Милан доби нов сопственик пред неколку недели, а тој се договараше со луѓето кои ќе бидат одговорни за трансфери до пред неколку часови.
Не беше изведено добро сето тоа, но поради тие работи Милан беше повеќе пасивен од другите.
Може малку ќе претерам, но да ги тргнеме тие што треба да дојдат, затоа што такви ги има и кај Милан (а некои веќе завршија во друг клуб), никој уште нема нешто многу активен пазар, ниту многу потрошено, а особено што за Интер и Јуве се најавува еден голем трансфер во обратен правец, случајно се потрефи да се и двајцата дефанзивци.
Ако збориме за талентирани фудбалери, Милан го има Адли, а му се враќа и Побега.
Што се Асални и бекот од Каљари толку драстично поголеми таленти од нив двајца? Веројатно мислеше на нив. Освен нив, Лукаку и стариот како замена за Хакан, не ми текнува на други трансфери на Интер.
Рома го довела Матиќ, се зборува и за Фратези, но и дека ќе си оди Заниоло.
Милан е најпасивен, но и кај другите уште повеќе е зуење, отколку навистина нешто да се направи, а ќе има и излезни трансфери.
До сега, единствено значаен трансфер, што менува многу и го цементира Интер за прв фаворит е враќањето на Лукаку. И по плата и по реномето и по проблемите на Интер од минатата сезона.
Како ќе изгледа овој потег на подолг рок ќе видиме, но од тоа што изборот падна прво на него, а за Дибала да се види што и како, јасно е дека Интер оди по секоја цена да освои титула наредната сезона, а за потоа што биде.