- Член од
- 4 октомври 2008
- Мислења
- 384
- Поени од реакции
- 1.299
Значи не е казниво дело ако некој реши да плати 10 милиони евра за Величе Шумуликоски! Можеби ќе ја треснеш три пати главата во ѕид да видиш дали ти се верува, но нема криминал ако еден клуб се согласи да плати на друг клуб играч за кој се бара конкретна сума, колкава сака да е . Значи, нема закон, кој би ги одредил цените на играчите, така да дискреционо право е на клубовите колку си ги проценуваат играчите. Веќе ако решат да има виновници тука, тогаш двата клуба се криви.
Јас и порано викав дека единствено решение наспроти ФФП, е Селари Кап како во НБА. ФФП има огромни недостатоци.
Цените на фудбалерите не може да ги одреди ниту регулаторно тело, ниту никој друг, него клубовите во меѓусебен договор. И не е спорно ако некој анонимус го договориле за 10 милки за да испеглаат финансиски извештаи. Тоа го имаат правено буквално сите клубови во Италија, ете тоа го потврди и тој потпретседателот на ФИГЦ пред некој ден, кој изјави дека ако тоа е казниво дело, тогаш нема да остани клуб што би играл во Италија. Еве на пример, Наполи во 2021 година го продале на Торино Симоне ФАКИНГ Верди за 23 милиони евра. Зињо Ванхуесден од Интер се преселил во Стандард Лиж за 12 милиони евра пред 2-3 сезони. А и на Пинамонти трансферот од 20 милиони евра е малце онака скап.
Многу фама се крева во Италија, добро се познати по тоа. Фрчат прислушкувани разговори, овај вака рекол, онај така рекол, вака напрајл овој, така оној. Нека се покрени обвинение официјално, нека понудат конкретни докази, и кој правел лошо нека си одговара за тоа, независно дали е поединец или клуб.
Така е, и Интер има истоварано еден тон младинци по Џенови и слично за да се израмни пред ФФП, исто како најверојатно и секој друг клуб во Италија, пошто то е еден од малкуте механизми со кои италијанските клубови со мизерните пари од тв права, спонзори и слично можат да се колку толку компетитивни на трансфер пазарот. Токму поради ова што го пишуваш, беа отфрлени обвиненијата пред CONISOC, спортското регулативно тело во Италија.
Е сега, тоа на што упорно се правите удрени е тоа дека поради фактот што Јувентус е publicly traded, истрагава сега, за разлика од таа од пред некој месец, се води пред CONSOB, тело кое се грижи за регулативите на берзата.
Најгрубо поставено, ако Жанг му речи на некој „еј еве купи го Интер, кошта 3 милијарди пошто кај нас игра Зињо Ванхојсден и тој вреди 40 милиони“, ќе му речат само „ти си ненормален“ и никому ништо. Ама бидејќи Јувентус е publicly traded, и за нив како фирма не важат само спортските регулативи, туку и регулативите на берзата, а истовремено генијалното раководство одлучи да ги приложува player registration rights како капитал (нешто што никој друг клуб чии акции се достапни за јавно тргување не го прави, баш поради фактот што реалната вредност на играчите е практично невозможно да се одреди), секој ваков трансфер директно се одразувал на цената на акциите, која со ова била систематски вештачки пумпана и со тоа се прелажани и постоечките и потенцијалните акционери, и нормално дека регулативно тело кое се грижи за берзата ќе реагира на тоа.
Надолго и нашироко имам пишувано за ова во претходната тема, сега немам ни време ни нерви искрено, ама на крајот на денот и само скандалов со платите е доволно голем за сериозни реперкусии, како кон Ањели и остатокот од раководството, така и кон клубот, и тоа е нешто за кое пишуваат и сериозни аналитичари и медиуми, ама ако вам ви е полесно да го толкувате како „кревање фама“, нека биде така.





