Не пишувам поради Милан и што не се договориле со Рома, ниту сум бил многу за негов трансфер во Милан.
Поентата ми е тоа што го пишувам уште кога почна овој циркус, дека Рома не може да води инает до крај, дека е повеќе покажување сила на зборови и ќе мора да бара решение, затоа што не им се исплати да останат и без пари и без првотимец. Не е баш, како што беше преставено, ќе го исфрлат Заниоло од тим, така ќе си го добие заслуженото и готово.
До јуни што и да се случеше, колку и да имаше штета и за Заниоло, а си заслужи, Рома ќе беше во далеку полоша ситуација отколку сега.
Такво силење ретко кој клуб го прави, во Италија веројатно никој. Отидоа доста испод 30 милиони, не ја тераа битката до крај како што најавуваа.
Во Бурнмут, ај да бидеме реални, не би отишле ниту ти и јас да сме на негово место (после прифати само да си ја подобри позицијата, јасно беше дека нема ништо да биде), како што не би го пуштиле во Милан за тоа што нудеа, во директен конкурент за место во ЛШ, да одлучуваме нешто во Рома.
На неколку места видов дека пишуваат 16м плус бонуси или 20 со бонуси, што му доаѓа на исто.
Дали Рома профитирала ќе видиме за брзо време, за психички лабилни личности како Заниоло, не може да се даде проценка. Но, во овој момент, Рома го даде испод очекувањата што ги имаше, а тој отиде во полоша лига од што очекуваше.