Како не игра никаква улога кога со тој потег ја отфрли целата ситуација, значи со самото одмавнување со рацете даде до знаење дека самиот тој видел дека нема услови за пенал.
ВАР го викна и отиде да гледа успорени снимки.
Ај објасни баш ме интересира пошто сите критики кон Маријани идат баш на тоа, дека не е очигледна грешка и гледаше успорени снимки.
Најпрво ти праша, цитирам:
„За што е наменет ВАР и дали е точно тоа дека истото се користи за чисти и очигледни грешки на судијата а не за ситуации прикажани во слоу-моушн“
ВАР, согласно протоколот се користи во 4 битни ситуации, кои може да имаат големо влијание врз резултатот на еден меч, а тоа се 1.)Голови, 2.)Црвени картони, 3.)Пенали и 4.) Погрешен идентитет на играч.
За секоја од овие ситуации, има различни начини на кои се решаваат работите, но суштината е една:
ВАР постои за да корегира погрешна проценка на судијата. Никаде во протоколот или правилата не се навлегува дали за да се корегира таа погрешна проценка е потребно еднаш да види снимка, да ја прикажат ситуацијата во успорен, реален или забрзан интензитет или што и да е друго. Постои само поделба на објективни и субјективни ситуации, каде што за објективните (офсајд, топка надвор од терен или сл.), ВАР носи одлука самостојно, а главниот судија без да гледа ја спроведува на теренот.
При субјективните ситуации (како што е пеналот) ВАР судијата,
согласно сопствено убедување дека главниот судија имал погрешна проценка која може да доведе до:
1.) Признавање или непризнавање гол
2.) Доделување или недоделување црвен картон
3.) Досудување или недосудување пенал,
4.) Згрешен идентитет на играч,
самостојно одлучува да го повика судијата да ја провери уште еднаш ситуацијата и да донесе одлука. ВАР судијата во
ниеден случај не е условен од гестикулација на главниот судија на теренот, туку се води врз основа на негова проценка за ситуацијата. Многу важна е нивната комуникација (која ја немаме на увид за оваа ситуација, баш би сакал да ја слушнам) од која ВАР може најмногу да види каде згрешил судијата на теренот.
Е сега, во неделата имавме ситуација која одговара на точка 3. Погрешна проценка на главниот судија која може да доведе до недосудување пенал. Овде ВАР со комплетно право го повика Маријани да ја види ситуацијата, каде што прво му го покажа контактот (ова е многу важно), за да си одлучи Маријани дали е прекршок, а после тоа му ја покажа точната локација (за единствено да потврди дека е внатре во шеснаесетникот). На крајот пак главниот судија си досуди пенал, што е и суштината на ВАР, корегирајќи ја својата првично погрешна проценка.
Твојата најголема дилема е отфрлување со рацете, а по стоти пат ќе кажам дека тоа врз ВАР судијата нема никаков ефект. Замисли старт со 2 нозе за директен црвен, главниот во тој момент инстинктивно одмавнува со раце, вели овде нема ни прекршок, дали тоа значи дека од ВАР не треба да го повикаат? Па токму тоа е ВАР, да го корегира инстантното одлучување, користејќи снимки во зависност од потребата (успорена, забрзана или каква и да е).
Критиките за Маријани од медиумите доаѓаат пред се' од техничка природа. Не мешај правилност на одлука, со начинот на кој е стигнат до неа. На судиите мислам им се сугерира да не прават гестикулации и слично, за да не доведуваат до забуни и протести, а не дека тоа е некаква пречка за ВАР да реагира.
За крај, ако нејаснотијата е дали ВАР имаше право да интервенира во недела, одговорот според правилата е дефинитивно да. Ако нејаснотијата е дали Маријани погреши што направи гестикулација, тогаш пак да. Но, тоа може да придонесе тој да добие пола оценка помалку од контролорот на утакмицата, Скај и критичарите, а никако да ја доведе во прашање легитимноста на решението што го донесоа со неговиот колега пред мониторот.