидејќи граѓаните се' повеќе сакаат да штедат во банка. Во последниов период се зголемува денарското штедење, и тоа пред се' поради новите денарски депозити, бидејќи влоговите во евра не се намалуваат. „Намалувањето на каматите на депозитите нема да се одрази негативно врз штедењето, бидејќи каматните стапки се' уште се добар приход, спореден со која било друга инвестиција, на пример инвестирање во недвижности и слично. Значи, приносите од штедењето во банка се солидни, а сигурноста е загарантирана“, објаснува Аргир.

Во моментов, во НЛБ Тутунска банка каматите за денарските депозити, за орочување на три месеци се 4 отсто, за 12 месеци се 5,7 проценти, за 36 месеци е 7,9 отсто и за 60 месеци е 8,3 проценти. Додека, пак, каматите за депозитите во евра се 2,2 отсто за три месеци, 3,2 проценти за една година, 4,1 отсто за три години и 5 проценти за депозити на пет години. Какви ќе бидат по намалувањето, ќе се знае откако банката ќе ја донесе конечната одлука.

Инаку, каматните стапки за штедните влогови во земјава почнаа да растат во 2008, а тој процес уште посилно продолжи и во текот на цела 2009. Но, некаде од средината на 2010 почнаа да одат надолу, тренд кој не сопира и во цела 2011. Оваа година следуваат нови намалувања на каматите за штедењето. За илустрација, ако на стартот на 2010 просечната камата за денарските депозити била околу 7,5 отсто, на крајот на таа година каматата изнесувала 6,7 проценти. Минатата 2011 година почнала со камата од 6,4 отсто на денарските депозити, а во декември лани таа доаѓа до ниво од 5,6 отсто. Намалување се забележува и кај каматната стапка на депозитите во евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8E490C52D79C124A95F9B0FA48B8AB32
 
Па супер, јас си ги извадив парите пред време.
И што е тоа супер?
Парите и да не си ги извадил не ти пропаѓат,туку каматата која си ја зимал само сега е намалена.
Според мене лош потек на банките за нас граѓаните.
 
И што е тоа супер?
Парите и да не си ги извадил не ти пропаѓат,туку каматата која си ја зимал само сега е намалена.
Според мене лош потек на банките за нас граѓаните.

Па јас ги извадив пред да се намалат каматите. т.е. во мај лани ги извадив и тоа едвај во Гевгелија. Тогаш беше камата месечно од 170 до 340. И сега што кога ќе стојат парите кога каматата е помала, и треба да чекам 2 години за да земам 1.500 денари.
 
Зашто едвај? Ако сакаш да кажеш баш ме интересира.Инак зависи колку пари си имал,зашто ако е добра сума и 3% да е камата добредојдена ќе биде. И лично мое мислење,да не ме разбереш погрешно,доколку не ти биле потребни парите мислам дека би било подобро да ги оставиш во банка.Зашто подобро нешто да капе отколку ништо.позз
 
Па ми беа потребни парите и затоа ги извадив. Од овде во С.Б. ми рекоа да одам во сабота во Гевгелија да ми ги дадат парите. Отидов, се измалтретирав, чекав едно добри 3 часа. И на крај ми викаат дојди работен ден од понеделник до петок. Немале дозвола да ми ги дадат тогаш. А другиве банки како што знам даваат и саботи. И отидов пак во петок и се изначекав со старците таму и ги земав.
 
според сегашново на 1000 евра орочени колку би добиле камата на 3 месеци ??
 
според сегашново на 1000 евра орочени колку би добиле камата на 3 месеци ??

За три месеци беше негде 900 денари камата (не ме држи на збор, но тука беше негде мислам). Е сега не знам колку е.
 
Незнам како се пресметуваат каматите може некој да пише?

Вика за 3 месеци дека е 3.60%.. Нема шанси од 10.000денари да ти исплатат 3.60 %..
Мене ми кажаа дека процентот се множел по месеците и испаѓа доста бедна сума за тие големи пари..

за 10.000 денари ми испадна 22 денари камата месечно ако е на 3 месеци орочена
 
Најдобро извади си ги парите ако каматата е 22 денари месечно. Премалку камата е тоа. :confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom