Знаев дека некој ќе го напише ова, искрено. Види, оној делбој што пишуваше пред некое време во темата за Премиер, не дека немаше поента целосно во критиката за Халанд, туку сакав да го тролам онака.
Халанд во својот тим нема влијание како што има Осимен. Овој е гол-машина, страшен играч, може да натрпа кого сакаш и да постигне 70 гола во сезона. Уште подобар ќе биде, не се сомневам.
И за шпиц тоа е доволно, опис и попис на работно место му е да дава голови.
Е сега Осимен, не е скорер како овој, бидејќи никој нема чувство за гол како Халанд во моментов, ама покрај постигнувањето голови, има некои аспекти во играта негова што се баш страшни. Додуша, прво види ја разноликоста во постигнатите голови на Осимен. Надвор од 16-ник, ќе издрибла неколкумина, ќе одземе топка после извршен пресинг, ќе скокне ненормално при прекин итн. Од никаде ќе создаде сам гол. Халанд не го прави тоа. Чека. Ако му сервираат, ќе те уништи. Ако не му сервираат, ќе изџогира.
Линк-ап плејот му е доста подобар од оној на Халанд, разигрува подобро, фрла соиграчи во добри позиции. Постојано игра пресинг, не ги остава да дишат дефанзивците со тоа долгите ноџишта. Помага и во одбрана солидно.
Не се обидувам да ги споредувам, или да го деградирам Халанд. Никој нормален не би го сторил тоа. Сакам да речам дека импактот што Осимен како шпиц го има врз Наполи е поголем од импактот што Халанд го има врз Сити.
Еве ти, викендов. Сити без Халанд го напакости Ливерпул во дербито. Наполи без Осимен не знаеше каде е излезот од стадионот во дербито со Милан.