СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
:pos: :pos: :pos:

Дискусијата е детска. Самите фанови си признаваат дека или не пратат ракомет или пратат 2 години само на телевизија и натпревари од ЛШ. И не се вика рамномерна, туку рамноправна, али и така ќе беше грешка.
Кои фанови си признале бе бене ?
Па тие фанови сигурно повеќе разбираат ракомет отколку 80% од овие што си навиваат за Вардар,Ф.К. Вардар и сега решиле ај и во ракомет стручњаци ќе станеме и ќе троламе против Металург,немаат навивачи,немаат успеси,нема ништо,се им е тоа на среќа,Минчолург истото по 150.000 пати.

Преку таквото веќе со дискриминацијата и омаловажувањето што го водите во овој дел од форумот,вие фановите на Вардар.

Еве поправено е,биди среќен сега. :rolleyes:
 
Убаво си имаш кажано дека пратиш ракомет 2 години само. :)

Него за да нема непотребно потење, предлагам темава да се затвори 10тина дена бар до фајнл форот. А и модераторите да поделат по некоја казна зошто отиде у курац подфорумов... Непотребна и оф-топик дискусија се разви на неколку теми. @Ilumious мислам дека можеш ти да средиш, женска рука е потребна овде :icon_mrgr:

За ракомет не можам да ви продавам пуканки оти искрено ги знам само играчиве од Металург, од Вардар три четворица, и уште мал број од Европа. Ама не можи некој да ми кажува како сум тропал зелени кога велам дека Ацо играше сезонава помалку од Велко и дека не сте во право кога велите дека и да грми и да вее комитите се в сала и ја прават најубавата атмосфера. Коментирам за последниве 2 години и секој пост е заснован на факти. позз
--- надополнето: 28 март 2013 во 01:35 ---
:pos: :pos: :pos:

Дискусијата е детска. Самите фанови си признаваат дека или не пратат ракомет или пратат 2 години само на телевизија и натпревари од ЛШ. И не се вика рамномерна, туку рамноправна, али и така ќе беше грешка.

Само јас имам кажано дека пратам 2 години ракомет.
Инаку оваа денеска беше втора утакмица сезонава шо ја следам на тв кога металург игра дома, дали во Сеха дали во ЛШ.
 
Кои фанови си признале бе бене ?
Па тие фанови сигурно повеќе разбираат ракомет отколку 80% од овие што си навиваат за Вардар,Ф.К. Вардар и сега решиле ај и во ракомет стручњаци ќе станеме и ќе троламе против Металург,немаат навивачи,немаат успеси,нема ништо,се им е тоа на среќа,Минчолург истото по 150.000 пати.

Преку таквото веќе со дискриминацијата и омаловажувањето што го водите во овој дел од форумот,вие фановите на Вардар.

Еве поправено е,биди среќен сега. :rolleyes:
Требаше да го избришеш, не да поправаш :D

Обратни ти се процентите, си згрешил нешто. Ептен грешно ги сфаќаш постовите на фановите на Вардар, али и убаво си пиша поназад Сајбер, кој не е вистински навивач не може да ги разбере фановите на Вардар зашто така пишуваат, така да бесцелно е да се објаснува.
--- надополнето: 28 март 2013 во 01:41 ---
За ракомет не можам да ви продавам пуканки оти искрено ги знам само играчиве од Металург, од Вардар три четворица, и уште мал број од Европа. Ама не можи некој да ми кажува како сум тропал зелени кога велам дека Ацо играше сезонава помалку од Велко и дека не сте во право кога велите дека и да грми и да вее комитите се в сала и ја прават најубавата атмосфера. Коментирам за последниве 2 години и секој пост е заснован на факти. позз
--- надополнето: 28 март 2013 во 01:35 ---

Само јас имам кажано дека пратам 2 години ракомет.
Инаку оваа денеска беше втора утакмица сезонава шо ја следам на тв кога металург игра дома, дали во Сеха дали во ЛШ.
Убаво е што пратиш ракомет, без разлика кој клуб.

Инаку исто така убаво ти викаат фановите на Вардар дека Ацо играл колку Велко, т.е. не само исто туку и 2 натпревари повеќе, Ацо има 12 во ЛШ, додека Велко има 10.
 
Требаше да го избришеш, не да поправаш :D

Обратни ти се процентите, си згрешил нешто. Ептен грешно ги сфаќаш постовите на фановите на Вардар, али и убаво си пиша поназад Сајбер, кој не е вистински навивач не може да ги разбере фановите на Вардар зашто така пишуваат, така да бесцелно е да се објаснува.
Не бе само вие сте вистински навивчи. Во право си,дури сега го сфаќам. Другите што навиваат за друг тим уствари не се навивачи. (y)

Затворајте ја темава,нема со кој да се прави издржан муабет овде.
Всушност затворете ги сите теми за ракомет додека Вардар не земе домашно или заигра Л.Ш......некогаш. Нема смисла да постои ракометна дискусија ако Вардар не е најдобар.
 
Ќе ме тераш да земам штоперица, и да ги гледам сите 12 натпревари на ехф.тв и да мерам кој колку време бил на терен. Тврдам дека Велко има поминато повеќе минути на теренот од Ацо.
 
Не се нервирај де, не е навреда тоа. Малце се вистински навивачи на Металург, оние што се околу мене што ги знам а се декларираат како фанови на Металург се далеку од навивачи, ти си нај хардкор фан, и како таков, тогаш можеш да ги разбереш пишувањата на другите од Вардар.

Упорно ви цртаат дека: Металург имаат појак тим, имаат голманиште, и дека се за нијанса појаки од Вардар. Вие Вардар го ставате 2 нивоа подоле од Металург а притоа изгубивте две титули од 3, секако најважната ја освоивте али да бевте 2 нивоа погоре со втор тим(не младинци) ќе победевте како што би победиле било кој друг тим во прва лига. И уште кога ќе ви кажат дека и Вардар би идел понатака во ЛШ во група во која тепате по 15 разлика на гости се навредувате и пак го спуштате тимот на ниво подоле, а истовремено губите од Вардар 2 титули. И како сакате фан на Вардар да не ви одговара и да не ве демантира упорно и да ви кажува дека немате поим од ракомет(не ти, општо, генерализирам) кога не ги прифаќате фактите дека губите 2 титули од 3 од ривал кој го нарекувате 2 нивоа подоле и го исмејувате? Расправаат кој играл повеќе и кој помалце од Металург и на крај фанот на Металург без пропуштен натпревар греши? Расправаат за буџети на клубови а немаат поим ниту знаат да побараат на вашиот сајт?(кај нас нема податок, не можеш да најдеш, кај вас барем е лесно)... И уште многу има за пишување, али стварно ме мрзи.

Поздрав
--- надополнето: 28 март 2013 во 01:50 ---

Ај сеа го тупиш и ти. Признај дека погреши. Не дека ми е важно дали едниот играл 20 минути, другиот 18, битно едниот има повеќе натпревари од другиот, ако немаш што да правиш, мери време...
 
Дискусијата секогаш била иста,секогаш се правеле споредби помеѓу тимови секогаш се мешале раководствата на тимовите,буџетите,платите,резултати... проблемот е што комплексите се преголеми и тие го достигнаа својот зенит кога металург почна да бележи резултати за кои ќе сонува миравци,денешниов пораз кој иако беше без резултатски императив беше капак на тоа...пробувате да се вадите со саркастични коментари,омалуважување на нашите коментари и нашето познавање на ракометот па се до патетичниот коментарот на Коњаникот Сабја кој во неможност да се соочи со фактите почна да меша баби и жаби,да повикува на фејс ту фејс тепачки (ова го прават само деца од 12 години) за на крај со бело знаме да излезе од целата дискусија како демек неможел да се замара со “деца“? чија постапка повеќе наликува на детска сами ќе оцените!
 
Миравци???
Прекинете да шмркате далерон, не гледате дека ви шкоди?

И ај ќе замолам некој од куропушачите на Минчо, да ми даде негов број за да застанам и јас на ред?
Фалаоднапред, kis44e
 
Не се нервирај де, не е навреда тоа. Малце се вистински навивачи на Металург, оние што се околу мене што ги знам а се декларираат како фанови на Металург се далеку од навивачи, ти си нај хардкор фан, и како таков, тогаш можеш да ги разбереш пишувањата на другите од Вардар.

Упорно ви цртаат дека: Металург имаат појак тим, имаат голманиште, и дека се за нијанса појаки од Вардар. Вие Вардар го ставате 2 нивоа подоле од Металург а притоа изгубивте две титули од 3, секако најважната ја освоивте али да бевте 2 нивоа погоре со втор тим(не младинци) ќе победевте како што би победиле било кој друг тим во прва лига. И уште кога ќе ви кажат дека и Вардар би идел понатака во ЛШ во група во која тепате по 15 разлика на гости се навредувате и пак го спуштате тимот на ниво подоле, а истовремено губите од Вардар 2 титули. И како сакате фан на Вардар да не ви одговара и да не ве демантира упорно и да ви кажува дека немате поим од ракомет(не ти, општо, генерализирам) кога не ги прифаќате фактите дека губите 2 титули од 3 од ривал кој го нарекувате 2 нивоа подоле и го исмејувате? Расправаат кој играл повеќе и кој помалце од Металург и на крај фанот на Металург без пропуштен натпревар греши? Расправаат за буџети на клубови а немаат поим ниту знаат да побараат на вашиот сајт?(кај нас нема податок, не можеш да најдеш, кај вас барем е лесно)... И уште многу има за пишување, али стварно ме мрзи.

Поздрав
--- надополнето: 28 март 2013 во 01:50 ---

Ај сеа го тупиш и ти. Признај дека погреши. Не дека ми е важно дали едниот играл 20 минути, другиот 18, битно едниот има повеќе натпревари од другиот, ако немаш што да правиш, мери време...

После 8 прегледани натпревари онака само во одбрана и гледање дали играат или не играат, некаде мегу 30 и 60 минути во корист на Велко. Мислев дека е многу повеќе. Очигледно Велко ми паѓал повеќе в очи. Останатите 4 ќе ги догледам утре.:icon_mrgr:
--- надополнето: 28 март 2013 во 03:56 ---
Последна информација од ''ДИК'' после 9 утакмици( за таа со Киелце на гости нема фул меч) меѓу 1,5 и 2 часа во корист на Велко, зошто Јоноски бил цела утакмица на клупа. Ако удрам една пресметка од вкупно 9 часа едниот изиграл 7 а другиов 5. Изразено во проценти тоа значи дека Јоноски изиграл 71 % од времето на Маркоски, што докажува дека фанот на Металург шо не пропуштил утакмица сезонава е во право, сметајќи дека претходно кажаните 20 % беа во афектна состојба предизвикана од навивач на Вардар кој истиот ми кажа дека тропам зелени.
 
Точно, Велко игра почесто од Ацо тоа е факт! Овде има многу "навивачи" на Вардар кои слабо следат ракомет а многу зборуваат. Најчесто тоа што го кажуваат нема врска со реалноста и многу често е проследено со навреди без причина.
--- надополнето: 28 март 2013 во 10:53 ---
БЕЗ МНОГУ НАПОР, МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДА ВАРДАР ПРО

27.03.2013 22:13
DSC_0092_resize_resize-610x218.jpg
По домашниот пораз на тимот на Загреб од екипата на Брест Мешков во СЕХА-лигата стана сѐ јасно. Без разлика од исходот од денешната средба, Металург и Вардар ПРО веќе си имаа закажано средба во полуфиналето од завршниот турнир во регионалното натпреварување. Тоа ги намали тензијата и значењето на денешниот натпревар, а тренерите добија можност да одморат некои од своите ракометари. Така, во составот на Металург не се појавија Козлина и Георгиевски, а Станиќ го преседе натпреварот на клупата. Но бидејќи секогаш се работи за престиж, а бевме и поразени во контроверзниот натпревар на теренот на денешниот противник, нашите ракометари играа да победат. Денеска до победата дојдовме многу полесно од очекуваното. Вардар во текот на целата средба беше во подредена состојба, а едно израмнување (5:5) е целиот негов денешен успех.
Уште во самиот почеток на натпреварот Металург успеа да направи солидно водство од +3 (4:1), но благодарение на Даскаловски, Вардар ПРО успеа да се врати на натпреварот и во 18. минута да дојде до првото (и последно) израмнување на натпреварот (5:5). Сепак, Вугринец (2) и Златко Мојсоски повторно ни ја вратија предноста во 21. минута. Во последните четири минути од првиот дел Вугринец, Наумче Мојсовски и Алушовски направија серија од 3:0 и стигнавме до високи +5, 12:7, што е и краен резултат на првата половина од средбата.
Ваквата разлика се задржа до 48. минута, кога, денеска извонредниот, Ангелов му одбрани седмерец на Рајковиќ, а во контранапад Вугринец го постигна својот петти гол, за прво водство од +6, 21:15. Веќе во наредниот напад на Вардар, новото засилување на Металург, Коражија, одлично ја украде топката, па преку Вугринец таа стигна до Ванчо Димовски, кој го постигна својот прв гол за највисокото водство на натпреварот од +7 (22:15). Истата разлика ја имавме и при 24:17 и 25:18. Последниот гол на средбата го постигна Филип Лазаров, за крајни 26:21.
Најекспониран ракометар на средбата беше нашиот Петар Ангелов, кој одбрани 14 тешки удари и еден седмерец.
Средбата помина во коректна атмосфера, која нималку не личеше на натпреварот одигран во салата „Кале“. Фрлање ролни хартија, монети и запалки е туѓ специјалитет, кој нема место во салата „Автокоманда“.
РК Металург – РК Вардар ПРО 26:21 (12:7)
РК Металург: Ангелов (14 одбрани + седмерец), Станиќ, Ракчевиќ 1, Левов 1, Димовски 1, Вугринец 6, Миркуловски 4, Маркоски, З.Мојсоски 3, Додер, Н.Мојсовски 6, Батиновиќ 2, Јоновски, Мандиќ, Алушовски 1 и Коражија 1. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 минути. Црвен картон: Аце Јоновски (3х2 минути).
РК Вардар ПРО: Даскаловски (10 одбрани), Чаневски, Лазовиќ 2, Ојлески, Маркоски 1, Недановски 1, Прибак, Драгаш 1, Раковиќ 2, Петриќ 1, Јовчевски, Марковиќ 1, Лазаров 2, Карачиќ 5, Рајковиќ 4 и Абутовиќ 1. Седмерци: 0/1. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Матеја Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.
Делегат: Камер Металари од Скопје.
http://www.rkmetalurg.mk/bez-mnogu-napor-metalurg-go-sovlada-vardar-pro/
 
Добар потег ќе напрајте ако си купите карти за со Киелце, за прв пат ќе имате шанса да видите добар ракомет :D
Море мазго една, ние кога пред 16-17 години почнавме да го следиме организирано РК Вардар, ти не си знаел ракометна топка како изгледа, па сега стигна да кажуваш што било добар ракомет! Што све не трпи оваа земја...
 
После 8 прегледани натпревари онака само во одбрана и гледање дали играат или не играат, некаде мегу 30 и 60 минути во корист на Велко. Мислев дека е многу повеќе. Очигледно Велко ми паѓал повеќе в очи. Останатите 4 ќе ги догледам утре.:icon_mrgr:

Последна информација од ''ДИК'' после 9 утакмици( за таа со Киелце на гости нема фул меч) меѓу 1,5 и 2 часа во корист на Велко, зошто Јоноски бил цела утакмица на клупа. Ако удрам една пресметка од вкупно 9 часа едниот изиграл 7 а другиов 5. Изразено во проценти тоа значи дека Јоноски изиграл 71 % од времето на Маркоски, што докажува дека фанот на Металург шо не пропуштил утакмица сезонава е во право, сметајќи дека претходно кажаните 20 % беа во афектна состојба предизвикана од навивач на Вардар кој истиот ми кажа дека тропам зелени.
И ај после да се дискутира со вас. Во афектна ситуација за да испаднеш во право кажуваш бројки од ракав, како и бројките дека се исти буџетите на Вардар и Металург, и така се вртиме во круг, а постојано ве демантираме со бројки и факти само вие се правите слепи и во афект пишувате работи.

Прво, убаво што знаеш да пресметуваш проценти, ќе ти верувам на процентите, само чисто логички не ми е разбирливо како успеа за 2 саати да прегледаш 9 саати ракомет, или пак 11 саати колку што би траеле тие 9 натпревари со стопирање на време.

Второ, чисто логички, пошто се работи за дефанзивни играчи, од 9 саати ракомет, по твоите пресметки доколку Велко играл постојано не би можел да одигра повеќе од 4,5 саати ако го поделиме времето на напад и одбрана подеднакво.

Трето, упорно го избегнуваш фактот дека Јоноски играл 12 натпревари а Велко 10 натпревари. Ти си ги гледал натпреварите кај што играл Велко, што е со тие 2 плус што ги изиграл Јоноски, или тие не се релевантни како што не е релевантен и ДИК.

Друго, еве ти што си пишал, да не се изгубиш малце:
Ацо игра едно 20 % од времето шо го игра Велко.

Не беше исклучување во никој случај, повеќе би рекол пробивање. Инаку немаше играно аце прв тим подолго време па изгледа има насобрано баѓи лутина:)

Кога ќе размислам, колкав идиот треба да бидам да ти одговарам со бројки и логики кога очигледно поим си немаш :)
 
И ај после да се дискутира со вас. Во афектна ситуација за да испаднеш во право кажуваш бројки од ракав, како и бројките дека се исти буџетите на Вардар и Металург, и така се вртиме во круг, а постојано ве демантираме со бројки и факти само вие се правите слепи и во афект пишувате работи.

Прво, убаво што знаеш да пресметуваш проценти, ќе ти верувам на процентите, само чисто логички не ми е разбирливо како успеа за 2 саати да прегледаш 9 саати ракомет, или пак 11 саати колку што би траеле тие 9 натпревари со стопирање на време.

Второ, чисто логички, пошто се работи за дефанзивни играчи, од 9 саати ракомет, по твоите пресметки доколку Велко играл постојано не би можел да одигра повеќе од 4,5 саати ако го поделиме времето на напад и одбрана подеднакво.

Трето, упорно го избегнуваш фактот дека Јоноски играл 12 натпревари а Велко 10 натпревари. Ти си ги гледал натпреварите кај што играл Велко, што е со тие 2 плус што ги изиграл Јоноски, или тие не се релевантни како што не е релевантен и ДИК.

Друго, еве ти што си пишал, да не се изгубиш малце:

Кога ќе размислам, колкав идиот треба да бидам да ти одговарам со бројки и логики кога очигледно поим си немаш :)

Значи како што кажав натпреварите ги гледав само во одбрана, гледаш дали играат или не играат премотуваш на следната одбрана. За времето не е битно дали го мерам и во напад или не зошто и да го мерам само во одбрана процентот ќе биди ист, само нема да биди 7 часа спрема 5 туку ќе биди на пример 4 спрема 2,8. На два натпревари од 10 Велко не бил во тимот, а на истите Ацо нема изиграно повеќе од 10 минути, зошто играле Додер и Козлина, додека Велко играл цела утакмица против Горење на гости, а Ацо ја преседал на клупа. Последните 2 3 утакмици во Сеха Ацо не играше заради повреда. Од сумата на овие и уште неколку натпревари од Сеха за кои за жал нема снимки следуваше одговорот што си го цитирал, за кој се трудев да има некаква доза на хумор. Не сум му адвокат на играчиве па да се трудам да бидам безгрешен во нивна одбрана. Вие се фаќате и за најмалата ситница за да докажите дека врска немаме од ракомет.
--- надополнето: 28 март 2013 во 15:55 ---
Море мазго една, ние кога пред 16-17 години почнавме да го следиме организирано РК Вардар, ти не си знаел ракометна топка како изгледа, па сега стигна да кажуваш што било добар ракомет! Што све не трпи оваа земја...

Се надевам ги разбирате овие смешковци, палавковци и.т.н на крајот од речениците. Ако си ги прочитал другите постови сигурно си видел дека овде се декларирам како човек кој има најмало познавање од ракомет од сите останати на подфорумов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom