Постојат веќе јасни показатели дека живееме во паралелен и сосема погрешен универзум. Гаљардини и Кореа ќе играат финале на ЛШ, на пример. Ио наместо да се буди во некоја палата со поглед на море, да доручкува на јахта со три која од која поубави девојки, се буди во сосема обичен стан, пушта хајлајтс Рома-Салернитана и додека го пие утринското кафе го слуша коментаторот како вика:
Candreva reminded us that he is a brilliant player! Timeless Antonio Candreva!
WTF???
Па си викам штокур, нека го крене Гаљардини ушкото кога сме веќе тука каде што сме, и онака се е испревртено и не се знае кој пие кој плаќа.
Единствено е јасно дека во сите универзуми италијаните се италијани и не можат ни една работа да завршат на време и без да направат калакурница. Ова со казните се решаваше секако само не вака, ама тие го најдоа и начинот и моментот да го направат првенството возбудливо.

Две работи со која јувенташите треба да се помират се дека:
1. Секако ќе бевте казнети со одземање бодови.
2. Не ви менува ништо и да не сте казнети, Чеферин секако ќе ве казни.
Но тоа не го менува фактот дека ова се правеше или на почетокот на првенството или на стартот на новата сезона. Не се прави ова на сред првенство, па земи, па врати, па пак земи...
