Шкотска - Македонија 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
имаме ли сега било каква шанса да поминеме во следната фаза?
како што видов во табелава!
1-холандија-21
2-Шкотска-10
3-Македонија-7


следната утакмица на Шкотска е со Холандија( да речеме дека е пораз)
следната утакмица на Македонија е со норвешка(да го молиме бога да си дадат автогол и 1-0 да тепаме)
ке имаме исто бодови со Шкотска.
во тој случај што одлучува меѓусебниот дуел или гол разликата?

Не се замарај завршиме ние:smir:
 
Е да си жив и здрав, тоа и ја сакав прееска да напишам: џабе трчаат по човекот да се пресметаат со него што „не бил фер“. Во вакви натпревари, нема фер. Колку сме наивни. Ви текнува на голот Спарта Прага што му го даде на Вардар од прекин? Нема фер, важно е да се помине. Тоа е менталитетот што ни фали за да победиме во вакви натпревари.

А за поправање, и јас се надевам, ама шансите се мали. Еве зошто:

%20Stupidity%20Doing%20Same%20Thing%20Over%20Button%20%280681%29.jpg



Глупост: Да правиш иста работа повторно и повторно...а да очекуваш различен резултат.


Истите работи ги прават (надвор од теренот), истите сваќања ги имаат луѓето во нашиот фудбал. А се чудат зошто не можеме да мрднеме. Ете дефиниција погоре.

EE за тој натпревар,ццц. Дури од ложа го гледав, тој од УЕФА еден делегат ништо не гледаше од мене :))))
Инаку да, го немаме тој менталитет да зафркнеме некој ,а од спротива сме многу наивни

Не се замарај завршиме ние:smir:

Изгледа одлучува гол разликата, така да има теоретски шанси што се реално остварливи
 
Изгледа одлучува гол разликата, така да има теоретски шанси што се реално остварливи

Нема, сега и да сме втори, ќе бидеме најлошопласирани втори. Покрај тоа, Норвешка е многу поопасен противник од Шкотска, believe you me... Кога овие не ги тепавме, шансите со Норвешка, посебно после поразов, ни се сведени на теорија.
 
Нема, сега и да сме втори, ќе бидеме најлошопласирани втори. Покрај тоа, Норвешка е многу поопасен противник од Шкотска, believe you me... Кога овие не ги тепавме, шансите со Норвешка, посебно после поразов, ни се сведени на теорија.
Не можеме да бидеме втори, Шкотска е подобра од нас во меѓусебниот дуел, или Норвешка, или Шкотска ке биде една од второпласираните репрезентации . :toe:
 
Ние моментално поседуваме менталитет шо може да им ги расипе соништата на Норвешка, како што им ги расипавме на Ирска едно време.......:smir:
 
Кажи ми колку пати сме пробале да играме Пандев(полушпиц), Наумовски (шпиц), Мазнов (шпиц).
Тогаш немавме ниту игра ниту реализација, немаше удари кон гол, дававме голови од моменти на инспирација, од корнери, од слободни, на среќа.
Наумовски=Мазнов=Ивановски (тројцата се ист тип на напаѓачИ...некој подобар некој послаб.)
.

Не е до мене наменето ова но ќе пишам:wink:
Значи ги имаме:
Наумоски = корпулентен, добра игра со глава, одлично се гради и добар е на прв контакт.
Мазнов = некорпулентен, многу спор, лоша игра со глава и многу лоша реализација
Ивановски = висок, корпулентен, спор но одлична игра со глава и супер реализација. = Класичен голгетер - според мене баш тоа(тој) ни треба во тимот сега кога се потсредија работиве во средината.

И точно дека лани пробавме со Пандев како полушпиц и Мазнов и Наумоски напред. Но тогаш играше Мазнов кој лично сакав што побрзо да се изостави од репрезентација (барем на некој период), и тогаш у средина не играше Деспотовски - одличен пасер.

Е сеа како што пиша ти, не мораше да почне Ивановски, но мораше да го замени Илчо после примањето на голот. Тогаш можевме да игра Ивановски како истурен и Пандев и Стојков позади него, што според мене е одлична формација, зашто видовме дека Пандев одлично знае да проигра, но немаше денеска кој да погоди.:nesvest:

А и така ти е кога асистентот на селекторот си бира играчи од својот тим.:tapp:
 
Не можеме да бидеме втори, Шкотска е подобра од нас во меѓусебниот дуел, или Норвешка, или Шкотска ке биде една од второпласираните репрезентации . :toe:
Поентата е што не одлучувал меѓусебниот дуел. Така да има шанси, колу и да се мали за 2ро место. Е сега незнам колку тоа ќе влијае на со другите 2ро пласирани од другите групи, би имале 10 поени што не се малку.
 
Поентата е што не одлучувал меѓусебниот дуел. Така да има шанси, колу и да се мали за 2ро место. Е сега незнам колку тоа ќе влијае на со другите 2ро пласирани од другите групи, би имале 10 поени што не се малку.
Пак подобра гол разлика имаат шкотите од нас, според табелава

mkd.bmp


ние имаме -5, они -4, едноставно сме приморани да ја победиме Норвешка во гости, и да се надеваме на триумф на Холандија, иако и во една таква ситуација мислам дека ке биде последни од второпласираните екипи, па дури и да имаме исто бодови со некои од нив, гол разликата ни е катастрофално лоша .
 
Тоа е што е исто како младинците вчер имавме многу шанси не искористивме потоа иде казната старо непишано правило ;)
 
Пак подобра гол разлика имаат шкотите од нас, според табелава

mkd.bmp


ние имаме -5, они -4, едноставно сме приморани да ја победиме Норвешка во гости, и да се надеваме на триумф на Холандија, иако и во една таква ситуација мислам дека ке биде последни од второпласираните екипи, па дури и да имаме исто бодови со некои од нив, гол разликата ни е катастрофално лоша .
Епа со наша минимална победа,а нивен макар и минимален пораз ќе имаме подобра гол-разлика. Ок. А незнам каква е ситуација кај другите групи, ме мрзи да правам пресметки сега ама у право си сигурно ни се мали шансите.
 
Епа со наша минимална победа,а нивен макар и минимален пораз ќе имаме подобра гол-разлика. Ок. А незнам каква е ситуација кај другите групи, ме мрзи да правам пресметки сега ама у право си сигурно ни се мали шансите.
До мечот со Шкотска бевме последни, мислам дека имаше една табела пласирана на форумов од второпласираните земји .
 
мал осврт :)

ќе тргнам од лошата одбрана.
николовски (ај добро врнеше) неколку пати не сигурен.
седловски тапа. неколку пати се излета како мало дете, многу меко, како да се плаши од дуел игра. таков играч, на таква позиција не смее да си дозволи такви лабави излети. после еден таков кикс нема кој да поправи позади него, само голманот останува. затоа постои жолт картон. одиш безкомпромисно на старт, или топката или човекот. а не да оставаш голман во ситуација сам на двајца противнички. кај го има тоа?
новевски една од послабите утакмици.
митревски ми се виде за нијанса подобар од овие двајца. не дека се некој страшен квалитет нашиве, ама не смееја да дозволат такви наивни продори на шкотиве кои да признаеме се мивки. дури не` поминуваа без дриблинг.

средниот ред за прв пат во серија мечеви ни е најдобар. што ме радува. мала замерка само на шумоликовски неколку стартови можеше малку по жестоко, и за вториот гол можеше да пушти рака на центар од терен да го повлече шкотот, жут, ама така се прави.

тупан, страшен напредок во игра. шетета што го утна тој зицер, ама затоа изигра маестрално според мене. со пандев најдобар денес. може некој нема да се сложи, ама цела идеја целата игра ни зависи од креативноста на тупан. супер прегледност, добро додава со двете нозе, знае брзо да реагира. едноставно ми е неверојатно кога го гледам. не сум навикнат да имаме таков фудбалер во реперзентација.
со шуми и деспотовски се одлична тројка, и кој и да нареден селектор се одлучи нешто да смени овде, ОЧИ ЌЕ МУ ИЗВАДАМ!

попов, да не речам ништо да не го урочам. очекувам од него наредна сезона трансфер во една од топ 3 лигите.

напред пандев изигра за неколку класи подобро од сите 22ца на терен. тоа беше повеќе од очигледно. навистина е штета и неправда таков фудбалер да не игра неколку месеци. КЛАСА. доминира, да има 1%предност во дуелот он го добива. страшен играч. треба да сме горди сите на него.

стојков, како што прочитав погоре - не е веќе тој што беше. многу е паднат а исклучително го ценев. веројатно му треба една јака сезона за да се врати. илчо е борец, ама без идеја. некако не ми е фудбалски добро поткован освен што многу трча. ми фали координција кај него, на тело со нозе, секогаш за чекор касни. не е ова од оваа утакмица, константно ми е таков.

мораме да се појачаме. да натурализираме некој за напред, на пример зарате, и уште еден штопер. што стана со оној од австралија, некако многу јак ми изгледа тој. васовски кај и да е ќе се врати...
со мали корекции, и негубење бодови во гости кај репрезентации од типот на исланд, ќе беше многу подруго.

и кој после ќе ми каже дека шкотска се 20ти, а ние 50ти на ранг листа. ти се мочам во листата
на крај браво за нашите. видов борба и игра, што никогаш пред тоа сме го немале. резултатите сами ќе дојдат
 
Сите второпласирани екипи имат + 10 поени...Така да...:jaj:
 
Сите второпласирани екипи имат + 10 поени...Така да...:jaj:

Тука си у право. Но нашата група е со 5 екипи а другите групи се со 6 така да на сите второпласирани екипи во другите групи ке им се одземат бодовите и гол разликата од нивните мечеви со последнопласираните и ке се добие конечната табела.
Кај нас нема екипи од типот на Сан Марино, Андора, Лихтенштајн итн. Со тие екипи резултатите на второпласираните од другите групи ке бидат избришани но сепак и така мислам дека со 10 поени ке бидеме последни. Само гурпата кај што се Чешка и Полска мислам е близу слаба со нашата.
 
Сите второпласирани екипи имат + 10 поени...Така да...:jaj:
Минусирај им право по 6 од дуелите со последните :))
П.С. Исланд-Норвешка 1-1 . Норвежаните ако не победат ќе немат многу мотиви против нас
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom