Не е офсајд ова, лош е аголот затоа мислиш така, гледај топката каде е батали играчите на Сампа што се понапред.
Иначе за голот на Кетеларе интересна беше ситуацијата зашо го викнаа судијата сам да процени и одлучи дали ќе го признае голот, пошо нели обично за офсајд не го викаат само му јавуваат и он покажува на центар или крева рака за офсајд. Доаѓаме до тоа дека судијата пак може да те оштети чим овие работи ги оставаат на слободна проценка. Не дека беше нешто против Милан ама за мене тоа е офсајд затоа што Жиру влијаеше на играта, уште одма му реков на Урко дека офсајд е заради таа ситуација пошо нели гледаа дали и Кетеларе бил во офсајд, дали играл со рака и дали имаше фаул над Аудеро.
И на Интер-Торино имаше ВАР ситуација при еден дуел на Хакан со играчот на Торино и судијава одма даде црвен ама си ја исправи грешката со ВАР. Исто мое мислење е дека пеналот за Милан во Англија немаше да биде пенал гарантирам со глава и ваквите работи многу ме нервираат, што нема унифицирани критериуми на судење и во сите лиги различно се суди (иначе чист пенал си беше тоа на Жиру). Пример у Бундес може 20 минути прекин да има ради повреда а судијата ТЕОРИЈА НЕМА поише од 3 минути да даде продужение.