Shine

  • Креатор на темата Креатор на темата SV-Strange
  • Време на започнување Време на започнување

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Локација
Himalayas
Синоќа, баш мислејќи се што да правам, еден другар ме покани да одиме на свирка на Shine, сум чул за бендов, ама некако ич не ме фаќало мерак да одам. Настапуваа во Gala Live (Глобал, Струмица) и сум стварно импресиониран од настапот. Муабетот ми е, дека се виртуози, и двајцата, иако не сум многу по таа музика поминав феноменално, имаа и еден одличен drum-set и луѓето спобудалеа, немам зборови. Ваши искуства со бендот, сте биле на настапи, мислења?

l30a25ddf1.jpg


Превземено од нивниот myspace профил:
SHINE е формиран во 2008 година во состав од Јордан Манов и Дамјан Пејчиноски. Талентот за музика кај двајцата е откриен уште од мали години. Постепено започнуваат со настапи и членуваат во повеќе групи, за да на крај, секој ја пронајде својата специјалност во музиката и финалниот производ SHINE. Мултиинстументалистот, Јордан Манов, потекнувајќи од музичко семејство уште од рана возраст започнува со свирење на тапани. На 13 –годишна возраст започнува со настапи на повеќе манифестации во републиката и надвор од неа, како и воедно се здобива со многу награди и признанија. Од повеќето награди и настапи, како позначајни би ги издвоиле: 2003 година награда за најдобар соло концерт, 2004 година награда за најдобар текст и музика, истата година го отвара големиот концерт на легендарните Boney M во Хрватска. Во 2005 година учествува како пред група на концертот на Дивље Јагоде во Белград , а во 2007 година,заедно со Дамјан Пејчиновски, го завршуваат мајсторскиот клас кај еден од најголемите џез музичари во Бугарија – Милчо Левиев. Гитаристот, Дамјан Пејчиноски започнува со свирење од 6 годишна возраст, меѓутоа, првата средба со музичкиот свет и сцената ги открива малку подоцна. Започнувајќи со јавните настапи публиката имаше можност да се запознае со неговиот извонреден талент и техника. Во 2002 година победува на Рок Фест, гитаристот Влатко Стефановски лично му ја врачува главаната награда (гитара), 2008 година настапува на големиот концерт на браќата Тавитјан во Универзална сала. Мај 2009 е избран меѓу илјадници гитаристи од целиот свет да настапи на финалето на најголемиот светски натпревар за гитаристи “Guitar Idol” во Лондон, заедно со уште 11 конкуренти ширум светот. Неговата виртуозност ја покажува на неколку on-line натпревари: Второ место на натпреварите "Strings on fire" и "Truth in Shredding" на кои учествуваа повеќе од 500 учесници од цел свет. И двајцата соработуваат со повеќе реномирани музички имиња на македонската сцена. SHINE , за нив би рекле дека се само двајца музичари кои се трудат да звучат како цел бенд.

Facebook fan club

MySpace
 
Ауу,вчера шо журка направија. Феноменално беше,секоја чест на момците.:cuc:
Само нека продолжат вака,верувам дека ке имаат одлична кариера.:vozbud:
 
Одлична тема, Кискин.
Shine се одлични. Што може да се каже повеќе за бенд каде што учествува Дамјан Пејчиновски. Песните им се доста добри а и Дамјан и Јордан се добри инструменталисти па им даваат уште поголема вредност на секоја од песните. Стварно е разочарувачки што покрај толку "јаки" естрадни "уметници", дечкиве неможе да се пробијат како што заслужуваат. Ај еве една песна од нив:



 
ммм.. Shine се супер ко засеа машала да не ги почудам :D брат ми ги слушаше пред некое време па ми фатија на уво и ми кажа.. стварно не ми се верваше дека се двајца типци само али сепак свака му част звучат одлично :D
 
Дали за загревање во Гала имаше пуштено Слаткар? Поминав низ таму, затоа. :)
 
Одлична тема, Кискин.
Shine се одлични. Што може да се каже повеќе за бенд каде што учествува Дамјан Пејчиновски. Песните им се доста добри а и Дамјан и Јордан се добри инструменталисти па им даваат уште поголема вредност на секоја од песните. Стварно е разочарувачки што покрај толку "јаки" естрадни "уметници", дечкиве неможе да се пробијат како што заслужуваат. Ај еве една песна од нив:





Ми се ареса песната... :pipi:
 
Сум бил неколку пати на нивни свирки струга... лудница се посебно Дамјан корни гитарата:)
Еве нешто интересно :
 

Како а ?:vozbud:
И поп преработките не им беа супер (иако од Лејди Гага ме изнервира).
Супер впечаток ми оставија за прв пат.
 
И поп преработките не им беа супер (иако од Лејди Гага ме изнервира).
Супер впечаток ми оставија за прв пат.
Ете баш сношти така успат ми испадна и ојдов... и се искинав од смеење со Лејди Гага,Dance With The Devil :vozbud: и останатите неартикулисани работи како што рече :pos2:
 
Јас сум од Струмица, требаше некни да одам да ги видам ама не успеав, инаку Струмица има претежно позери и кремци и шо сакаш да не свират Лејди Гага или такви глупости. Можда момците се добри ама ако почнат да свират метал или нешто шо не го разбираат кремци никој нема да оди да ги слуша или сите ќе ги гледаат како телиња во шарена врата...
 
Добри се, ама вокалот им е многу геј.
 
Мора Дамјан да наприви јак бенд, Јордан за тапанар ок, иначе вокал мора да најдат некој друг.
 
одличен бенд песната љубов или сон ја слушав на MTV
супер песниче
 
Бевме другари со Дамјан пред да стане "ѕвезда", сега ни здраво не вика...пешлаче :icon_lol: Македонски синдром - ако снимиш еден спот а до вчера си смрдел на гаража, е тогаш си ѕвезда со реноме - патетика.
Многумина ги испративме така и завршија по кафани.
Се најдобро им посакувам и многу многу кила памет!
 

aj nekoj neka mi prati link za download od lubov ili son na pp:salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom