Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар тренер?

  • Вкупно гласачи
    33
  • Гласањето ќе се затвори: .
Се е во ред ама пиши си дека си за Милан и затоа не не можеш, не тука Палермо-Шмалермо да освоел. Друго те боли, да не се правиме на Тошо сега :)
Ме боли. Ако не ме боли нема 20 год да ги сакам.
 
Ако нема некои изненадувања, а тешко да ги има, следната сезона ќе има еден огромен фаворит за титула, без озбилна конкуренција.

Не дека Интер, па и Наполи (титулата со Спалети), немаат освојувано убедливо титули, но сега првпат после неколку години, уште пред почетокот на првенството еден клуб ќе е толку огромен фаворит. Не сум сигурен, но можеби Интер е сега поголем фаворит и од 20/21.
 
Објасни.
 
Вака јас кога до chatgpt или Gemini правам муабет. :)

Ај, за,почеток на кратко.

Прво, проекциите се дека нема да има промена во врска со тоа кој ќе игра ЛШ.

Наполи без Конте не ми се озбилни кандидати во борба за титула, Јувентус без ЛШ, а и до новата политика што пробуваат да ја водат, нема да имаат големи инвестиции, Милан го гледаш и сам каков е, а следна сезона треба да игра на два фронта, треба ептен да погоди со трансфери и баењето на Алегри да држи цела сезона.

Додека Интер веќе има стабилен тим, најдобар во Италија, можност да се засилат, со најдобри напаѓачи во лига, кои имаат карактеристики многи важни за Серија А.
 
Рано е сеуште за такви проекции пошто не ни знаеме какво лето ќе имаат сите. Иде тешка сезона после светско ќе има доста повреди и изморени играчи. Тимот кој ќе има најмногу среќа со тие повреди ќе осови. Вака како што стојат стварите моментално по ред фаворити се
1. Интер
2. Наполи
а после нив Милан, Јуве , Рома. Ама пак зависи се од меркатото па да видиме.
 
Вака јас кога до chatgpt или Gemini правам муабет. :)

Ај, за,почеток на кратко.

Прво, проекциите се дека нема да има промена во врска со тоа кој ќе игра ЛШ.

Наполи без Конте не ми се озбилни кандидати во борба за титула, Јувентус без ЛШ, а и до новата политика што пробуваат да ја водат, нема да имаат големи инвестиции, Милан го гледаш и сам каков е, а следна сезона треба да игра на два фронта, треба ептен да погоди со трансфери и баењето на Алегри да држи цела сезона.

Додека Интер веќе има стабилен тим, најдобар во Италија, можност да се засилат, со најдобри напаѓачи во лига, кои имаат карактеристики многи важни за Серија А.
Намерно те пецкам да видам што ќе кажеш. Се ова држи вода ама друже мај месец сме, до август и новата сезона има многу, пред се СП каде може да се случат повреди, потоа трансфери и триста други работи. Не може да знаеме и Интер какво меркато ќе има, башка поучени од претходните сезони не треба да летаме и предвидуваме ништо. Ако глеаш реално Интер требаше да има 6 Скудета по ред, ама нема, така да ништо не може сега да прогнозираме. Втора половина на август да, тогаш веќе ќе имаме горе доле јасна слика за сите клубови и ќе може да даваме прогнози.
 
Секое штрумфовско предвидување искача обратно, доволно е да прочиташ низ наш фан клуб.

Така да мислете му ја следнава сезона сигурно не е ваша.
 
Непријателска пропаганда, што не може да се соочи со вистината. :icon_lol:

Намерно те пецкам да видам што ќе кажеш. Се ова држи вода ама друже мај месец сме, до август и новата сезона има многу, пред се СП каде може да се случат повреди, потоа трансфери и триста други работи. Не може да знаеме и Интер какво меркато ќе има, башка поучени од претходните сезони не треба да летаме и предвидуваме ништо. Ако глеаш реално Интер требаше да има 6 Скудета по ред, ама нема, така да ништо не може сега да прогнозираме. Втора половина на август да, тогаш веќе ќе имаме горе доле јасна слика за сите клубови и ќе може да даваме прогнози.

Па добро, ако одиме така, ова не ни беше прогноза кој ќе освои, туку колку Интер (ќе) е фаворит пред првото коло.

Тоа дека може се да се случи е посебен муабет, но јасно е дека, на пример, Баерн и ПСЖ биле огромни фаворити и пред тие сезони, кога не успеале да освојат.
 
Ако нема некои изненадувања, а тешко да ги има, следната сезона ќе има еден огромен фаворит за титула, без озбилна конкуренција.

Не дека Интер, па и Наполи (титулата со Спалети), немаат освојувано убедливо титули, но сега првпат после неколку години, уште пред почетокот на првенството еден клуб ќе е толку огромен фаворит. Не сум сигурен, но можеби Интер е сега поголем фаворит и од 20/21.

Интер не беше фаворит 20/21
Тогаш Роналдо сеуште играше за Јуве, а го купија и Киеза. Бонучи и Киелини тоа лето ја предводеа Италија на ЕП а и генерално стабилен тим беа до оваа сезона. Квотата за они да освојат била испод 2, додека за Интер околу 3.
Интер освои само затоа што испадна рано во ЛШ. Имавме добар тим тогаш, ама Јуве беше сеуште голем фаворит и они ептен рачунаа на 10та во низа.
 
Ок, значи уште подолг период е во прашање кога по обложувалници имало поголем фаворит.
 
Интер не беше фаворит 20/21
Тогаш Роналдо сеуште играше за Јуве, а го купија и Киеза. Бонучи и Киелини тоа лето ја предводеа Италија на ЕП а и генерално стабилен тим беа до оваа сезона. Квотата за они да освојат била испод 2, додека за Интер околу 3.
Интер освои само затоа што испадна рано во ЛШ. Имавме добар тим тогаш, ама Јуве беше сеуште голем фаворит и они ептен рачунаа на 10та во низа.
Европското 2020, се одржа на крајот на сезоната 20/21.

Инаку да, Интер е единствен конкурент за титулата следната сезона, исто како што е во претходните 5 години.
 
беше*

Досадно ми е, губиме 3-1...
 
Европското 2020, се одржа на крајот на сезоната 20/21.

Инаку да, Интер е единствен конкурент за титулата следната сезона, исто како што е во претходните 5 години.

Знам де, не поминаа 20 години од тогаш а и тоа ЕП секогаш ќе се помни заради Македонија.
Може погрешно се изразив со "летото", ама сакав да кажам дека после неколку месеци откако Интер стана шампион и Италија освои ЕП.
 
Juventus so Spaleti gi gledam kako seriozni konkurenti ramo do ramo so Inter,posebno ako ne izlezat LS sezonava i ako donesat troa podobar golman i da mu trgne na barem eden od napagacite, a ovie drugive (Inter) mislam deka ke sakaat da napraat eden cekor poveke vo Liga na Sampioni od sezonava!
 
Back
На врв Bottom