Shoegaze/Dream pop

Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
The British music press—particularly NME and Melody Maker—named this style shoegazing because the musicians in these bands stood relatively still during live performances in a detached, introspective, non-confrontational state, hence the idea that they were gazing at their shoes.
Шугејзот се разгранува од алтернативниот рок кон крајот на 80-тите години на минатиот век. Жанрот се развива со полна пареа за време на раните 90-ти години, рамо до рамо со гранџот. Иако во периодот што следи доживува затишје, во последниве неколку години жанрот повторно се враќа на своето заслужено место, но и се изродија цел куп тазе шугејзери. Се карактеризира со доминантни гитарски ефекти и дисторзирани вокали чии пораки, иако мошне моќни и гласни, на прво слушање тешко се разбираат низ испеаните стихови. Кога би морала да одберам неколку епитети за да го опишам овој правец, би рекла: Бучно, мудовидно, емотивно, накурчено и со мирис на зима. Ова не значи дека шугејз не слушаме во лето, туку дека мене секоја зима ми носи ново навраќање кон корените со кои за прв пат се запознав со овој стил.

Нема да редам истакнати шугејз музичари, наместо тоа ќе набројам неколку важни „четива“ (во превод албуми), задолжителни за сите љубители на шугејз-звукот, а особено наменети за оние кои прв пат се среќаваат со него.

My Bloody Valentine - Loveless [1991]
The Jesus and Mary Chain - Darklands [1987]
Cocteau Twins - Heaven or Las Vegas [1990]
Ride - Nowhere [1990]
Ride - Going Blank Again [1992]
Slowdive - Pygmalion [1995]
Chapterhouse - Whirlpool [1991]

Потоа може да се премине кон Lush, Pale Saints, Spiritualized, Lotus Plaza, Yo La Tengo, The Pains of Being Pure at Heart, A Place to Bury Strangers... Исто така, интересна е и приказната околу Creation Records, независната музичка куќа што своевремено има одиграно важна улога во калењето на шугејзот, но и на алтернативниот рок, воопшто. Повеќе околу ова во филмот Upside Down: The Creation Records Story.


Пс. Годинава My Bloody Valentine издадоа трет албум, насловен m b v, откако изминаа 22 години од Loveless.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Нејсе, многу ме интересира што мислите за m b v на My Bloody Valentine?

Јас обично сум изрично против такви „обновувања“ на бендови, особено ако мислам дека тоа што го снимиле во свое време е навистина ненадминливо, а кој може да го надмине Loveless?

Сепак, мислам дека по многу измешани чувства околу новиот албум, конечно го прифатив со мошне позитивен предзнак.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 13:31 ---
Нејсе, многу ме интересира што мислите за m b v на My Bloody Valentine?

Јас обично сум изрично против такви „обновувања“ на бендови, особено ако мислам дека тоа што го снимиле во свое време е навистина ненадминливо, а кој може да го надмине Loveless?

Сепак, мислам дека по многу измешани чувства околу новиот албум, конечно го прифатив со мошне позитивен предзнак.

Добар е, ама не е Loveless. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.889
Поени од реакции
40.189
Ова се едни од пионерите на овој правец. Го имав на плоча овој албум, еднаш порано... :) Беше издаден за 4AD на Ivo Watts Russell, кој беше вистински гуру на инди музиката во тоа време.

 

BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Многу "hyped" албум во последно време, мешавина од Shoegaze и Black-metal. Не е за секој, али дефинитивно вреди да се слушне.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom