Сериозна и вистинска алтернатива за ЕУ

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Веб-сајт
nacionalist.blog.com.mk
Многу пати на форумов сите споменуваат дека немаме реална и сериозна алтернатива за ЕУ, некој спомнува Русија, Источни пазари...ама да не се залажуваме, истокот денес го интересира работна сила од 20 долари месечно и подвижни фабрики кои пловат низ океанот за да заштедат данок...

Долго размислував на оваа тема и мислам дека дојдов од едно идејно решение кое мислам дека ќе не оправи и поправи како земја за рекордно време, без да се заебаваме со европски бенчмарци и тоа колку ѓубре има по улицата и дали истото било по ЕУ стандард. И башка нема да имаме пијани ирци кои ќе ни кажуваат дека нашите намери се ирендентистички. Ало, ирци, ИРА, буквално тие го измислија модерниот тероризам.

Што е планот? Прво што треба да се направи е Македонија да се откаже од членството во ЕУ и да се ангажира само за приклучување на шенгенскиот договор, односно отворање на границите со соседите кои, 2 соседи веќе се ЕУ, а другите 2 најверојатно ќе бидат за некоја година, или еве максимум да речеме 10. Со тоа ќе се добие единство во транспортот на стоки и патници, слобода и безцарински увоз/извоз со земјите членки на ЕУ, бидејќи сме и ќе бидеме опкружени со членки на ЕУ па не смееме да бидеме трговско изолирани со истите. Доказ дека ова е возможно и ИСПЛАТЛИВО се Швајцарија (не е членка на ЕУ туку само земја потписник на шенгенскиот договор, опкружена со ЕУ земји и Норвешка која се наоѓа во истата ситуација, и двете земји не се затрупани и закочени со глупава ЕУ администрација и уште 20 други сиромашни членки за кои ќе бидат задолжени да ги хранат, буквално.) Норвежаните и швајцарците сфатија дека ЕУ од 2004 навака е скапа играчка каде колективното собирање на арач пари завршува во корумпираните џебови на бугарските, романските и останатите земји од трет свет кои денес се нарекуваат ЕУ, а искоренувањето на корупцијата и враќање на парите дадени од ЕУ фондовите изгледа невозможно барем засега.

Значи до тука се разбираме. Нема да се разликуваме за ништо од ЕУ, границите нема да постојат, увоз/извоз со ЕУ, нема да имаме кредити за враќање (како Хрватска), нема да зависиме од ЕУРО норми за регистрирање транспортни средства, нема да имаме глупави даноци кои завршуваат во бездната наречена ЕУ бирократија, ќе смееме да си печеме ајвар и ракија пред гранапче со комшии и нема да се малтретираме со закони за чистота кои доаѓаат од европските педофили...

Океј, дотука сигурно се согласуваме, но вашето наредно прашање ќе биде како ќе заработуваме, од што ќе живееме? Одговорот следи...

Она што во моментов и фали на овој дел од Европа (кој за 10тина години ќе биде европеизиран со фабрики, тешка индустрија и еден куп закони, прдење од 8 до 14, после тоа само со дозвола) е Бермуда! Односно, даночен систем и даночни олеснувања како во Бермуда! За оние кои не знаат, Бермуда се рачуна како tax free heaven, односно воопшто и да нема даноци за странски фирми, офшор компании, регистрација на недвижен имот...што посакате тоа го има. Затоа денес, Бермуда е земја со најголем GDP во светот, односно $4.857 милијарди во 2005, или $76,403 per-capita. Ќе речете, епа од каде доаѓаат оволкави пари ебаго, а Бермуда е едвај 53 км квадратни, со едвај 60 илјади луѓе?

Сите светски осигурителни компании се стационирани во Бермуда. Извозот на Бермуда се состои од извоз на услуги, односно осигурителни компании регистрирани таму, дом за офшор компании, инвестирачки фондови и еден мал куп други бизнис ориентирани услуги за кои е потребно преку хартија да бидат заведени во Бермуда, за да одбегнат огромен данок во земји како САД, Русија, Канада. Што всушност се случува? Доколку во САД една компанија мора да плаќа данок од 30-40% како домашна осигурителна фирма, Бермуда нуди да ја регистрира фирмата за 2,3,4 или 5% данок. Истата фирма сеуште си работи во САД, но таа се води како фирма од Бермуда. :) Ем Бермуда добива огромни пари за пичкин дим, ем фирмата има секоја година поголем број на милионери, ем корисниците во САД добиваат поефтина услуга. Сите се среќни и весели.

Бермуда исто така е одлично стратешко место за регистрирање на авиони. Русија на пример своите западни авиони поради големи даноци во Европа, ги регистрира своите авиони во Бермуда и русите избегнуваат огромни даноци со ова. Ништо страшно, авионите никогаш не ни одат во Бермуда, само бирократијата се книжи како авионите да се регистрирани таму. :)

Само од овие две работи што ги спомнав горе Македонија на годишно ниво може да има GDP колку цела Европа без Германија. И тоа за најмногу 5 години од денес. Еве ќе приложам уште една интересна идеја.

Бермуда добива исто така голем прилив на средства од туризам, бидејќи е остров. Македонија реално нема масовни средства да води така голем туризам, ама затоа може да ќари на ова.

ЕУ носи постојано закони и норми за возилата кои се регистрираат во ЕУ, еуро 1, 2, 3, 4 и пол итн, но стана пракса, во одредени региони (а богами ќе почне и по цели држави за скоро) нема да биде возможно да се регистрираат автомобили ако не се Еуро 2 или 3 стандард. Доколку вашата кола е еуро 1 стандард вие нема да можете ниту да ја продадете ниту да ја возите, ќе мора да ја фрлите на отпад, буквално. Тоа се случува во одредени делови на Италија, Франција каде автомобили стари по 6-7 години не ги исполнуваат новите норми донесени од бирократијата и мора да се конвертираат за новите еуро стандарди (чини пари ебаго, не растат на дрво).

Македонија како крстопат помеѓу членки на ЕУ, би можела без проблем (ако не е членка на ЕУ) да овозможи ефтина регистрација на автомобили од ЕУ, така што, граѓаните на ЕУ околу Македонија (и пошироко) за да ги избегнат огромните даноци во нивните матични држави (во франција опел корса 1.3 годишно регистрација е 1400 евра, за рено лагуна 2.0 над 2200 евра годишно!) ќе можат слободно да доаѓаат во Македонија и нивните коли да ги регистрираат овде и да не се секираат за големите износи и даноци на ЕУ ниту пак нормите ЕУРО 5-6 стандард, Македонија може да биде мека за регистрација на било какви автомобили кои ќе се возат во ЕУ. Дури можеме да направиме македонските автомобили да се регистрираат во Амбасадите, абе има пара да тече ко мед, у пичку матер. Истово бугарите го направија со нас и со романците, еден куп коли се возат овде од бугарија дека регистрацијата беше ефтина, а од 2007 регистрацијата во романија станала прескапа и луѓето си ги регистрираа колите во Бугарија. Еднаш читав дека Бугарија дозволила регистрирање на странски возила во Бугарија како партнерство помеѓу бугари и италијани, и еден куп италијани нашле бугари за 10 кебапи да им потпишат дека заедно ја регистрираат колата за некои ебани 100 лева...

Ајде сега ве молам да слушнам само конструктивни коментари, значи нема овде предлози од типот на черчил за курви, стриптизети, хазардери и пијаници, него озбилни предлози кои иднината на оваа земја ќе ја направат балканско монте карло, лихтештајн...

Абе има европјаниве да доаѓаат и да молат за кредити, и пичку матер...
 
Брату,шо да ти кажам..ти го прочитав постов со размислувањава, ми се допаѓа...
Ама и програмата на владата е убава...само да се спроведе до крај..
Односно , ако твоиве “индикатори“ (мислам пресметки...) се точни ,ти предлагам да си формираш политичка партија..или еве кажи да бараме љуѓе да се приклучиме во некоја помала...и да работиме на спроведување на овој курс кој го афирмираш.
Се согласувам дека ни треба алтернатива..
Се согласувам дека мајка русија не е многу заинтересирана за нас и нашите потреби.
Се согласувам дека тешко нова Југославија пошто пак никој не нема корист од нас!
Е сеа..ова: Да бидеме само членови(односно прифаќачи) на шенгенскиот договор - ти е најубав предлог..единствено реално изводлив, ако во наредниот период се соочиме со блокада од комшиве , оваа варијанта си го билда својот процент на веројатност..
Другово /паралела со бермуди....неизводливо - нема шанси такво нешто Македонија да стане...одма триста глупости ке ни направат соседите ако барем само трошка таква политика се надзирне од Македонија, а да ни направат проблеми ич нема да им биде тешко.....нема шанси да дозволат да им бидеме таква конкуренција бидејки во регионов имамае земи чиј натамошен развој е неизводлив ако за брзо непочнат да бидат “мека“ за инвестиции....а со Македонија каква пто ти предлагаш -тие би биле неконкурентни..
Така да....ти кажвам ако сакаш да афирмираме вакви политички потфати-рачунај ме...
Само да знаеш дека неизводливо е ова...со моменталната поставеност на работите во светот!
 
Isven ova


Она што во моментов и фали на овој дел од Европа (кој за 10тина години ќе биде европеизиран со фабрики, тешка индустрија и еден куп закони, прдење од 8 до 14, после тоа само со дозвола) е Бермуда! Односно, даночен систем и даночни олеснувања како во Бермуда! За оние кои не знаат, Бермуда се рачуна како tax free heaven, односно воопшто и да нема даноци за странски фирми, офшор компании, регистрација на недвижен имот...што посакате тоа го има. Затоа денес, Бермуда е земја со најголем GDP во светот, односно $4.857 милијарди во 2005, или $76,403 per-capita. Ќе речете, епа од каде доаѓаат оволкави пари ебаго, а Бермуда е едвај 53 км квадратни, со едвај 60 илјади луѓе?

Сите светски осигурителни компании се стационирани во Бермуда. Извозот на Бермуда се состои од извоз на услуги, односно осигурителни компании регистрирани таму, дом за офшор компании, инвестирачки фондови и еден мал куп други бизнис ориентирани услуги за кои е потребно преку хартија да бидат заведени во Бермуда, за да одбегнат огромен данок во земји како САД, Русија, Канада. Што всушност се случува? Доколку во САД една компанија мора да плаќа данок од 30-40% како домашна осигурителна фирма, Бермуда нуди да ја регистрира фирмата за 2,3,4 или 5% данок. Истата фирма сеуште си работи во САД, но таа се води како фирма од Бермуда. :) Ем Бермуда добива огромни пари за пичкин дим, ем фирмата има секоја година поголем број на милионери, ем корисниците во САД добиваат поефтина услуга. Сите се среќни и весели.

Бермуда исто така е одлично стратешко место за регистрирање на авиони. Русија на пример своите западни авиони поради големи даноци во Европа, ги регистрира своите авиони во Бермуда и русите избегнуваат огромни даноци со ова. Ништо страшно, авионите никогаш не ни одат во Бермуда, само бирократијата се книжи како авионите да се регистрирани таму. :)
 
Дали истата бирократија која ќе осети на своите сметки, ќе дозволи таква оаза да се формира на балканот? Мислам дека ЕУ нема да дозволи такво нешто. Инаку имам приметено дека за Британија ваква зона е Исле оф Ман(и одреден дел од строгиот центар на Лондон), за Пиринејски Полуостров е Андора, за централна европа е Швајцарија (и безданочниот рај Лихтенштајн), за скандинавија е Норвешка, додека за Балканот сеуште нема! Како најголеми играчи на оваа карта ги гледам Црна Гора, Косово и нешто таму што се мати околу Крф. Незнам дали во такво друштво Македонија има место... но...

Размисувањето е супер, само дали гео-политичката сосотојба во блиска иднина ќе го дозволи тоа треба да се чека.
 
Ајде сега ве молам да слушнам само конструктивни коментари, значи нема овде предлози од типот на черчил за курви, стриптизети, хазардери и пијаници, него озбилни предлози кои иднината на оваа земја ќе ја направат балканско монте карло, лихтештајн...

Абе има европјаниве да доаѓаат и да молат за кредити, и пичку матер...

Tesko na vakvo naivno razmisluvanje...da mu se dodade nekoj OZBILEN predlog....vakvi razmisluvanja , pretezno na kafanski masi se stara pojava....sepak toa kurvite na tobacco man se porealni...znaci samo kurvi i svetot e nas..., a gi imame kolku sakas od site vidovi, podvidovi , modeli i izvedbi :)
 
Prvo kurvi i droga a posle offshore poso za offshore treba pari da se podmacka da trgne rabotata
 
Што е планот? Прво што треба да се направи е Македонија да се откаже од членството во ЕУ и да се ангажира само за приклучување на шенгенскиот договор
Ajde be, ko ve ebe vas evropjanci, ne ve vrtam jas vas, ama slusajte vamu: trgnete mi gi onie vizi. Ja majkata. Pickin dim drzava sakas da uslovuvas 500 milioni unija. Eeeee sampione be.
Abe tie te ebat od svi strane be.... ne sakas da dojdes kaj cico EU, e pa sedi si tamu, razladuvaj se vo Vardar i Treska... toa im e moto.
 
Не споредуваш со земји што никогаш не биле во војна, што не се наоѓаат на балкан, и што немаат ни И од нашата историја.
Не сакам да бидам мрчатор, но, глупости.

Географија
Историја
Дипломатија
Безбедност
Одбрана
Економија

читни од се по малце и обиди се повторно со темава :)
 
Ај малце да земеме се во предвид...

Черчил дава алтернатива - Лас Вегас, дрога, курве, турбо фолк, казина. И кај ќе завршиме бе, и мајките ќе ни се продаваат на Е-75. Ебате алтернативата, тури и курот.

Конкритов ко по обичај нема алтернатива, само муда мрчи. За било шо. Е ако де.

Томислав 1978 годиште е уште мал да разбере за шо пишуваме, така...

Кварк. Визите кога-тогаш ќе се тргнат. Доколку ние внатрешно, економски зајакнеме, од интерес на нашите соседи ќе биде да се тргнат границите, односно усвојување на шенгенскиот договор. Моментално, Македонија се однесува како 16 годишен напален тинејџер кој ја брка навидум најубавата девојка од школото, која горе долу се штука со секој втор. Зошто Швицарска и Норвешка не сакаат ЕУ? А ЕУ ги моли со години, не сакаат ни да слушнат. Од интерес на ЕУ е тие да бидат потписнички на шенгенскиот договор (Велика Британија на пример не е, кур не им чуе за отворени граници со ЕУ). Доколку се отргнеме од постојаното молење да бидеме дел од ЕУ и да очекуваме дека проблемите ќе ни ги решат германците а платите ќе ни ги зголемат французите - СМЕ СЕ ЗАЕБАЛЕ. Мораме воденицата да си ја свртиме кон наша полза. На крајот на краиштата, во ниеден случај нема да можеме да бидеме дел од ЕУ доколку не го промениме името и не се откажеме од идентитетот. Нема да биде возможно. На секое наше попуштање (како она во 95) грците само ќе бараат залак повеќе....И нема да има крај на тоа. Значи реално, Македонија НИКОГАШ не може да биде дел од ЕУ како МАКЕДОНИЈА...и како македонци. Дали навистина сакаме да бидеме нешто друго за да бидеме дел од сојуз на поранешни фашисти и нацисти?

АБЦ нуди да направиме нуклеарка, да шиткаме струја и да имаме риби со по 6 очи. Заеби таа глупост.

брн нешто чепна...Во денешниве политики, на надворешен план земји членки можат да држат надвор од сојузи и да стопираат помош која доаѓа од здруженија сојузи и слично..Меѓутоа, како ќе можат, соседите, да ни се мешаат во нашата внатрешна политика на укинување на данок?! Ќе стават тенкови на границите? ќе дојдат овде ќе палат административни тела?! Не заебавајте. Како ќе можат да ни наштетат со тоа што ние административно ќе бидеме тело за регистрирање на фирми? дај размислувајте малку, денес во ова глобално време не може да се прават ујдурми како порано...

Размислете. Сами, сложно, сами свој газди, или ќе се шитнеме на некој да не експлоатира, да носи тешка индустрија овде, да складира медицински и нуклеарен отпад и сето тоа, СО СМЕНЕТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ?!

Нема враќање со играта на грците, 95 беше знамето, па името, па сега идентитетот и јазикот....
 
Научна фантастика да го намалиме данокот на 2-3 посто? Добро, нека е така. Чим немаме маж да го направи тоа, нека си бидеме европски офци...
 
Десетка за трудот.

Идејава и не е којзнае колку реално остварлива, но не е на одмет да се чуе и нешто поразлично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom