СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Металург денес ако губи ќе изгуби и ради повредите и ради шансата за фајнл фор. Вардар исто како и лани одлично ќе си се припреми и според мене големи се шансите да триумфираат. Да обелат и малку образ за сезонава. Ако биде спротивното Металург ќе се надмине во секој поглед. А добро ќе им дојде овој твр дуел пред Киелце да влезат пак во форма иако големи се шансите да загубат од Вардар.
 
Се знае ли колку ќе има посетеност денеска на мечевите? ..освен што прочитав дека на „Комити“ толку и толку карти им дале, општо како оди продажбата на картите, некој ако е информиран..

Гледам вчера во позадина на прес конференцијата, стои Гаспром како дел од спонзорите, значи дека официјално од наредна година ќе се спонзори на лигата, некако цело ова време сумљиво ми беше за тоа.
Се надевам третата сезона далеку по озбилно ќе се сфати, барем во организациски поглед, како со тв преноси и останати работи кои следуваат за успешно водење на лигата.
 
Денес слушнав на радио дека Северина ќе имала концерт во Борис во Сабота, и од денес почнала да се мести бината? Е како ќе се одиграат утре полуфинаљињата, ако е наместена бината? :D
 
Не ми се верува Металург да калкулира со Вардар....
Нема шо да чуваат.....ќе играат со полна сила.....
Тие кога не се штедеа на онај небитен меч во Автокоманда,нема шо сега да мислат на Киелце....
Малку ги поремети повредата на Миркуловски,ама Батиновиќ и Додер влегоа во форма...
Плус играчите на Металург се во далеку подобра натпреварувачка форма,посебно главните играчи,Мојсо,Станиќ..и дефанзивците Јоноски и Маркоски,доколку мечот се игра гол за гол,очекувам Металург да има предност....
Вардар немал сериозен меч со силна екипа уште од мечот со Татран,со Металург не беа на ниво,Ловќен лесно го ишлакаа....
Столе,Лазаров немаа некоја минутажа за репрезентација,Драгаш доби пристојна минутажа за Србија на двомечот со Австрија...
Како и да е,мотивите се дефинитивно повеќе на страната на Вардар,се ќе фрлат на една карта....
Ова е можеби најважниот меч за Вујо.барем во овај дел од сезоната.....(ако не се смета лигашкиот двомеч)......
Како тим се послаби од Металург,ама на ваквите мечеви нијанси решаваат....
Мој тип е победа на Металург од 1,2 разлика во меч со малку голови.....
 
Не знам зашто ама имам некое чуство дека ќе ги отвориме денес Метларуг :D
 
Дечки, ќе има директен пренос? Пошто на програмата од МТВ нема СЕХА лига....
 
А јас будала па ќе гледам на МТВ пренос.:D
П.С На МТВ за џабе изгледа правеа форшпан . За утакмиците
П.С.С Форшпан им текна да направат а да стават во програма дека ќе има не им текна будалска работа не им е првпат.
 
А јас будала па ќе гледам на МТВ пренос.:D
П.С На МТВ за џабе изгледа правеа форшпан . За утакмиците
П.С.С Форшпан им текна да направат а да стават во програма дека ќе има не им текна будалска работа не им е првпат.
Па ќе има на МТВ пренос, тоа што нема во програмата ставено е друга работа.
Битно ете си го видел форшпанот, што ќе ти во програма.
И еве, тука следите што ќе има од спорт на МТВ https://www.facebook.com/groups/261750963941769/
 
Па ќе има на МТВ пренос, тоа што нема во програмата ставено е друга работа.
Битно ете си го видел форшпанот, што ќе ти во програма.
И еве, тука следите што ќе има од спорт на МТВ https://www.facebook.com/groups/261750963941769/
Знам дека ќе има затоа и се заебавам.
Но и овие глупиве од Мтв не можам да ги сфатам прват форшпан а не им текнува да стават и во програма. Тоа ми беше поентата. Некој друг немал да го види форшпанот и нема да знаел дека ќе има срамота во 21 век да немаш точна програма.
 
Резил,дали 100 гледачи има во цела сала.....:pos:(на работа се изгледа сеуште ракометните фанови,да ручаат и после цела сала ќе ја исполнат)....:icon_lol:
Добро е шо сигурно ќе имаме македонски претставник во финале,иначе иста слика ќе имавме и на финалето....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom