Прегледај го приврзокот 311542
Aјде другиве, ликови како Стефан-коби и слично, сфаќам. Ниту некогаш читале, ниту разбирале. Не разбирам како вие што ги пишувате тие работи, не се читате самите што пишувате.
Еве, не знам чие е ова. Сериозно, па два часа не поминаа од дискусијата побогу.
Ај веќе ова нема смисла, се влегува во некое касапење и напнувње по секоја цена да се изгура нешто.
Да, пишав за Влаховиќ дека сезонава нема голови од игра, што е факт и не е импресивно. Зарем е? И тука никој не прави споредба со Халанд.
Потоа се надоврзувам на споредбата со Халанд и само пишувам дека по мене тој има поголем капацитет. Е сега, од тоа влечеш индиректно дека неговите голови од пенал биле импресивни, демек и тој има само еден гол во овие неколку кола од игра. Но, воопшто не ни одев во тој правец. На крај, можеби пак ќе распали подоцна Влаховиќ како лани, пишав и за проблемите со раководството и навивачите како оправдување.
Е сега, играл во друг клуб, друга лига и сето тоа придонесело до такви бројки. Не е проблем, спремен сум да прифатам секој аргумент, затоа и барав други мислења. Ни статистика не гледав детално, пишував на основа на некаков впечаток.
Но, дај престанете со водење војни и форсирање расправии по секоја цена.
Јас признавам дека сум промашил за многу фудбалери, може и Влаховиќ да е на ниво на Халанд или и подобар, но може тоа да се каже и без да водиме лични војни, кој е најпаметен. И демек се безгрешни скаути се собрале на Кајгана.
Тоа дека како што пишавте некои дава голови со двете нозе, со глава, добар бил во дриблинг и поминување на неколку противнички фудбалери е битното и сакам да го читам, а не форсирање по секоја цена да се докаже нешто што не држи и не води никаде само што лично ќе се препукуваме.