- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.212
- Поени од реакции
- 14.482
Секое лето е така, Милан треба да се бори за ЛШ, ако и толку, ќе се распадне. Не само на форумов, туку и кај новинарите, бившите фудбалери...Зошто го отпишувате Милан не сте ми јасни ниеден од овде.
Ниту навивачите на Милан веруваат, ниту на другите клубови. Традиција бидна и на Рома да и се даваат поголеми шанси.
Мене ми е страв дали ќе го издржат притисокот доколку не тргне добро или имаат некоја криза, затоа што околу клубот е многу токсична атмосфера, претходната ја завршивме со протести на навивачите.
Што се однесува до квалитетот на тимот, а и според мене, новиот тренер би требало да има позитивен ефект, Милан е за преку 80 бодови.
Единствено некоја катастрофална конверзија, се да тргне наопаку, па да не стигнат до таа бројка. Или тоа што пишав за околностите околу клубот.
Кај Јувентус сега го немаш толку тој проблемот со притисокот и други глупости, ако клубот сака да те заштити, нема да бидеш премногу на удар.
Во однос на квалитетот не знам уште, да видиме како што ќе функционира, но тука некаде се, доколку на Јуве му додадеме две нови крила, минус Киеза, а плус Копмејнерс. Ако се земат моменталните состави, тогаш Милан е подобар.
Иако двете засилувања во средниот ред се добри, особено ако се земе квалитетот во лигава. Даглас Луиз е меѓу најдобрите фудбалери во средниот ред во Серија А.
Веројатно таа активност на трансфер пазарот, плус многуте шпекулации за нови трансфери, го прават тој впечаток за Јувентус. Иако после добриот почеток, сега и тие се во проблеми, им избегаа неколку први трансфер цели. Во одбраната не успејаа со Калафиори и тој во Вест Хем што отиде, за крила исто мислам дека сега се на третиот, четвртиот избор.
А и Мота им е плус. Тоа што не е преискусен не значи много за перцепцијата, ако доаѓаш после успешна сезона. Еве Чаби уште лани беше атрактивно име, ова лето е најбаран.
Само за Интер можеш лесно да браниш зошто би бил пред другите, особено ако даваш и значајна предност. Потоа Милан или Јуве, на Наполи и поради Конте му оставаш простор да биде блиску до овие, додека да видиме како ќе ги потрошат тие 100 милиони од Осимен.