Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Ден уназад пред текмата на другарите у групен чет им пишав Наполи ќе им ја пушти, им требаат бодови на Милан ... Стана многу предвидливо Калчово... Јас гарантирам дека во ЛШ и на двата натпревара ќе победи Наполи..
 
Да, ако Халанд игра во Африка.

Знаев дека некој ќе го напише ова, искрено. Види, оној делбој што пишуваше пред некое време во темата за Премиер, не дека немаше поента целосно во критиката за Халанд, туку сакав да го тролам онака.

Халанд во својот тим нема влијание како што има Осимен. Овој е гол-машина, страшен играч, може да натрпа кого сакаш и да постигне 70 гола во сезона. Уште подобар ќе биде, не се сомневам.
И за шпиц тоа е доволно, опис и попис на работно место му е да дава голови.

Е сега Осимен, не е скорер како овој, бидејќи никој нема чувство за гол како Халанд во моментов, ама покрај постигнувањето голови, има некои аспекти во играта негова што се баш страшни. Додуша, прво види ја разноликоста во постигнатите голови на Осимен. Надвор од 16-ник, ќе издрибла неколкумина, ќе одземе топка после извршен пресинг, ќе скокне ненормално при прекин итн. Од никаде ќе создаде сам гол. Халанд не го прави тоа. Чека. Ако му сервираат, ќе те уништи. Ако не му сервираат, ќе изџогира.

Линк-ап плејот му е доста подобар од оној на Халанд, разигрува подобро, фрла соиграчи во добри позиции. Постојано игра пресинг, не ги остава да дишат дефанзивците со тоа долгите ноџишта. Помага и во одбрана солидно.

Не се обидувам да ги споредувам, или да го деградирам Халанд. Никој нормален не би го сторил тоа. Сакам да речам дека импактот што Осимен како шпиц го има врз Наполи е поголем од импактот што Халанд го има врз Сити.
Еве ти, викендов. Сити без Халанд го напакости Ливерпул во дербито. Наполи без Осимен не знаеше каде е излезот од стадионот во дербито со Милан.
 
Другар, едноставно не го разбираш италијанскиот фудбал.. Ова е чист поклон од страна на Наполи, во двомеч дали со или без Осимех, Наполи ќе испадне победник.. Нејсе, од увек си го имале италијаните на ти го дај ми го, еве лично за Јуве ќе ти кажам, Ањели и Жанг (од Интер) си даваа бодови кога им требаа.. Пример, Интер губи 3-2 со пресврт на домашен терен од Јуве, кога највеќе му требаа бодовите за титула пред 3-4 години кога се бореше Јуве со Наполи за титула..
 
20221119_003722.jpg
 
Не можеш врз основа на 2 меча да ги влечеш овие заклучоци. Точен ти е постот горе доле ама на крај заклучокот не може да биде дека Осимен е најдобар напаѓач во Европа сезонава затоа што не е. Сепак примарна работа на напаѓач е да дава голови и тоа е првиот фактор кога се прават анализи и споредби, а Халанд богами сезонава има баш нереални бројки и во ЛШ и во ПЛ. Ете и Хесус беше шпиц што учествува во игра и врши пресинг па не можеше поише од 5 гола да даде во Сити и на крај го продадоа. (Не дека е лош играч, далеку од тоа)
 
Не, тие два меча ги споменав како додаток само. Генерално кога ќе се гледа сезонава, импактот на Осимен врз својот тим, игра и резултати е поголем од оној на Халанд врз својот тим, игра и резултати. Барем според мене.

Овде можеме до друга дебата да дојдеме. Од летово. Зошто Сити зема таков шпиц, кој не е по ќеф на Пеп и по неговата филозофија, кога може било кој во онаа машинерија да дава голови.
Испадна дека и не може било кој баш и дека овој е монструм за голови, точно. Арно ама, ако лани во Сити имаше 12 стрелци и голови доаѓаа од Кансело како инвертиран дефанзивец, Бернардо, Гундоган, Диас, не знам кој, сега тоа не е случај. Играта е премногу конципирана врз Халанд, бројките на негово конто се луди, ама останативе фудбалери на Сити некако статистички не учествуваат толку во играта како лани. Соиграчите регресираат. Апропо, резултатите на Сити се послаби од лани ова време. Испаднаа од еден куп, на добар пат се да изгубат титула од Арсенал.

