На сите што сте одушевени од успехот на италијанските клубови и во оваа гледате некој квалитет на лигата, само би ви посакал вашите клубови да бидат вака квалитетни и следната сезона, па ќе видиме дали ќе поминат и групи во ЛШ (нормално доколку се пласираат сега и стигнат до таа "неверојатна" бројка од 67-70 бодови).
Интер и Милан се сигурно полоши од мината сезона, Рома има некаков прогрес, но далеку од очекувањата, повеќе ги вади тоа што другите се лоши. Никој не може да ме убеди дека Интер и Милан не беа поквалитетни мината сезона.
И да се реализираат тие минимални шанси и Милан да освои ЛШ, нема ни малку тоа да влијае на моето мислење.
Ова е резултат на ждрепка (и за ЛЕ, не само ЛШ), а не на квалитет на првенството. А и проблеми во некои други европски клубови, кои што мислам дека побргу ќе ги надминат отколку италијанските клубови, своите проблеми.
Ако не се промени нешто, наредните години само ќе се потсетуваме како ете Пиоли, Инзаги стигнале до завршница во ЛШ, ќе се ситиме на тој што сега ќе изгуби во полуфинале, а можеби и ќе се потсетуваме на чудо (што секако би било убаво за навивачите на тој клуб). Секој клуб е во различни околности, но секој треба да направи добри чекори со кои ќе биде навистина барем блиску до топ клубовите и на тоа ниво ќе остане со години. А ако ништо, барем колку што читав по сите фан клубови и тука во темата, повеќе владее страв дека следната година клубовите ќе бидат послаби, отколку да се фаќа приклучок кон европскиот врв. А има неколку клубови кои веќе следната сезона можат да бидат таму, како Манчестер Јунајтед, Барселона, Арсенал, Барса, Атлетико, Ливерпул и Челзи за две сезони, или можеби Њукасл, не мора сите, но неколку сигурно ќе бидат дел од тие што се на врвот со Сити, Реал, Баерн, ПСЖ.
Колку италијански клубови гледате на тоа ниво за една, две, три сезони?