Како што реков зијан од оваа нема , па макар изградил и едно квалитетно казино на вода, дури мспоред мој вкус тоа е сосема доволно за почеток. Она од што можеме ние како граѓани најмногу ќар да имаме е најавената инфраструктура, ако плановите на инидецот почнат со реализација , сигурен сум дека владата ќе ја забрза постапката за изградба на експресниот пат или автопат Охрид Свети Наум и Скопје Охрид. Слично беше и со најавите за огромен скијачки центар во Кожув и таму беа најавувани 200 милони и се најавуваа 1 милон туристи а се инвестираа 2 но најбитно од се се изгради пат до Кожув а сега се гради пат и одкај Кавадарци ако не се лажам и во иднина лека полека можеби Кожув ќе се развие.
Мене не ми е јасно зошто се оди на такви мегаломански и нереални проекти а не се оди на фазно развивање со конкретна програма и стратегија.
Кожув е пропадната инвестиција. Јас сум од Кавадарци, ти кажувам најреално. Таму човек нема стапнато овие години, а патот од Кавадарци е моментално не се ни гради. Беше амбициозен проект, ама беше и преамбициозен.