Не е фер на Халанд да му се препишува состојбата на Сити и падот на формата, односно не е фер само на Халанд, но се поклопуваат некои елементи. Пеп самиот изјави неколку пати дека очекува од Халанд поголема инволвираност во натпреварите.

Не знам, Дрогба не беше некој расен стрелец. Во Премиер лига имаше барем тројца, четворица подобри стрелци од него.
Импактот кој го имаше Дрогба врз тимот и играта навистина беше немерлив и неспоредлив.

Играта на Осимен како главен играч на Наполи, ќе му донесе Скудето на Наполи после 300 години и којзнае што во ЛШ. Тоа е неговиот печат за оваа сезона.
 
Дечко 16 бода е разликата во Серија
За 10 дена играат четврт финале ЛШ, од шо мака да се замараат на небитен меч ?
На Милан овој натпревар му беше маст вин и си го добија.
Наполи си го направи своето одамна, остатокот на сезоната е чиста формалност за нив.
Денес кој беше паметен пари си направи на Милан на онаа квота.
Добро маче не се возбудвај
 
Едно е да пишувате дека сосема поинакви натпревари ќе имаме во ЛШ, но тоа дека не им било битно, тактика било или што ти знам, не ми е воопшто за верување.

Сигурно пред така битен двобој некој сака ваков удар да прими уште и на домашен терен. Особено Наполи, кои демек се Реал Мадрид и ментално нема да им се одразат вакви натпревари, а не екипа која нема ништо освоено и не знаеме како ќе се носи во вакви ситуации.

И против клуб од твоја лига во нокаут фаза е најлошо да играш, а сега плус имаа уште еден натпревар (сега гледам дека РАТМ веќе ви има кажано). Полесно е кога си фаворит против некој друг клуб, а не од твое првенство. А неспорно е дека Наполи е фаворит.
 
Последно уредено:
Хаха абе се читате ли, небитна била :)... Дерби меч небитен, ок. Точно е дека Наполи 99.99% е шампион, ама у ситуација каде им следи двомеч у ЛШ со истиот противник 0 4 и не е баш небитен резултат. Уствари, кој сака бе 0 4 да изгуби, сериозни ли сте?
 
Едно е да не се замараат и да изгубат со небитен резултат како 0:1/1:2, друго е да јадат дебакл пред двобој во ЛШ.

Милан сигурно нема да го повтори резулатов во ЛШ ама ни Наполи ќе може да се опуштат и да играат како до сега.
 
Вчера Наполи пробаа 5 6 различни комбинации како да дојдат до шанса за гол, најблиску беа со непрецизни удари од 30 и повеќе метра.
Со Осимен или без Осимен, оној Лоботка на нивна половина ќе врти како панагија нема да знае кај да ја подаде оти е свесен дека целосно ги прочитаа вчера, како селски буквар.
Би разбрал да беше 1 гол разликата да речам имаат бодови, се штедат, ама ги издоминираа поштено.
Овоа ќе има преголем психолошки товар врз Наполи во двата дуела. Ако не дадат гол против Милан во првите 30 минути ќе почне да ги јаде црвот дека Милан се појаки од нив. Секој пас 3 пати ќе го премислуват да не им се направи контра назад.
Како и да е, со играва вчера најавија многу добар дуел у ЛШ.
 
Другар, едноставно не го разбираш италијанскиот фудбал.. Ова е чист поклон од страна на Наполи, во двомеч дали со или без Осимех, Наполи ќе испадне победник.. Нејсе, од увек си го имале италијаните на ти го дај ми го, еве лично за Јуве ќе ти кажам, Ањели и Жанг (од Интер) си даваа бодови кога им требаа.. Пример, Интер губи 3-2 со пресврт на домашен терен од Јуве, кога највеќе му требаа бодовите за титула пред 3-4 години кога се бореше Јуве со Наполи за титула..

20230329_232112.jpg
 
Кога ги читам фановиве на Јувентус какви потценувачки мислења имаат за италијанскиот фудбал, ко само они да се екипа таму, смеа и тага ме фаќа.
Според клубот и мислењата, криминални, со чесни исклучоци, залутани поштени луѓе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom