Serie A 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    73
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Дур вечер самиот Интер не ни го поебе, со реми или стрепење до последна минута откако водиме 2-1 со моќната Венеција.
Не заебавај, ќе ги скршите овие со 3-4 гола.
 
Ја изгледав цела, бледо издание на Наполи како вчера да почнале фудбал да играат сите кај нив. Гасперини го прочитал Конте како селски буквар, сите потези што ги правеа Наполи им завршуваа на 30 метра од голот, еднаш сериозен напад немаа.
 
Време беше да го развали некој 433 форматов на Конте, Милан да не беа ракосани и они имаа шанса да земат бар бод, очекувам сеа пак да враќа на 352 или 343 после фијасково и тоталното надигрување од господинот Гасперсон.
 
Дали ќе биде интересна борбата за титула, зависи само од Интер.

Ако Интер има слична сезона како претходната, сите други има поголеми шанси да останат без ЛШ, отколку да се конкурентни за прво место.
 
Дали ќе биде интересна борбата за титула, зависи само од Интер.

Ако Интер има слична сезона како претходната, сите други има поголеми шанси да останат без ЛШ, отколку да се конкурентни за прво место.
Ама од авион се гледа дека Интер нема да има сезона ко претходната, јер одбраната е швајцарски сир за сега.
 
Дали ќе биде интересна борбата за титула, зависи само од Интер.

Ако Интер има слична сезона како претходната, сите други има поголеми шанси да останат без ЛШ, отколку да се конкурентни за прво место.
И тоа како ќе биде интересно,бродот во Наполи може многу брзо и нагло да почне да тоне,Интер тешко дека ќе ја повторат сезоната од лани но се доста балансиран и компактен тим,Јуве многу малку им фали да кликнат и да проработат, да фатат победничка серија,не ми се верува дека цела сезона ќе редат само реми натпревари.
Да не се заборави и Милан кој во моментов е underdog но очекувам многу брзо амплитудата да отиде нагоре.
Ќе ги пишам и Аталанта тука чисто да ги има.
 
Ама од авион се гледа дека Интер нема да има сезона ко претходната, јер одбраната е швајцарски сир за сега.

Добро, но освен Интер, не верувам дека има друг клуб кој може да се издвои од останатите. Ако некој има шанса за такво нешто, тогаш тоа е Интер.


А сите останати, па дури и Наполи, може да се доведат во ситуација да останат без ЛШ. Фиорентина не верувам да остане до крај во таа борба, но Лацио ако нема проблеми со повреди ќе остане, Аталанта е со години во борба за ЛШ.

Сега и кога ќе размислам, можеби се водам и од моменталната ситуација (и повеќе врз основа на резултати и статистика, отколку што сум ги гледал), но Аталанта делува поозбилно од Милан и Јувентус.
 
Изгледа Рома се посраа со Јуриќ, ќе има голема отприемнина и за него набрзо. :D
 
Со оглед на составите, досега Лацио и Фиорентина се најпријатно изненадување...најлошо Рома
Лацио убодеа со играчите што ги донесоа, оној Таварес лево делува ко прајм бејл од Тотенхем али кога играше лево и подефанзивно малце, не се збори за овој толку, ама од тоа што го гледав сезонава кај нив, пријатно сум изненаден од овој како игра и чудно ми е како до сеа не напраил некоја поасална кариера со оглед дека играл у тимови каде не би требало да има проблем да се наметне. Ќе видиме дали му е ова one season wonder момент или има нешто у играчов што Лацио успеале да го видат а неговите претходни тимови не.
 
Дали ќе биде интересна борбата за титула, зависи само од Интер.

Ако Интер има слична сезона како претходната, сите други има поголеми шанси да останат без ЛШ, отколку да се конкурентни за прво место.
Нема Интер таков квалитет да ја повтори ланската сезона. Лигава ќе биде интересна, типувам на Наполи. Ама не ќе е лошо за промена и Аталанта да лапнат титула :D

А што е филмот во Серија А тимови дома да носат втор/трет дрес?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom