Shameless (US)

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Мех, оваа Менди ми е тапа. Менди од првата сезона >>>>> сегашната.
Друга актерка ја глумеше: Jane Levy.
Искрено не приметив.
Шо значи достојна била замената сепак :)
 
Серијава колку брзо ја изглеав, 5 сезони ко ништо, ептен е заразна, сите ликови се скроз заебани и секоја епизода се дешава нешто интересно, само нека продолжат така

Фиона почна многу да ме нервира.. откога си заеба и работа и добра врска со тој шефот.. едно залапување и требаше од братот за да рашири нозе.. мислам осет..:facepalm: не дека претходно беше нешто сјајна, ама после тоа на нерви ми иде.. исто сеа пак Џими коа се врати требаше едно ајлавју да и каже овој за да си го заебе бракот со тој брадестиот- кај душичка па и убав, најасален и е овој дефинитивно:love: (И Џими ме нервираше, поим за себична пичка, се надевам нема да го враќаат пак)
Ја мислам дека Деби не е трудна.. шо знам така ми изглеаше на крајот
А Семи не очекував дека до толку ќе ја направат психопат, не делуваше така на почетокот:icon_lol:
Мене Џоди ми фали, многу ми беше смешен тој у комбинација со Шила, ептен смотковци беа:pos:
SfeDbLR.png
Многу се смеев на сценава.. двајцата се прича сама за себе, да направат посебна серија за нив пак ќе ми биде интересна :pos:
 
исто сеа пак Џими коа се врати требаше едно ајлавју да и каже овој за да си го заебе бракот со тој брадестиот- кај душичка па и убав, најасален и е овој дефинитивно:love: (И Џими ме нервираше, поим за себична пичка, се надевам нема да го враќаат пак)

Конечно некој да го сподели мислењето за Џими со мене.
Многу ми е антипатичен, буквално лигле со фаца да го отепаш од мавање. За карактер па да не прајме муабет. Не дека не си одговараа со зрелоста со Фиона, но сепак ...
 
Конечно некој да го сподели мислењето за Џими со мене.
Многу ми е антипатичен, буквално лигле со фаца да го отепаш од мавање. За карактер па да не прајме муабет. Не дека не си одговараа со зрелоста со Фиона, но сепак ...
Е така.. ЛИГЛЕ е правиот збор! (y)
Оној пат кога нешто овие беа у тешка ситуација проблеми си имаа, и овој као сфаќа дека не му се живеело така, па бегаше кај бразилката да ја ебе, а пред тоа ја молеше Фиона да му се врати.. па доктор ќе станувал па не знам си што, требаше да го убие тој на јахтата :D
 
Е така.. ЛИГЛЕ е правиот збор! (y)
Оној пат кога нешто овие беа у тешка ситуација проблеми си имаа, и овој као сфаќа дека не му се живеело така, па бегаше кај бразилката да ја ебе, а пред тоа ја молеше Фиона да му се врати.. па доктор ќе станувал па не знам си што, требаше да го убие тој на јахтата :D

Јас мислев дека стварно го решија на таа јахтата и дека веќе нема да се појавува.
А инаку тогаш се лутеше дека оваа не го рецкаше, баш делот кога оваа се тепаше за старателство над децата со Френк, она работеше, овој чистеше по дома.
Во глобала, мене ми се пар со Фиона, бар си се заслужуваа. После последнава епизода со шефов кој по милионити пат ја одби, сакам гитаристов да се тргне што побрзо од нејзе, ептен е предобар за неа.
 
Ја почнав серијава и можам да кажам за почеток одлично извештаи конкрети искази полциска станица понатаму

и морам да си го спомнам вотчето(ќе изгледам ко дрогирашот еден период коа го буташе у секој пост ама што да праам) да значи у право бил со потење од типот јака е и слично (y)
 
Постов - гугл транслејт.

Претпоставувам ова те буни да разјасниме

извештаи конкрети искази полциска станица

Подели се себеси на два дела и негирајте се еден со друг мавај си контра реплики на самиот
Ти-самиот
Џими-Фиктивен лик за контра реплика
Пробај си го знаењето и фактите со кој располагаш

Што сакам да ти кажам ''исказ'' нели знаеш што значи ваљда
Зошто баш полициска станица сигурно се прашуваш нели на испрашување си твојот фиктивен лик е детектив сериски детектив проверка на тоа што си видел слушнал разбрал детална анализа за 40те минути секој дел од твојето тело е ставено под лупа не збориме за ''lie to me'' зборуваме за тебе фокусирај се

Се надевам дека сега ти е појасно .....
 
Уште 12 дена.
Од видеава што ги погледнав тука, можам да претпоставам дека ќе биде најмрдната сезонава.
 
ха изгледа добро. Само штета што имаат толкава пауза измеѓу сезони. Скоро па заборавив до кај стасаа :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom